Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Предлози за семејно и лично проучување

Предлози за семејно и лично проучување

Предлози за семејно и лично проучување

ВО ПОЧЕТОКОТ на 2009 год., собранијата на Јеховините сведоци направија промена во одржувањето на собраниските состаноци. Наместо трипати седмично, сега се состануваат двапати, а слободната вечер ја користат за семејно или лично проучување. Како е со тебе и со твоето семејство? Дали извлекувате потполна корист од оваа промена?

Некои се прашуваат што да проучуваат на Семејната вечер. Целта на Водечкото тело не е да им одреди на семејствата што да разгледуваат секоја седмица. Секое семејство е различно. Поглаварот треба да ги земе предвид потребите на сопругата и на децата, и да размисли што може најмногу да им помогне на сите. Исто така, оние што не се во брак или, пак, живеат во разделен дом можат сами да одлучат што ќе проучуваат.

Мнозина ја користат оваа вечер за да се подготват за состаноците, но можат да прават и многу други работи. Некои семејства читаат од Библијата или од публикациите и потоа разговараат за прочитаното. Други одглумуваат случки од Библијата, што особено е интересно за помалите деца. Семејното проучување не мора да биде како собраниски состанок каде што се читаат пасуси и се одговараат прашања. Тоа треба да биде време кога сите можат слободно да разговараат и да разменуваат мислења. Опуштената атмосфера придонесува да се водат живи и интересни разговори, и секој да се чувствува пријатно.

Еден татко на три деца напишал: „Најчесто разговараме за она што сме го прочитале од Библијата. Претходно секој ги чита поглавјата што се предвидени за таа седмица, а децата избираат нешто за кое би сакале повеќе да истражуваат. На Семејната вечер тие ни кажуваат што научиле. Мајкл (7) обично ќе направи цртеж или ќе напише неколку реченици. Дејвид (13) и Кејтлин (15) понекогаш пишуваат за некој библиски извештај како да биле очевидци на тој настан. На пример, кога го читавме поглавјето во кое Јосиф им ги толкува соништата на двајца слуги на фараонот, Кејтлин напиша состав како таа да била еден затвореник кој гледал што се случува“ (1. Мој., 40 погл.).

Ова се само некои примери за тоа што може да се прави на Семејната вечер. Секој треба да одлучи што ќе биде од најголема корист за него или за неговото семејство. На следната страница се наведени и други предлози, а најверојатно и самиот имаш некои идеи.

[Рамка/слика на страници 6 и 7]

За семејства со тинејџери:

• Читајте и разговарајте за некое поглавје од Младите прашуваат — делотворни одговори

• Замислете си дека сте живееле во библиско време (Види во Стражарска кула од 15 мај 1996, страница 14, пасуси 17-18.)

• Зборувајте за вашите краткорочни и долгорочни духовни цели

• Одвреме-навреме гледајте и разговарајте за некое од нашите DVD-ја

• Разгледајте ја рубриката „Катче за младите“ во Стражарска кула

За брачни парови без деца:

• Проучувајте ги поглавјата 1, 3, 11-16 од книгата Тајната на семејната среќа

• Читајте и проучувајте некои поглавја од Библијата и разговарајте за она што сте го научиле

• Подгответе се за Собраниското проучување на Библијата или за Проучувањето на Стражарска кула

• Зборувајте за тоа на кој начин би можеле да ја зголемите службата како брачен пар

За оние што не се во брак или живеат во религиозно разделен дом:

• Проучувај ги новите публикации што излегуваат на обласните конгреси

• Читај го Годишникот за оваа или за некоја претходна година

• Побарај ги одговорите на разни прашања што ги поставуваат луѓето во служба

• Подготвувај презентации за служба

За семејства со мали деца:

• Одглумете некои случки од Библијата

• Разгледајте ги игрите на страници 30 и 31 од Разбудете се! или измислете свои игри

• Понекогаш правете нешто креативно (Види ја статијата „Трудот сигурно ќе се исплати!“ во Стражарска кула од 15 февруари 2011, страница 11.)

• Разгледајте ја рубриката „Поучете ги своите деца“ во Стражарска кула