Се сеќаваш ли?
Се сеќаваш ли?
Дали внимателно ги читаше последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:
• Кои три работи можат да ни помогнат да бидеме чесни?
Тоа се: 1) стравот од Бог (1. Пет. 3:12), 2) совест изострена според Библијата, и 3) тоа што ќе бидеме задоволни со она што го имаме (15/4, страници 6-7).
• Иако треба да му служиме на Бог со сериозност, дали тоа значи дека секогаш треба да бидеме строги или да не се забавуваме?
Не. Примерот на Исус ни го потврдува ова. Тој одел на гости и уживал во опуштена атмосфера. Знаеме дека никогаш не бил претерано сериозен или строг. Другите, па дури и децата, се чувствувале пријатно со него и сакале да бидат во негово друштво (15/4, страница 10).
• Што може да направи една брачна двојка ако им се чини дека почнале да се оддалечуваат откако им се родиле децата?
И двајцата треба да си покажуваат дека се сакаат. Мажот треба да се потруди да ја успокои жената кога ќе ѝ се јават чувства на несигурност. Освен тоа, и двајцата треба отворено да разговараат за своите чувства и физички потреби (1/5, страници 12-13).
• Што симболизира маслинката за која се зборува во Римјаните, поглавје 11?
Маслинката го симболизира споредниот дел од потомството на Авраам, односно духовниот Израел. Коренот на оваа симболична маслинка го претставува Јехова, а стеблото го претставува Исус. Кога повеќето родени Евреи го отфрлиле Исус, не-Евреите кои станале верници можеле да бидат накалемени на неа, и на тој начин се пополнил целиот број на споредниот дел од Авраамовото потомство (15/5, страници 22-25).
• Која особено добра вест можеме да им ја кажуваме на сиромашните?
Добрата вест е дека Бог го поставил Исус за Цар. Тој е идеалниот Владетел што ќе ја искорени сиромаштијата. Зошто? Затоа што ќе владее над целото човештво и има моќ да ги промени работите, затоа што е сочувствителен кон сиромашните и може да ја отстрани причината за сиромаштијата — нашата наследна склоност да бидеме себични (1/6, страница 7).
• Што сакал да каже Исус со зборовите „ти самиот го рече тоа“? (Мат. 26:63, 64).
Веројатно, изразот „ти самиот го рече тоа“ бил вообичаен еврејски идиом со кој се потврдувала точноста на некоја изјава. Првосвештеникот Кајафа го прашал Исус дали е Христос, Божјиот Син. Кога одговорил „ти самиот го рече тоа“, Исус потврдил дека навистина е така (1/6, страница 18).
• Дали потомците што можел да ги има Исус како совршен човек биле дел од откупнината?
Не. Иако Исус можел да има милијарди совршени потомци, тие не се дел од откупнината. Совршениот живот на самиот Исус бил соодветна откупнина за она што го изгубил Адам (1. Тим. 2:6; 15/6, страница 13).
• Како христијаните можат да покажат дека го сфаќаат сериозно предупредувањето за лажните учители кое е запишано во Дела 20:29, 30?
Тие не ги примаат дома и не ги поздравуваат лажните учители (Рим. 16:17; 2. Јов. 9-11). Христијаните не читаат литература од отпадници, не гледаат ТВ-програми на кои гостуваат тие и не отвораат веб-страници на кои се изнесени нивните учења (15/7, страници 15-16).
• Кој треба да ги поучува децата за Бог?
Според Библијата, тоа треба да го прават таткото и мајката (Изр. 1:8; Еф. 6:4). Истражувањата покажуваат дека, кога и двајцата родители даваат поука, тоа позитивно влијае врз децата (1/8, страници 6-7).