Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали даваш великодушно и со радост?

Дали даваш великодушно и со радост?

Дали даваш великодушно и со радост?

ПРВИТЕ христијани во Филипи биле познати по тоа што великодушно го поддржувале проповедничкото дело. Во своето послание до нив, апостол Павле напишал: „Кога ќе се сетам на вас, му благодарам на својот Бог во секоја своја сесрдна молитва за сите вас. Радосно ги упатувам своите сесрдни молитви за вас поради вашиот придонес во ширењето на добрата вест од првиот ден до сега“ (Фил. 1:3-5). Павле не заборавил што се случило кога се крстиле Лидија и нејзините домашни. Таа настојувала тој и неговите соработници да престојуваат кај неа за да им укаже гостољубивост (Дела 16:14, 15).

Кратко потоа, христијаните од новооснованото собрание во Филипи двапати му испратиле на Павле материјална помош додека тој престојувал неколку седмици кај соверниците во Солун, на оддалеченост од речиси 160 километри (Фил. 4:15, 16). Неколку години подоцна, додека Филипјаните и другите браќа во Македонија доживувале тешкотии и биле во „крајно сиромаштво“, чуле дека и прогонуваните христијани во Ерусалим се во немаштија, и затоа сакале да им помогнат. Павле посведочил дека тие дале дури ‚и повеќе отколку што биле во можност‘. Сепак, во врска со нив, тој напишал: „Сесрдно нѐ молеа и нѐ преколнуваа да им овозможиме да го приложат својот великодушен дар“ (2. Кор. 8:1-4; Рим. 15:26).

Десетина години откако станале христијани, овие Филипјани сѐ уште покажувале иста дарежливост. Кога чуле дека Павле е затворен во Рим, тие го испратиле кај него Епафродит, кој патувал речиси 1.300 километри по копно и по море за да му однесе материјална помош. Очигледно, Филипјаните сакале да се грижат за потребите на Павле за тој да може и понатаму да ги зајакнува браќата и да проповеда, дури и додека бил в затвор (Фил. 1:12-14; 2:25-30; 4:18).

Денес за вистинските христијани е чест што можат да го поддржуваат делото на проповедање и поучување (Мат. 28:19, 20). Тие го користат своето време, сила и средства за да прават повеќе за Царството. Во рамката подолу се наведени некои начини на кои би можел материјално да приложиш за ова дело што ни го доверил Бог.

[Рамка на страници 22 и 23]

КАКО НЕКОИ РЕШИЛЕ ДА ДАДАТ

ПРИЛОЗИ ЗА МЕЃУНАРОДНОТО ДЕЛО

Мнозина ставаат настрана, односно редовно одвојуваат одредена сума пари и ги пуштаат во кутиите за прилози со натпис: „За меѓународното дело“.

Секој месец, собранијата ги испраќаат овие прилози до подружницата на Јеховините сведоци во нивната земја. Освен тоа, секој може да испрати доброволен паричен прилог и директно до подружницата. Може да се дарува и накит или, пак, други вредни работи. Таквите прилози треба да се испратат со едно кратко писмо во кое се наведува дека станува збор за безусловен подарок.

ДРУГИ НАЧИНИ НА ДАВАЊЕ

Освен парични прилози, кои ќе се користат за службата за Царството низ целиот свет, може да се приложува и на други начини. Тука спаѓаат:

Осигурување: Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да биде именувана како корисник на средствата од полиса за животно осигурување.

Банковни сметки: На Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да ѝ се остават во наследство штедни влогови. Претходно треба да се исполнат сите законски барања за средствата да бидат исплатени од страна на банката.

Хартии од вредност и обврзници: Хартии од вредност и обврзници можат да се дадат на Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница како безусловен подарок.

Недвижен имот: На Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да се подари недвижен имот. Дарителот може да го даде како безусловен подарок или, пак, да го задржи на користење до крајот на животот. За таквиот имот треба да постојат уредни документи за подоцна да може да се продаде. Контактирај со подружницата во твојата земја пред да ѝ препишеш каков и да било недвижен имот.

Тестаменти: Имот или пари можат да бидат оставени во наследство на Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница со законски заверен тестамент.

Ако си заинтересиран за некој од овие начини на приложување, можеш да се јавиш, или телефонски или писмено, на долунаведената адреса.

Адреса:

Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница

П. ф. 800, 1 000 Скопје

Телефон: (02) 3090-580