Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Во која смисла смртта на Божјите лојални е ‚скапоцена во очите на Јехова‘?

▪ Под водство на светиот дух, еден псалмист го рекол следново: „Скапоцена е во очите на Јехова смртта на оние што му се лојални“ (Пс. 116:15). За Јехова е многу скапоцен животот на секој негов верен слуга. Меѓутоа, во овој стих не се зборува за смртта на еден човек.

Кога се држи погребен говор, не е соодветно да се прочита Псалм 116:15 во врска со починатиот, иако му бил лојален слуга на Јехова. Зошто? Бидејќи она што го кажал псалмистот има пошироко значење. Овој стих укажува дека Бог нема да дозволи целата група негови лојални слуги да умрат затоа што ги смета за скапоцени. (Види и Псалм 72:14; 116:8.)

Псалм 116:15 нѐ уверува дека Јехова нема да дозволи неговите лојални слуги како група да бидат збришани од лицето на Земјата. Всушност, нашата современа историја покажува дека веќе сме издржале неволји и прогонства, и јасно потврдува дека Бог никогаш нема да дозволи да бидеме истребени во потполност.

Бидејќи Јехова има безгранична моќ и затоа што неговата намера секогаш се исполнува, тој нема да дозволи да бидеме уништени како група. Кога би дозволил да се случи вакво нешто, тоа би значело дека неговите непријатели се посилни од него, а тоа не е возможно! Тогаш не би се исполнила ни неговата намера Земјата да биде населена со луѓе кои му се верни нему — што исто така е невозможно (Иса. 45:18; 55:10, 11). Всушност, кога на Земјата не би останал ниту еден негов слуга, тогаш би се прекинала службата во земните дворови на неговиот голем духовен храм! Не би имало ни кој да го сочинува темелот на „новата земја“, односно на праведното човечко општество над кое ќе владее ‚новото небо‘ (Отк. 21:1). Освен тоа, над кого ќе царува Христос во своето илјадагодишно Царство ако нема поданици на Земјата? (Отк. 20:4, 5).

Ако Бог би дозволил неговите непријатели да ја збришат целата група од негови слуги на Земјата, тоа би ги довело под знак прашалник неговата положба и неговиот углед. Со тоа би му се нанел срам како на Севишен Господар. Исто така, од почит кон себеси и кон своето име, Јехова нема да дозволи да умрат сите негови лојални слуги како група. Размисли и за ова: Бидејќи кај Бог нема неправда, тој никогаш нема да дозволи да загине целата група луѓе што верно му служат (5. Мој. 32:4; 1. Мој. 18:25). Освен тоа, ако дозволи да бидат уништени сите негови слуги, тоа би било спротивно на она што дал да се запише во неговата Реч. Библијата нѐ уверува: „Јехова нема да го остави својот народ поради своето големо име“ (1. Сам. 12:22). Навистина, „Јехова нема да го остави својот народ и нема да го напушти своето наследство“ (Пс. 94:14).

Колку е утешно што знаеме дека Јеховиниот народ никогаш нема да исчезне од Земјата! Затоа, да му останеме лојални на Бог по секоја цена, со целосна доверба во следново негово ветување: „Никакво оружје направено против тебе нема да успее, и ќе го прогласиш за зол секој јазик што ќе се подигне на суд против тебе. Тоа е наследството на Јеховините слуги и од мене е нивната праведност“ (Иса. 54:17).

[Истакната мисла на страница 22]

Бог нема никогаш да дозволи неговиот народ да биде уништен