„Ми се оствари сонот“
„Ми се оствари сонот“
Пред 15 години, Емилија била општ пионер. Но, морала да прекине со полновремената служба. Во последниве години често размислувала за тој многу убав период од својот живот и сакала повторно да посветува повеќе време во службата.
Меѓутоа, работата ѝ одземала премногу време, а тоа ѝ ја намалувало радоста. Еднаш, пред своите колеги рекла: „Камо да можев да работам пократко!“ Шефицата чула за тоа и ја прашала дали навистина рекла така. Емилија ѝ потврдила. Сепак, такво нешто морало да одобри директорот, бидејќи фирмата барала од своите вработени целосна посветеност и ангажираност. Нашата сестра се подготвила за разговор со директорот и се молела да има мир и храброст.
За време на состанокот, Емилија тактично, но смело, побарала да ѝ се намали работното време. Објаснила дека своето слободно време го користи за да им помага на другите: „Јас сум Јеховин сведок и им помагам на луѓето да дознаат нешто повеќе за Библијата. Денес моралните вредности опаѓаат. Затоа, на луѓето им се потребни јасни морални начела и мерила, а мудрите библиски совети што им ги кажувам многу им користат при донесувањето одлуки. Не би сакала она што го правам во слободното време да ја намали мојата ефикасност на работното место, туку би сакала да имам повеќе време за да им помагам на луѓето. Затоа барам да ми се намали работното време“.
Директорот внимателно ја сослушал и ѝ кажал дека порано и тој размислувал да се зафати со добротворна работа. Потоа ѝ рекол: „Ги сфаќам Вашите причини и затоа ќе го одобрам Вашето барање. Но, јасно ли Ви е дека ќе заработувате помалку?“ Емилија рекла дека е свесна за тоа и дека, ако треба, спремна е да живее и со помалку. Таа додала: „Најголема желба ми е да правам нешто за доброто на луѓето“. Директорот ѝ рекол: „Им се восхитувам на оние што несебично го трошат своето време за другите“.
Дотогаш, никој во таа фирма не работел со скратено работно време. Сега Емилија работи само четири дена во седмицата. На нејзино големо изненадување, добила покачување на платата и заработува исто како претходно! Таа вели: „Ми се оствари сонот и сега повторно можам да бидам општ пионер!“
Си размислувал ли за тоа да направиш промени за да почнеш да служиш како пионер? А ако некогаш си бил пионер, но си морал да прекинеш, можеш ли да служиш повторно?
[Истакната мисла на страница 32]
Директорот ѝ рекол: „Им се восхитувам на оние што несебично го трошат своето време за другите“