Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Нивниот вишок ја покрил немаштијата

Нивниот вишок ја покрил немаштијата

ВО 49 год. од н.е., Петар, Јаков и Јован, ‚кои биле сметани за столбови‘, им дале еден налог на апостол Павле и на неговиот соработник Варнава. Додека им проповедале на незнабошците, тие требало да мислат и на сиромашните христијани (Гал. 2:9, 10). Како ја исполниле оваа одговорност?

Од посланијата на Павле се гледа колку сериозно ја сфатил одговорноста која му била дадена. На пример, тој им го напишал следново на христијаните во Коринт: „Што се однесува до собирањето за светите, правете го и вие истото што им го одредив на собранијата во Галатија. Секој прв ден од седмицата, секој од вас во својата куќа нека става настрана и нека собира колку што може, за да не се собира кога јас ќе дојдам. А кога ќе дојдам, ќе ги испратам оние што ќе ги препорачате со писма, да го однесат вашиот дар во Ерусалим“ (1. Кор. 16:1-3).

Во своето второ послание до Коринќаните, Павле нагласил зошто требало да собираат прилози. Целта била „да дојде до изедначување“, односно нивниот вишок да ја покрие немаштијата на браќата во Ерусалим (2. Кор. 8:12-15).

Околу 56 год. од н.е., кога Павле им пишал на христијаните во Рим, прилозите биле речиси собрани. Тој рекол: „Сега одам во Ерусалим за да им помогнам на светите. Зашто, оние во Македонија и Ахаја со радост собраа помош за светите во Ерусалим, кои се сиромашни“ (Рим. 15:25, 26). Кратко потоа, Павле навистина се вратил во Ерусалим. Иако таму бил уапсен, тој сепак ја исполнил својата одговорност. Тоа го потврдуваат и следниве зборови што подоцна му ги кажал на римскиот управител Феликс: „Дојдов да му донесам на својот народ дарови за сиромашните и да принесам жртви“ (Дела 24:17).

Ставот што го имале христијаните во првиот век јасно се гледа од она што Павле го кажал за Македонците. Тој за нив рекол: „Тие самите сесрдно нѐ молеа и нѐ преколнуваа да им овозможиме да го приложат својот великодушен дар“. Павле ги советувал Коринќаните да го следат нивниот пример. Тој рекол: „Секој нека направи како што одлучил во своето срце, не без волја, ниту со сила, зашто Бог го сака веселиот дарител“. Што ги поттикнало собранијата да бидат толку дарежливи? Тие не сакале само ‚да ги задоволат потребите на светите туку и да дадат поттик за многубројни благодарности на Бог‘ (2. Кор. 8:4; 9:7, 12). И ние можеме да бидеме дарежливи од слични причини. Јехова Бог сигурно многу ќе ја благослови нашата великодушност и несебичност, а неговиот благослов ќе нѐ збогати (Изр. 10:22).

КАКО НЕКОИ РЕШИЛЕ ДА ДАДАТ ПРИЛОЗИ ЗА МЕЃУНАРОДНОТО ДЕЛО

Исто како во времето на апостол Павле, мнозина денес ‚ставаат настрана‘, односно редовно одвојуваат одредена сума пари и ги пуштаат во кутиите за прилози со натпис: „За меѓународното дело“ (1. Кор. 16:2). Секој месец, собранијата ги испраќаат овие прилози до подружницата на Јеховините сведоци која се грижи за нивната земја. Освен тоа, секој може да испрати доброволен паричен прилог и директно до правното тело што го користат Јеховините сведоци во неговата земја. За да го дознаете називот на ова правно тело, ве молиме контактирајте со подружницата која се грижи за вашата земја. Адресата на подружницата може да се најде на интернет-страницата www.pr418.com. Директно можат да се испратат следниве видови прилози:

БЕЗУСЛОВНИ ПОДАРОЦИ

  • Може да се даруваат пари, накит или, пак, други вредни работи.

  • Таквите прилози треба да се испратат со едно кратко писмо во кое се наведува дека станува збор за безусловен подарок.

УСЛОВНИ ДОНАЦИИ

  • Може да се донираат пари со услов да му бидат вратени на давателот доколку му се потребни.

  • Таквите прилози треба да се испратат со едно кратко писмо во кое се наведува дека станува збор за условна донација.

ДРУГИ НАЧИНИ НА ДАВАЊЕ

Освен парични прилози и вреден личен имот, има и други начини на кои може да се приложи за меѓународното дело на Царството. Тие се наведени подолу. Сеедно како сакате да приложите, ве молиме најпрво контактирајте со подружницата која се грижи за вашата земја. Бидејќи законските барања и даночните закони се различни од една до друга земја, важно е да разговарате со даночен или законски советник пред да решите на кој начин ќе дадете донација.

Осигурување: Правното тело што го користат Јеховините сведоци може да биде именувано како корисник на средствата од полиса за животно осигурување.

Банковни сметки: Давателот може да го овласти правното тело што го користат Јеховините сведоци во неговата земја, во случај на негова смрт, да ги наследи паричните средства кои се ставени на неговата банковна сметка. Претходно треба да се исполнат сите законски барања за средствата да бидат исплатени од страна на банката.

Хартии од вредност и обврзници: Хартии од вредност и обврзници можат да се дадат како безусловен подарок на правното тело што го користат Јеховините сведоци во одредена земја.

Недвижнини: На правното тело што го користат Јеховините сведоци во одредена земја може да му се подари недвижен имот. Давателот може да го даде како безусловен подарок или, пак, да го задржи на користење до крајот на животот. За таквиот имот треба да постојат уредни документи за подоцна да може да се продаде.

Тестаменти: Имот или пари можат да бидат оставени во наследство на правното тело што го користат Јеховините сведоци со законски заверен тестамент.

Оние што сакаат да приложат за меѓународното дело на некој од овие начини можат да се обратат до подружницата во својата земја за да ги добијат потребните информации. Таму можат да дознаат како би можеле да дадат прилози сега или, пак, да остават донации преку тестамент. Со овие начини на давање, мнозина помогнале да се извршуваат нашите религиозни и хуманитарни дејности низ целиот свет.

За повеќе информации, можете да контактирате преку писмо или преку телефон со подружницата која се грижи за вашата земја. Подолу се наведени адресата и телефонскиот број на подружницата во Македонија.