Дозволи му на Јехова да те обликува
„Ќе ме водиш со својот совет и потоа ќе ме доведеш до слава“ (ПС. 73:24)
1, 2. а) Што е неопходно за да имаме добар однос со Јехова? б) Како ќе ни користи тоа што ќе разгледаме неколку библиски примери за начинот на кој луѓето реагирале на Божјите совети и опомени?
„МЕНЕ ми е добро да бидам близу до Бог, Севишниот Господар Јехова е моето засолниште“ (Пс. 73:28). Со овие зборови, псалмистот ја изразил својата доверба во Бог. Како дошол до овој длабок заклучок? Некое време пред да го каже ова, тој гледал како злобните живеат во мир и толку бил огорчен што рекол: „Залудно си го исчистив срцето и си ги измив рацете за да покажам дека сум невин“ (Пс. 73:2, 3, 13, 21). Но, кога отишол во „величественото светилиште на Бог“, почнал да гледа поинаку на работите. Тоа му помогнало да го исправи своето размислување и да го зачува својот близок однос со Јехова (Пс. 73:16-18). На тој начин, овој богобојазлив човек научил важна лекција: За некој да остане близок пријател со Бог, мора да биде заедно со неговиот народ, да ги слуша Неговите совети и да ги применува во својот живот (Пс. 73:24).
2 И ние сакаме да имаме близок однос со живиот и вистински Бог. Затоа е многу важно да дозволиме тој да нѐ обликува преку своите совети или опомени за да бидеме личности што го радуваат неговото срце. Во минатото, Бог милостиво им давал можност на поединци и на цели народи да ги прифатат неговите совети и опомени. Нивните примери се запишани во Библијата „за наша поука“ и „како предупредување за нас што живееме на крајот од овој поредок“ (Рим. 15:4; 1. Кор. 10:11). Ако подобро ги разгледаме тие библиски извештаи, ќе можеме да сфатиме како размислува Јехова и какви користи ќе имаме ако му дозволиме да нѐ обликува.
ЈЕХОВА НЀ ОБЛИКУВА КАКО ГРНЧАР
3. Според Исаија 64:8 и Еремија 18:1-6, каква власт има Јехова над луѓето? (Види ја сликата на почетокот од статијата.)
3 Библијата го споредува Јехова со грнчар за Исаија 64:8 пишува: „О Јехова, ти си наш Татко. Ние сме глина, а ти си нашиот Грнчар, и сите сме дело на твоите раце“. Грнчарот може да ја обликува глината како што сака. Таа не може да му каже што да прави со неа. Сличен однос има меѓу човекот и Бог. Човекот нема право да му кажува на Бог како да го обликува исто како што и глината не може да се расправа со грнчарот и да му кажува каков сад да направи од неа. (Прочитај Еремија 18:1-6.)
да опише каква власт има Тој над луѓето и над народите. Во4. Објасни дали Јехова присилно ги обликува луѓето или народите.
4 Во своите постапки со древните Израелци, Јехова покажал дека може да ги обликува луѓето исто како што грнчарот ја обликува глината. Но, во кој поглед Бог сепак се разликува од грнчарот? Јехова им дал на луѓето еден многу скапоцен дар — слободна волја. Тој не постапува со нив како со безживотна глина правејќи ги едните добри, а другите лоши, ниту, пак, ја користи својата власт да ги присили да му бидат послушни. Напротив, луѓето мораат сами да одлучат дали ќе му дозволат на нивниот Творец да ги обликува. (Прочитај Еремија 18:7-10.)
5. Како Јехова ја употребува својата власт над луѓето кога тие не дозволуваат тој да ги обликува?
5 Понекогаш може да се случи глината да стане неупотреблива. Во таков случај, обично грешката е во грнчарот, кој ракувал со неа на неисправен начин. Но, Јехова никогаш не прави грешки (5. Мој. 32:4). Кога некој не му дозволува на Јехова да го обликува, грешката е секогаш во него, а не во Бог. Што се случува кога луѓето одбиваат да ги обликува Големиот Грнчар? Како тогаш Јехова ја употребува својата власт над нив? Па, што се случува кога грнчарот не може да направи одреден сад од глината? Тој може да одлучи да направи друг сад или едноставно да ја фрли! Слично е и со Јехова. Тој го приспособува начинот на кој ги обликува луѓето во зависност од тоа како реагираат на неговите совети и опомени. Тие што реагираат исправно, ги обликува во корисни садови. На пример, помазаните христијани се ‚садови на милосрдноста‘ обликувани за ‚благородна употреба‘. Но, оние што упорно и тврдоглаво му се противат на Бог, на крајот стануваат ‚садови на гневот, кои се подготвени за уништување‘ (Рим. 9:19-23).
6, 7. Како реагирале цар Давид и цар Саул кога Јехова им дал совет?
6 Еден начин на кој Јехова ги обликува луѓето е така што им дава совети или опомени. Можеме да видиме како го прави тоа ако го разгледаме примерот на првите цареви на Израел — Саул и Давид. Кога цар Давид направил прељуба со Витсавеа, тоа имало многу лоши последици и за него и за другите. Јехова не го поштедил од казна иако бил цар. Тој го испратил пророкот Натан да му пренесе една силна порака (2. Сам. 12:1-12). Како реагирал Давид? Тој бил длабоко трогнат и се покајал. Поради тоа, Бог му покажал милост. (Прочитај 2. Самоилова 12:13.)
7 За разлика од Давид, цар Саул не реагирал исправно на советите од Бог. Преку пророкот Самоил, Јехова му дал јасна заповед да ги погуби сите Амаличани и нивната стока. Саул ја прекршил оваа заповед од Бог. Тој го поштедил нивниот цар, Агаг, како и најдобрите животни. Зошто? Една причина очигледно била тоа што сакал да стекне слава за себе (1. Сам. 15:1-3, 7-9, 12). Кога добил совет, Саул требало да послуша и на тој начин да му дозволи на Големиот Грнчар да го обликува. Но, одбил да го стори тоа. Тој ги оправдувал своите постапки и си барал изговор дека она што го направил било дозволено, велејќи дека стоката може да му се жртвува на Бог. Освен тоа, ја потценил сериозноста на советот што му го дал Самоил. Јехова го отфрлил како цар, и Саул никогаш повторно не си го обновил добриот однос со Бог. (Прочитај 1. Самоилова 15:13-15, 20-23.)
БОГ НЕ Е ПРИСТРАСЕН
8. Што учиме од начинот на кој реагирале Израелците кога Јехова сакал да ги обликува?
8 Јехова им давал можност и на цели народи да се променат и да го послушаат. Во 1513 год. пр.н.е., синовите на Израел биле избавени од египетското ропство и склучиле сојуз со Бог. Тие биле негов избран народ и имале посебна чест да бидат обликувани на грнчарското колце на Големиот Грнчар. За жал, продолжиле да го прават она што е зло во Јеховини очи, па дури почнале и да им служат на боговите на околните народи. Секогаш одново Јехова им испраќал пророци да ги вразумат, но Израелците не слушале (Ерем. 35:12-15). Поради нивната тврдоглавост, тие се покажале како сад подготвен за уништување, и Бог строго ги казнил. Асирците го уништиле северното десетплеменско царство Израел, а подоцна Вавилонците го освоиле и јужното двоплеменско царство Јуда. Колку силна поука за нас! Јехова може да нѐ обликува само ако реагираме исправно.
9, 10. Како реагирале Ниневијците на предупредувањето од Бог?
9 Јехова им дал можност и на жителите на Ниневија, престолнината Јона 1:1, 2; 3:1-4).
на Асирија, да го послушаат неговото предупредување. Тој му рекол на Јона: „Стани, оди во Ниневија, големиот град, и објави им осуда на неговите жители, зашто лошотијата нивна стигна до мене“. Ниневија била осудена на уништување (10 Но, кога Јона им ја објавил пораката на осуда, ‚луѓето од Ниневија му поверувале на Бог, па објавиле пост и се облекле во козина, сите, од најголемиот до најмалиот‘. Нивниот цар ‚станал од својот престол и го соблекол своето царско руво, се покрил со козина и седнал во пепел‘. Ниневијците дозволиле Јехова да ги обликува и се покајале. Како резултат на тоа, Бог не го уништил градот (Јона 3:5-10).
11. Која особина на Јехова јасно се гледа во начинот на кој постапил со Израел и со Ниневија?
11 Иако Израелците биле негов избран народ, Јехова не ги поштедил од казна. Од друга страна, Ниневијците не биле во сојуз со Бог, но тој сепак им покажал милост и одлучил да не ги уништи затоа што се покажале како мека глина и му дозволиле да ги обликува. Овие два примера многу јасно покажуваат дека нашиот Бог, Јехова, „не е пристрасен“ (5. Мој. 10:17).
ЈЕХОВА Е РАЗУМЕН И ПРИСПОСОБЛИВ
12, 13. а) Зошто Бог ги менува своите одлуки во зависност од тоа како луѓето реагираат на неговите совети? б) Како на Јехова ‚му паднало жал‘ во случајот со Саул, а како во случајот со Ниневија?
12 Јехова може да ги смени своите одлуки во врска со некои луѓе ако тие ги променат своите постапки. Тоа покажува дека е разумен и приспособлив. Библијата вели дека на Јехова ‚му било жал што го поставил Саул за цар‘ на Израел (1. Сам. 15:11). А за жителите на Ниневија кои се покајале и се вратиле од својот лош пат, Библијата вели: „На вистинскиот Бог му падна жал што им се закани со неволја, и не им ја нанесе“ (Јона 3:10).
13 Хебрејскиот израз кој е преведен со „му падна жал“, всушност, се однесува на промена во ставот или намерата. Во случајот со Саул, Јехова го сменил својот став кон него — најпрво го избрал за цар, а потоа го отфрлил. До оваа промена не дошло затоа што Бог згрешил кога го избрал Саул, туку затоа што овој цар не покажал вера и не му бил послушен. А во случајот со Ниневијците, на вистинскиот Бог му паднало жал во таа смисла што ја сменил својата намера со нив бидејќи се покајале. Колку сме среќни што знаеме дека нашиот Грнчар, Јехова, е разумен, приспособлив и милостив, и спремен да ја смени својата намера кога ќе види дека грешниците се каат и прават промени во своето однесување!
ДА НЕ ГИ ОТФРЛАМЕ СОВЕТИТЕ ОД ЈЕХОВА
14. а) Како Јехова нѐ обликува денес? б) Како треба да реагираме кога Бог нѐ обликува?
14 Денес Јехова главно нѐ обликува преку својата Реч, Библијата, и преку својата организација (2. Тим. 3:16, 17). Зарем не треба да ги прифатиме сите совети или опомени што ги добиваме на ваков начин? Сеедно колку време сме крстени или колку одговорности имаме во организацијата, треба и понатаму да бидеме послушни на советите што ги добиваме од Јехова, и да дозволиме преку нив тој да нѐ обликува во садови за благородна употреба.
15, 16. а) Со какви негативни чувства можеби се борат оние што изгубиле некои одговорности во собранието? Наведи пример. б) Што ќе ни помогне да се справиме со срамот што го чувствуваме ако сме добиле стега од Јехова?
15 Јехова нѐ обликува така што * кој служел како старешина. Тој постапил погрешно кога донел лоша одлука во врска со некои деловни работи, и затоа добил укор од старешинството. Како се чувствувал вечерта кога во собранието било дадено известување дека повеќе не служи како старешина? „Се чувствував безвредно“, вели тој. „Во последните 30 години, имав многу теократски одговорности. Бев општ пионер, служев во Бетел, станав слуга-помошник, а потоа бев именуван за старешина. И, само што го одржав својот прв говор на еден областен конгрес. Но, одеднаш изгубив сѐ. Освен што ме измачуваа чувства на срам, мислев дека за мене веќе нема место во организацијата.“
нѐ поучува или го исправа нашето размислување. Но, понекогаш мора и да ни даде соодветна стега затоа што сме постапиле погрешно. На пример, можеби ќе ни биде одземена некоја одговорна служба во собранието. Да го разгледаме примерот на Денис,16 Денис требало да го исправи погрешното однесување. Но, што му помогнало да се справи со негативните чувства? Тој објаснува: „Бев решен да продолжам со редовните духовни активности. Но, многу ми значеше и поддршката што ја добив од браќата и сестрите, како и охрабрувањето од нашите публикации. Статијата ‚Дали си служел порано? Можеш ли да служиш повторно?‘, која излезе во Стражарска кула од 15 август 2009, беше одговор на моите молитви. Ја доживеав како писмо кое е напишано лично до мене. Најмногу ми значеше следниов совет: ‚Додека сѐ уште немаш додатни одговорности во собранието, труди се да го зајакнеш својот однос со Јехова‘“. Денис извлекол корист од Божјите опомени, и по неколку години повторно станал слуга-помошник.
17. Како може исклучувањето да му помогне на некој што направил грев? Наведи пример.
17 Друг начин како некој може да добие стега од Јехова е така што ќе биде исклучен од собранието. Исклучувањето го штити собранието од лошо влијание и може да му помогне на оној што згрешил духовно да закрепне (1. Кор. 5:6, 7, 11). Роберт бил исклучен речиси 16 години и, за сето тоа време, неговите родители и четворицата браќа не се дружеле со него, ниту, пак, го поздравувале, во склад со упатството од Божјата Реч. Пред неколку години, Роберт бил повторно примен во собранието и оттогаш добро напредува во духовен поглед. Кога го прашале што го поттикнало да се врати кај Јехова и во организацијата, тој одговорил дека многу му помогнало тоа што неговото семејство непоколебливо се држело за библиските упатства. „Ако барем малку контактираа со мене, па дури и ако само ме прашаа како сум, тоа ќе ми беше доволно и најверојатно немаше да чувствувам потреба повторно да му се вратам на Бог.“
18. Каква глина треба да бидеме во рацете на Големиот Грнчар?
18 Можеби нам нема да ни биде потребна таква стега, но треба да размислиме каква глина ќе бидеме во рацете на Големиот Грнчар. Како ќе реагираме кога ќе добиеме некој совет или опомена? Дали ќе го прифатиме советот како Давид или, пак, ќе го отфрлиме како Саул? Големиот Грнчар е нашиот Татко. Никогаш не треба да заборавиме дека „кого Јехова го сака, него и го укорува, како што таткото го укорува синот, кого го сака“. Затоа, ‚да не ги отфрламе Јеховините опомени и нека не ни биде одвратен неговиот укор‘ (Изр. 3:11, 12).
^ пас. 15 Имињата се сменети.