СТРАЖАРСКА КУЛА — ИЗДАНИЕ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ мај 2014

Од ова издание ќе дознаеме на кои три начини можеме да даваме логичен одговор на потешките прашања што ни ги поставуваат во службата и зошто е важно да ѝ останеме верни на Божјата организација.

,Мојата храна е да ја вршам Божјата волја‘

Давид, Павле и Исус Христос сакале да ја вршат Божјата волја. Како може да ја разгориме нашата ревност и покрај тоа што проповедаме на тврдо подрачје?

Како да му одговориме на секој човек?

Како да им помогнеме на луѓето да дојдат до логични заклучоци на темел на Библијата? Дознај на кои три начини можеш да даваш уверливи одговори во службата.

Применувај го Златното правило во службата

Како треба да се однесуваме со секој човек што го среќаваме во службата? Како можеме да ги применуваме Исусовите зборови запишани во Матеј 7:12 додека проповедаме?

ЖИВОТНА ПРИКАЗНА

Јехова навистина ми помагаше

Кенет Литл ни раскажува како Јехова му помогнал да се бори со срамежливоста и со ниската самодоверба. Дознај како Бог го благословил неговиот труд.

Јехова отсекогаш ги организирал своите слуги

Како извештаите за древниот Израел и за христијаните од првиот век ни покажуваат дека Јеховините слуги треба да бидат организирани?

Дали одиш во чекор со Јеховината организација?

Наскоро, во Армагедон ќе биде уништен злобниот свет на Сатана. Зошто е неопходно да ѝ останеме верни на Божјата организација?

ОД НАШАТА АРХИВА

„Има уште многу работа на жетвата“

Над 760.000 Јеховини сведоци им ја пренесуваат добрата вест на луѓето во Бразил. Како Истражувачите на Библијата го започнале делото на проповедање во Јужна Америка?