СТРАЖАРСКА КУЛА — ИЗДАНИЕ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ август 2014

Во ова издание се наоѓаат статиите што ќе се разгледуваат во седмиците од 29 септември до 26 октомври 2014.

Дали добиваш „храна во вистинско време“?

Мораме ли да имаме пристап до сите содржини што ги обезбедува верниот роб за да останеме духовно цврсти?

Каква улога имаат жените во Јеховината намера?

Како се одразила побуната во рајската градина врз мажите и жените? Разгледај ги примерите на некои верни жени од минатото. Исто така, дознај каква улога имаат христијанките во делото на проповедање денес.

Користи ја Божјата Реч затоа што е жива

Сите Јеховини сведоци сакаат да бидат делотворни во службата. Разгледај некои практични предлози за тоа како можеш да ги користиш Библијата и нашите трактати за да започнуваш разговори со луѓето.

Што направил Јехова за да бидеме блиски со него?

Треба да имаме близок однос со Јехова. Дознај како тој ги привлекува луѓето кон себе преку откупнината и преку Библијата.

Секогаш слушај го гласот на Јехова

Дознај колку е важно да го слушаме гласот на Јехова и да имаме близок однос со него. Оваа статија ќе ти покаже како можеш да му се спротивставиш на Сатана и како можеш да се избориш против своите погрешни желби и мисли.

,Врати се и зајакни ги своите браќа‘

Како може еден брат кој порано служел како старешина повторно да ја врши таа одговорност?

Прашања од читателите

Дали Исус го имал на ум воскресението на Земјата кога рекол дека оние што ќе воскреснат „нема да се женат, ниту да се мажат“?

ОД НАШАТА АРХИВА

Драмата „Еурека“ им помогнала на многумина да ја дознаат вистината

Оваа скратена верзија на „Фотодрамата“ можела да се прикажува и во помалите места, дури и без електрична енергија.