СТРАЖАРСКА КУЛА — ИЗДАНИЕ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ ноември 2014

Во овој број се наоѓаат статиите што ќе се проучуваат во седмиците од 29 декември 2014 до 1 февруари 2015.

Воскресението на Исус — од какво значење е тоа за нас?

Четири докази потврдуваат дека Исус воскреснал. Како треба да влијае врз нас тоа што знаеме дека тој е жив?

Зошто мора да бидеме свети

Дали некогаш ти било здодевно да ја читаш библиската книга 3. Мојсеева или, пак, ти била нејасна? Скапоцените поуки од оваа книга можат да ти помогнат да му служиш на Јехова на чист и прифатлив начин.

Мора да бидеме свети во сѐ што правиме

Како 3. Мојсеева ни помага да сфатиме зошто е важно да не ги погазиме библиските начела, да му го даваме нашето најдобро на Јехова и да се храниме со тврда духовна храна?

„Народот чиј Бог е Јехова“

Дали Бог ги прифаќа сите кои му служат искрено, сеедно на која религија ѝ припаѓаат?

„Сега сте Божји народ“

Како можеме да станеме и да останеме дел од Божјиот народ?

Прашања од читателите

Како се именуваат старешини и слуга-помошници во собранијата? Кои се двајцата сведоци од Откровение 11?

ОД НАШАТА АРХИВА

Зората самнува во „земјата на изгрејсонцето“

Куќите на тркала наречени „Јуј“ помогнале да се шири библиската вистина во Јапонија.