Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Може ли едно пресечено дрво да порасне пак?

Може ли едно пресечено дрво да порасне пак?

ВО СПОРЕДБА со величествениот либански кедар, маслиновото дрво, чие стебло е извиткано и полно со јазли, можеби не остава некој посебен впечаток. Но, маслиновите дрвја се необично издржливи и можат да опстојат и во многу тешки временски услови. Се проценува дека некои од нив се стари околу 1.000 години. Разгранетите корења на ова дрво му овозможуваат повторно да порасне дури и кога стеблото му е уништено. Сѐ додека корењата се живи, тоа повторно ќе пушти фиданки.

Верниот Божји слуга Јов бил уверен дека, дури и да умре, ќе живее пак (Јов 14:13-15). За да покаже дека има доверба во Божјата моќ да го воскресне, тој дал споредба со едно дрво, можеби маслиново. Јов рекол: „И за дрвото има надеж. Ако го исечат, ќе потера пак“. Откако ќе падне дожд по некоја голема суша, исушената пенушка на маслинката повторно може да заживее и да „пушти гранки како младо растение“ (Јов 14:7-9).

Исто како што еден земјоделец едвај чека пресеченото дрво повторно да потера пуштајќи гранки, така и Јехова Бог копнее да ги врати во живот и своите слуги и многу други луѓе кои починале (Мат. 22:31, 32; Јован 5:28, 29; Дела 24:15). Колку ќе бидеме среќни кога ќе ги пречекаме нашите најмили кои повторно ќе можат да му се радуваат на животот!