Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Дали внимателно ги читаше последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

Дали христијаните треба да му се молат на Исус Христос?

Не. Исус нѐ поучил да му се молиме на Јехова, и ни дал пример со тоа што самиот му се молел на својот Татко (Мат. 6:6-9; Јован 11:41; 16:23). Затоа и првите следбеници на Исус не му се молеле нему, туку на Бог (Дела 4:24, 30; Кол. 1:3; 1/1, страница 14).

Како можеме секоја година да се подготвиме за одбележувањето на Христовата смрт?

Еден начин е така што редовно ќе го следиме распоредот за читање на Библијата во поврзаност со овој настан. Во тој период би можеле да поминуваме и повеќе време во службата. Освен тоа, може да се молиме и да размислуваме за надежта која ни ја дал Бог (15/1, страници 15-16).

Што се случило со двајцата египетски затвореници кои му ги раскажале своите соништа на Јосиф?

Јосиф му кажал на пехарникот на фараонот дека ќе биде вратен на претходната положба. Но, сонот на пекарот значел дека фараонот ќе нареди тој да биде погубен и обесен на столб. Се исполнило она што Јосиф го кажал и за двата сона (1. Мој. 40:1-22; 1/2, страници 12-14).

Каков неочекуван подарок добиле браќата во Јапонија?

Тие добиле една публикација која го содржи Евангелието според Матеј, препечатено од Преводот Нов свет. Браќата ја нудат во служба, и ја земаат многу луѓе кои не се запознаени со Библијата (15/2, страница 3).

Кои околности во првиот век придонеле да се шири добрата вест?

За време на Римскиот мир немало многу побуни. Првите ученици можеле лесно да патуваат бидејќи имало мрежа од добри патишта. Во многу земји се зборувал грчкиот јазик, и затоа христијаните можеле полесно да им проповедаат на луѓето, па дури и на Евреите кои биле расеани низ целото Римско Царство. Освен тоа, римскиот закон им овозможувал на христијаните да ја бранат добрата вест (15/2, страници 20-23).

Зошто вистинските христијани не слават Велигден?

Исус им заповедал на своите следбеници да ја одбележуваат неговата смрт, а не неговото воскресение (Лука 22:19, 20; 1/3, страница 8).

Зошто во последните години во нашите публикации ретко се зборува за пророчки претслики и нивното исполнување?

Библијата вели дека некои личности послужиле како пророчка претслика за нешто што ќе се исполни во иднина. Еден таков пример е запишан во Галатите 4:21-31. Но, не треба да му придаваме симболично значење на некој извештај кога нема библиска основа за тоа. Сепак, можеме да извлечеме поука од личностите и од настаните кои се спомнати во Библијата (Рим. 15:4; 15/3, страници 17-18).

Зошто еден папирусен фрагмент пронајден во куп ѓубре во Египет е од голема важност?

На почетокот од 20 век, бил пронајден еден фрагмент кој содржи делови од Евангелието според Јован. Тој можеби датира неколку децении откако Јован го напишал своето евангелие. Неговата содржина потврдува дека текстот кој го имаме денес е точно пренесен, што претставува уште еден доказ за веродостојноста на Библијата (1/4, страници 10-11).

Зошто исклучувањето на некој што направил грев и не се кае е израз на љубов?

Библијата зборува за исклучувањето како за строга мерка која може да донесе добри резултати (1. Кор. 5:11-13). Оваа постапка му носи слава на Јеховиното име, го штити чистото христијанско собрание и може да му помогне на грешникот да се вразуми (15/4, страници 29-30).