Продолжи да размислуваш за духовните работи
„Размислувај за тоа, сиот посвети се на тоа, за твојот напредок да им биде видлив на сите“ (1. ТИМ. 4:15)
1, 2. Зошто може да се каже дека човечкиот мозок е нешто посебно?
ЧОВЕЧКИОТ мозок е навистина нешто посебно! На пример, луѓето се способни да учат јазици. Еден професор по лингвистика вели: „Способноста на децата да научат јазик е една од главните обележја на [човекот]“. Благодарение на јазикот, можеме да читаме, да пишуваме, да зборуваме и да го разбереме она што го слушаме. Освен тоа, можеме да се молиме и да му пееме фалби на Јехова. Сето ова нѐ прави поинакви од животните. Научниците сѐ уште не можат во потполност да разберат како мозокот може да ги извршува сите тие зачудувачки работи.
2 Нашата способност да го користиме јазикот е чудесен дар од Јехова (Пс. 139:14; Отк. 4:11). Но, тој ни дал уште еден дар по кој се разликуваме од животните. Ние сме создадени „според Божјиот лик“. Имаме слободна волја и може да одлучиме да го користиме јазикот за да го славиме Бог (1. Мој. 1:27).
3. Кој прекрасен дар ни го дал Јехова за да нѐ направи мудри?
3 На сите оние што сакаат да го слават Творецот на јазикот, Јехова им дал уште еден прекрасен дар — Библијата. Пс. 40:5; 92:5; 139:17). А Јеховините мисли ‚можат да нѐ направат мудри за да добиеме спасение‘. (Прочитај 2. Тимотеј 3:14-17.)
Таа сега е достапна во целост или делумно на повеќе од 2.800 јазици. Кога ги читаме светите списи и размислуваме за нив, нашиот ум се полни со Божји мисли (4. Кога ќе извлечеме најголема корист од длабокото размислување, и кои прашања ќе ги разгледаме?
4 Кога длабоко размислуваме, всушност, се концентрираме и ги насочуваме мислите на одредена работа, сеедно дали е добра или лоша (Пс. 77:12; Изр. 24:1, 2). Најголема корист извлекуваме кога длабоко размислуваме за она што го учиме за Јехова и за неговиот Син, Исус Христос (Јован 17:3). Но, како се поврзани читањето и размислувањето? Во кои прилики би можеле длабоко да размислуваме? И што ќе ни помогне редовно и со уживање да го правиме тоа?
ИЗВЛЕЧИ КОРИСТ ОД ПРОУЧУВАЊЕТО
5, 6. Што може да ти помогне подобро да го разбереш и да го запамтиш она што го читаш?
5 Нашиот мозок може да прави неверојатни работи, понекогаш дури и без да вложуваме свесен напор. На пример, дишењето, одењето, возењето велосипед или слепото чукање на машина се автоматски процеси кои ги правиме без размислување. Во извесна смисла, ова важи и за читањето. Затоа е неопходно свесно да се концентрираме на значењето на она што го читаме. Кога ќе стигнеме до крајот на пасусот или пред да почнеме да читаме нов поднаслов во некоја статија, може да застанеме и да размислиме за она што сме го прочитале за да се увериме дека точно сме го разбрале. Но, ако немаме доволно концентрација, можеби мислите ќе ни одлетаат на нешто друго, и тогаш нема да извлечеме корист од читањето. Како може да го спречиме тоа?
6 Научните истражувања покажуваат дека е полесно да запамтиме нешто кога го читаме наглас. Творецот на нашиот мозок го знае ова. Токму затоа му заповедал на Исус Навин да ја чита книгата на законот „со придушен глас“. (Прочитај Исус Навин 1:8, фус.) Веројатно и самиот ќе увидиш дека, ако ја читаш Библијата наглас, тоа ќе остави посилен впечаток врз твојот ум. Освен тоа, така ќе можеш и подобро да се концентрираш.
7. Во кои прилики би можеле длабоко да размислуваме за Божјата Реч? (Види ја сликата на почетокот од статијата.)
7 Несовршениот човечки мозок има склоност да се префрлува на задачи кои не бараат толку голем умствен напор. Затоа ни е лесно да читаме, но не ни е лесно длабоко да размислуваме бидејќи тоа бара труд и концентрација. Најдобро е да одвоиш време длабоко да размислуваш кога си одморен и на мирно место, каде што нема многу работи кои ќе ти го одвлекуваат вниманието. Псалмистот сфатил дека за него е добро да размислува кога бил буден ноќе (Пс. 63:6). Исус, кој имал совршен ум, знаел колку е важно да си најде мирно место каде што ќе може длабоко да размислува и да се моли (Лука 6:12).
ДОБРИ РАБОТИ ЗА КОИ МОЖЕ ДА РАЗМИСЛУВАМЕ
8. а) За што друго може длабоко да размислуваме освен за Божјата Реч? б) Што чувствува Јехова кога зборуваме за него едни со други?
8 Освен за она што го читаме во Библијата, има и други работи за кои можеме длабоко да размислуваме. На пример, кога ги гледаш прекрасните творби на Јехова, застани за момент Пс. 104:24; Дела 14:17). Јехова обрнува внимание и се радува кога размислуваме, кога му се молиме, и кога зборуваме за него едни со други. Во врска со овие тешки последни денови, во Библијата е запишано следново ветување: „Во тоа време, оние што се бојат од Јехова разговараа еден со друг, секој со својот ближен, и Јехова внимаваше и слушаше. И пред него почна да се пишува книга на сеќавањето за оние што се бојат од Јехова и што размислуваат за неговото име“ (Мал. 3:16).
и размисли. Тоа сигурно ќе те поттикне да го фалиш Јехова за неговата добрина и, ако си во друштво со некој, да ги споделиш тие длабоки чувства на ценење со него (9. а) Каков поттик му дал Павле на Тимотеј? б) Како може да го примениме советот на Павле кога се подготвуваме за служба?
9 Апостол Павле му кажал на Тимотеј да размислува за тоа како неговиот говор, однесување и поучување ќе влијаат врз другите. (Прочитај 1. Тимотеј 4:12-16.) Исто како Тимотеј, и ние може да размислуваме за овие работи. На пример, треба да одвоиме време за размислување додека се подготвуваме да ја проучуваме Библијата со некој интересент. Имајќи ги на ум неговите потреби и околности, добро е да размислиме со кое прашање или споредба би можеле да му помогнеме духовно да напредува. Ако го правиме ова, нашата сопствена вера ќе се зајакне и ќе можеме да ги поучуваме другите многу поделотворно и повоодушевено. Истото важи и за времето што го одвојуваме за да си го подготвиме срцето пред да одиме во служба на подрачјето. (Прочитај Езра 7:10.) Би можеле да прочитаме некое поглавје од библиската книга Дела за уште повеќе да се разгори нашиот жар за службата. Ако длабоко размислуваме за библиските стихови што сакаме да ги користиме тој ден и за публикациите што ќе ги нудиме, уште поревносно ќе проповедаме (2. Тим. 1:6). Добро е да размислуваме за луѓето на подрачјето и за она што ги интересира. Сето ова ќе ни помогне делотворно да ја користиме Библијата кога им сведочиме на другите (1. Кор. 2:4).
10. За кои други добри работи може да размислуваме?
10 Дали понекогаш фаќаш белешки кога има јавно предавање или кога си на некој собир или конгрес? Добро е да одвоиш време да ги разгледаш. Додека го правиш тоа, прашај се: ‚Што научив од Библијата и од Божјата организација?‘ Можеш да размислуваш и за информациите што секој месец излегуваат во списанијата Стражарска кула и Разбудете се!, како и во новите конгресни изданија. Кога ќе прочиташ некое искуство во Годишникот, можеби е добро кратко да застанеш и да размислиш за него. На тој начин ќе дозволиш она што си го прочитал да те допре до срце. Би можел да ги подвлечеш главните мисли или да си правиш белешки на маргините, кои ќе ти помогнат кога се подготвуваш за повторна посета, за пастирска посета или за некој иден говор. Најважно од сѐ, кога застануваш и размислуваш за она што го читаш, дозволуваш информациите да ти влезат во срцето и имаш прилика да му се заблагодариш на Јехова за убавите работи што си ги научил.
РАЗМИСЛУВАЈ СЕКОЈДНЕВНО ЗА БОЖЈАТА РЕЧ
11. За што треба најмногу да размислуваме, и зошто? (Види ја и фуснотата.)
11 Се разбира, најмногу треба да размислуваме за Божјата Реч. Замисли да се најдеш во ситуација кога нема да ти биде дозволено да имаш Библија. * Но, и тогаш никој нема да може да те спречи да размислуваш за она што ти е врежано во мислите како, на пример, твоите омилени стихови и теократските песни (Дела 16:25). Освен тоа, Божјиот дух може да те потсети на добрите работи што веќе си ги научил (Јован 14:26).
12. Наведи пример за тоа како би можел редовно да ја читаш Библијата.
12 Може да одвоиме неколку денови во седмицата за да размислуваме за материјалот од седмичното читање на Библијата во Теократската школа за служба. Други денови може да размислуваме за она што го зборувал и правел Исус. Сигурно се согласуваш дека меѓу најпознатите библиски книги се евангелијата за животот и службата на Исус (Рим. 10:17; Евр. 12:2; 1. Пет. 2:21). Ние имаме и публикација каде што се опишани настаните од неговиот живот по хронолошки редослед. Таа може да ти помогне да извлечеш уште поголема корист кога ќе ги читаш евангелијата (Јован 14:6).
ЗОШТО Е ВАЖНО ДЛАБОКО ДА РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА ДУХОВНИТЕ РАБОТИ?
13, 14. Зошто е многу важно и понатаму да размислуваме за духовните работи, и на што ќе нѐ поттикне тоа?
13 Тоа што длабоко ќе размислуваме за духовните работи може да ни помогне да станеме зрели христијани (Евр. 5:14; 6:1). Ако некој не одвојува многу време да размислува за Јехова и за Исус не може да има силна вера. Таквиот може да си го наруши пријателството со Бог и да биде одвлечен од вистината (Евр. 2:1; 3:12). Исус предупредил дека, ако не ја слушаме, односно прифатиме, Јеховината реч „со чисто и добро срце“, нема да ја ‚задржиме‘. Наместо тоа, лесно може да бидеме „одвлечени од грижите, од богатството и од задоволствата на овој живот“, и нема да ‚донесеме зрел плод‘ (Лука 8:14, 15).
14 Затоа, и понатаму да размислуваме за Божјата Реч. Тоа ќе нѐ поттикне уште повеќе да ги покажуваме особините на Јехова и на тој начин да ја одразуваме неговата слава (2. Кор. 3:18). Зарем има поголема чест од тоа да учиме за нашиот небесен Татко и да ги покажуваме неговите особини во сета вечност? (Проп. 3:11).
15, 16. а) Каква корист извлекува секој од нас ако длабоко размислува за духовните работи? б) Зошто понекогаш е тешко длабоко да размислуваме, но зошто не треба да се откажуваме?
15 Ако продолжиме да размислуваме за духовните работи, вистината ќе гори во нашето срце. Така ќе бидеме извор на охрабрување за браќата и за заинтересираните лица на кои им проповедаме. Ако длабоко размислуваме за најголемиот дар од Бог — откупната жртва на Исус — од срце ќе го цениме нашиот близок однос со Него (Рим. 3:24; Јак. 4:8). Марк од Јужноафриканската Република, кој поминал три години в затвор поради својата христијанска неутралност, рекол: „Длабокото размислување може да се спореди со возбудливо патување. Секогаш кога размислуваме за духовните работи, откриваме нешто ново за нашиот Бог, Јехова. Понекогаш, кога се чувствувам обесхрабрено или сум загрижен за иднината, ја земам Библијата и размислувам за некој стих. Чувствувам дека тоа навистина ме смирува“.
16 Точно, денес има толку многу работи кои можат да ни го одвлечат вниманието што понекогаш е многу тешко да одвоиме време да размислуваме за Библијата. Патрик, еден друг верен брат од Африка, признава: „Умот ми е како поштенско сандаче преполно со секакви информации — и потребни и непотребни — кои мора да ги средувам секој ден. Додека го правам тоа, честопати наидувам на ‚немирни мисли‘, и морам да го молам Јехова во врска со нив пред да почнам со бистар ум да размислувам за духовни теми. Иако ми одзема малку време, ова ми помага да се чувствувам поблизок со Јехова и подобро да ја разберам вистината“ (Пс. 94:19). Оние што ‚секој ден ги истражуваат Писмата‘ и длабоко размислуваат за она што го учат навистина имаат прекрасни благослови (Дела 17:11).
КОГА ДА НАЈДЕМЕ ВРЕМЕ?
17. Кога наоѓаш време длабоко да размислуваш?
17 Некои стануваат рано наутро за да читаат, длабоко да размислуваат и да се молат. Други го прават тоа за време на паузата за ручек, а трети рано навечер или пред да си легнат. Некои уживаат да ја читаат Библијата наутро и повторно пред да си легнат. Така ја ‚читаат дење и ноќе‘, односно редовно (Ис. Нав. 1:8). Многу е важно да си откупуваме време од помалку важните работи за да можеме секојдневно длабоко да размислуваме за Божјата Реч (Еф. 5:15, 16).
18. Што вели Библијата за сите оние што секојдневно размислуваат за неа и се трудат да го применуваат она што го учат?
18 Библијата ветува дека Јехова ќе ги благослови сите кои длабоко размислуваат за неа и кои се трудат да го применуваат она што го учат. (Прочитај Псалм 1:1-3.) Исус рекол: „Среќни се оние што ја слушаат речта Божја и ја држат!“ (Лука 11:28). Но, најважно од сѐ, тоа што секојдневно ќе размислуваме за духовните работи ќе ни помогне да му носиме слава на Величествениот Творец на нашиот чудесен мозок. Така ќе бидеме среќни уште сега, и Јехова ќе нѐ награди со вечен живот во неговиот нов свет (Јак. 1:25; Отк. 1:3).
^ пас. 11 Види ја статијата „Борба за да останеме духовно јаки“ во Стражарска кула од 1 декември 2006.