Што е Божјето Царство?
Што е Божјето Царство?
ЗА ШТО проповедал Исус? Како што кажал и самиот, тој го објавувал Божјето Царство (Лука 4:43). Кога го слушале, луѓето сигурно многупати чуле дека го спомнува тоа Царство. Дали немале поим за што станува збор? Дали го прашале што е тоа Царство? Не. Во евангелијата нема запишано такво прашање. Тогаш, можно ли е тие луѓе веќе од порано да знаеле нешто за Божјето Царство?
Факт е дека древните Списи кои Евреите ги сметале за свети содржеле опис на тоа Царство и откривале со живописни и јасни зборови што е тоа и што ќе постигне. Денес можеме да научиме уште повеќе за Царството речиси на истиот начин — со тоа што ќе ги побараме одговорите во Библијата. Да разгледаме седум вистини во врска со Царството кои се запишани во Библијата. Првите три веќе им биле познати на Евреите што живееле во времето на Исус, а и пред тоа. Другите три ги откриле Христос или неговите апостоли во првиот век. А последната ни стана јасна во нашево време.
1. Божјето Царство е вистинска влада што ќе постои засекогаш. Првото пророштво во Библијата открило дека Бог ќе им испрати спасител на верните луѓе. Овој спасител, кој во пророштвото е наречен „потомство“, ќе им стави крај на сите неволји кои започнале со побуната на Адам, Ева и Сатана (1. Мојсеева 3:15). Многу подоцна, на верниот цар Давид му било кажано нешто многу интересно во врска со ова „потомство“, односно Месијата. Тој ќе владее со едно Царство. Таа влада ќе се разликува од сите други влади и ќе постои засекогаш (2. Самоилова 7:12-14).
2. Божјето Царство ќе им стави крај на сите човечки влади. Во едно видение, на пророкот Даниел му било покажано како ќе се менуваат светските сили во текот на целата историја, сѐ до нашево време. Забележи каква возбудлива завршница имало тоа видение: „Во деновите на тие [последни човечки] цареви, небесниот Бог ќе подигне царство, кое нема никогаш да пропадне. И тоа царство нема да премине на некој друг народ. Тоа ќе ги сотре и ќе ги уништи сите други царства, а самото ќе стои довека“. Значи, сите царства, односно влади на овој свет, како и сите војни, угнетувања и сета корупција, кои се резултат на нивното постоење, ќе бидат уништени засекогаш. Пророштвото на Даниел покажува дека Божјето Царство наскоро ќе завладее над целата Земја (Даниел 2:44, 45). Бидејќи тоа е вистинско царство, ќе остане да постои како единствена влада на Земјата. *
3. Божјето Царство ќе им стави крај на војните, болестите, гладот, па дури и на смртта. Возбудливите пророштва од Библијата ни откриваат што ќе постигне Божјето Царство овде на Земјата. Оваа влада ќе го направи она што не успеале и никогаш нема да успеат да го направат човечките влади. Замисли си, сето воено оружје ќе биде уништено засекогаш! „Ги прекинува војните до крајот на земјата“ (Псалм 46:9). Ќе нема повеќе ни лекари, ни болници, ни какви и да било болести. „Никој од жителите нема да рече: ‚Болен сум‘“ (Исаија 33:24). Ќе нема изгладнетост, недостиг на храна, неисхранетост и никој нема да умре од глад. „На земјата житото богато ќе роди“ (Псалм 72:16). Ќе нема погреби, бдеења, гробишта, мртовечници и ќе ја нема болката што ја носат тие. Смртта, нашиот безмилосен непријател, конечно ќе биде уништена. Бог „ќе ја уништи смртта засекогаш и Севишниот Господар Јехова ќе ги избрише солзите од секое лице“ (Исаија 25:8).
4. Владетелот на Божјето Царство е избран од Бог. Месијата не се поставил самиот себеси за Владетел ниту, пак, бил избран од несовршени луѓе. Тој е избран лично од Јехова Бог. На ова укажуваат и самите називи Месија и Христос. И двата збора значат „Помазаник“. Значи, овој Цар е помазан, односно поставен на посебна положба од Јехова. Во врска со него, Бог вели: „Еве го мојот слуга, кого го поддржувам, мојот избраник, кој е по волја на мојата душа! Во него го ставив својот дух, тој ќе им донесе правда на народите“ (Исаија 42:1; Матеј 12:17, 18). Има ли некој што знае подобро од нашиот Творец каков Владетел ни е потребен?
5. Кога бил на Земјата, Владетелот на Божјето Царство докажал дека е достоен за таа положба. Исус од Назарет покажал дека е проречениот Месија. Тој бил роден во семејната лоза што ја избрал Бог (1. Мојсеева 22:18; 1. Летописи 17:11; Матеј 1:1). Кога бил на Земјата, на него се исполниле многу пророштва за Месијата што биле запишани со векови пред тоа. Исто така, бил даден знак од небото дека тој е Месијата. Каков знак? Па, лично Бог зборувал од небото и рекол дека тоа е Неговиот Син. И ангелите укажале на Исус како на проречениот Месија, а и самиот тој правел чуда со помош на силата што ја добивал од Бог, и тоа честопати пред очите на стотици, па дури и на илјадници очевидци. * Исус покажал одново и одново каков Владетел ќе биде. Тој не само што имал моќ да им помага на луѓето туку имал и желба да го прави тоа (Матеј 8:1-3). Бил несебичен, сочувствителен, храбар и понизен. Сите можеме да го читаме во Библијата извештајот за неговиот живот на Земјата.
6. Во Божјето Царство, 144.000 лица ќе владеат заедно со Христос. Исус рекол дека и други лица, меѓу кои биле и неговите апостоли, ќе владеат на небото заедно Лука 12:32). Подоцна на апостол Јован му било кажано дека ова мало стадо ќе се состои од вкупно 144.000 лица. Тие ќе имаат многу интересна задача на небото — ќе владеат како цареви и ќе служат како свештеници заедно со Христос (Откровение 5:9, 10; 14:1, 3).
со него. Тој ја нарекол оваа група „мало стадо“ (7. Божјето Царство, кое сега владее на небото, е подготвено да завладее и со целата Земја. Токму ова е највозбудливото нешто за нас. Библијата содржи мноштво докази дека на Исус му е дадена царска власт на небото. Тој веќе владее таму сега, во нашево време, а наскоро ќе започне да владее над целата Земја и ќе ги исполни величествените пророштва што веќе ги спомнавме. Но, како можеме да бидеме сигурни дека Божјето Царство владее сега? И кога ќе започне да владее над Земјата?
[Фусноти]
^ пас. 5 Ваквите пророштва покажуваат дека Божјето Царство не е нешто во нашето срце, како што биле поучени мнозина. Види ја статијата „Читателите прашуваат“, на 13. страница.
^ пас. 8 На пример, види ги стиховите во Матеј 3:17; Лука 2:10-14; Јован 6:5-14.