Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Кој е способен да владее со човештвото?

Кој е способен да владее со човештвото?

Специјално предавање

Кој е способен да владее со човештвото?

Кој владетел може...

• да ги реши економските проблеми, да обезбеди изобилство храна и одлични станбени услови за сите луѓе?

• да ги спречи природните катастрофи за да ги поштеди луѓето од цунамија, урагани или од земјотреси?

• да ги отстрани сите болести, па дури и да им ја врати младешката сила на постарите?

• да им стави крај на војните и да им овозможи на луѓето да живеат во мир и сигурност?

• да ја обнови еколошката рамнотежа во природата и да ја претвори планетата во рај?

Постои само еден Владетел кој може да ги постигне сите овие прекрасни работи. Кој е тој? На тоа прашање ќе биде одговорено во предавањето со наслов: „Кој е способен да владее со човештвото?“ Ова библиско предавање ќе биде одржано низ целиот свет, во преку 230 земји. Во повеќето места, тоа ќе се одржи во Салите на Царството на Јеховините сведоци во недела, на 6 април 2008 год. Сведоците од твоето место со задоволство ќе ти кажат во колку часот и на која адреса. Срдечно си поканет да дојдеш и да го чуеш.