Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Име што не смее да се изговори“?

„Име што не смее да се изговори“?

„Име што не смее да се изговори“?

ВИСОК 192 метри, речниот мост Гејтвеј Арч во Сент Луис (Мисури) е највисокиот споменик во Соединетите Американски Држави. На едниот крај од мостот се наоѓа една не толку висока црква, наречена Старата катедрала.

Во описот на архитектонските обележја на тремот на оваа црква, во брошурката Приказната за Старата катедрала (The Story of the Old Cathedral), издадена од црквата, стои: „Врвот на портикот е украсен со прекрасен триаголник во чиј центар е изгравирано со големи, позлатени хебрејски букви Божјето име што не смее да се изговори“. Како што покажува фотографијава, јасно можат да се видат четирите хебрејски букви יהוה (ЈХВХ), односно тетраграмот, со кој е претставено Божјето име.

Во 1834 год., кога била изградена катедралата, луѓето од бискупијата Сент Луис сигурно мислеле дека името што се крие зад четирите хебрејски букви треба да биде ставено на истакнато место. Тогаш, зошто Божјето име ‚не смеело да се изговори‘?

Во една католичка енциклопедија е објаснето што се случило набрзо откако Евреите се вратиле од вавилонското ропство во 6 век пр.н.е. Во неа пишува: „На името Јахве [тетраграмот со додадени самогласки] почнало да се гледа со посебна почит, и станало обичај да се заменува со зборовите АДОНАЈ [Господар] или ЕЛОХИМ [Бог]... Со текот на времето, овој обичај придонел да се заборави точниот изговор на името Јахве“ (New Catholic Encyclopedia). Така, луѓето престанале да го употребуваат Божјето име. На крајот, точниот првобитен изговор паднал во заборав и престанал да се употребува.

Иако не можеме со сигурност да знаеме како точно се изговарало Божјето име, најважно е тоа што, ако го користиме, ќе можеме да се зближиме со Бог. Би сакал ли твоите пријатели да те нарекуваат „господине“ или „госпоѓо“, или помило ти е да ти се обраќаат со твоето лично име? Дури и ако зборуваат на друг јазик и не го изговараат твоето име сосема исправно, ти сепак ќе сакаш да ти се обраќаат по име, зар не? Истото важи и за Бог. Тој сака да го користиме неговото лично име, Јехова.

На македонски јазик општо е познат изговорот „Јехова“. Зар не би било на место сите што го сакаат Бог да му се обраќаат со неговото лично име, и така да се зближат со него? Во Библијата пишува: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“ (Јаков 4:8).