Дали го познаваш својот небесен Татко?
Дали го познаваш својот небесен Татко?
КОЛКУ го познаваш својот татко? Можеби ова прашање ќе ти звучи чудно ако си пораснал во семејство во кое владеела љубов, па затоа ќе речеш: ‚Секако дека добро го познавам!‘ Повеќето луѓе добро знаат што сака и што не сака нивниот татко, како реагира во извесни ситуации и колку се грижи за семејството.
Сепак, можеби имало ситуации кога си се изненадил од некоја сосема неочекувана реакција на својот татко. На пример, синот можеби го знае својот татко како тивок и мирен човек — сѐ додека не се случи нешто непредвидено. Одеднаш, ќе го види како решително и цврсто го штити своето семејство.
А колку добро го познаваме нашиот Творец? За него во Библијата пишува: „Преку него имаме живот и се движиме и постоиме“ (Дела 17:28). Бог ни го дал животот, и во таа смисла тој им е Татко на сите луѓе (Исаија 64:8). Можеби и ти го сметаш Бог за свој Татко, и тоа е сосема на место. Меѓутоа, за него треба да дознаеме и да откриеме уште многу други работи, а тоа ќе биде за наше добро и така ќе бидеме посреќни.
Колку го сакаш и колку го почитуваш својот татко зависи од тоа колку добро го познаваш. Слично е и со Бог — колку подобро ќе го запознаеш толку поблизок ќе бидеш со него. Бог може да ти помогне да ги пребродиш проблемите и тешкотиите во животот ако добро го запознаеш и ако научиш да ја вршиш неговата волја.
Каква личност е Бог? Какви чувства би можеле да се родат во тебе кога ќе дознаеш какви особини има тој? Откако ќе го запознаеш, дали имаш некакви одговорности? Одговорот на овие прашања ќе го најдеш во следната статија.
[Истакната мисла на страница 3]
Колку подобро ги познаваш другите толку повеќе ги сакаш