Јосија решил да го прави она што е добро
Поучете ги своите деца
Јосија решил да го прави она што е добро
ШТО мислиш, дали е лесно да се прави она што е добро? a — Ако речеш „не е лесно“, со тебе ќе се согласат повеќето луѓе. Дури и на возрасните им е тешко да го прават она што знаат дека е добро. Да видиме зошто на Јосија му било особено тешко да донесува исправни одлуки. Знаеш ли кој бил тој? —
Јосија му бил син на Амон, кој бил цар на Јуда. Амон имал само 16 години кога му се родил Јосија. Амон бил многу лош, исто како татко му, царот Манасија. Всушност, Манасија бил многу злобен владетел кој царувал долги години. Но, Асирците го заробиле и го одвеле во далечниот Вавилон. Додека бил во затвор, Манасија го молел Јехова за прошка, и Јехова му простил.
Кога бил ослободен, Манасија се вратил во Ерусалим и повторно станал цар. Веднаш ги исправил лошите работи што ги направил и им помогнал на луѓето да му служат на Јехова. Сигурно бил тажен што неговиот син Амон не го следел неговиот добар пример. Некаде во тоа време се родил Јосија. Библијата не кажува колку се гледал Манасија со својот внук Јосија. Но, зар не мислиш дека Манасија се обидел да му помогне да му служи на Јехова? —
Кога Јосија имал само шест години, Манасија умрел и наместо него цар станал Амон, татко му на Јосија. Амон владеел само две години, бидејќи неговите слуги го убиле. Затоа Јосија станал цар на Јуда кога имал осум години (2. Летописи, 33. поглавје). Што мислиш, што се случило тогаш? Дали Јосија решил да го следи лошиот пример на својот татко, Амон, или добриот пример на својот дедо Манасија, кој се покајал? —
Иако бил мал, Јосија одлучил да му служи на Јехова. Затоа, ги слушал оние што го сакале Јехова, а не пријателите на неговиот татко. Јосија имал само осум години, но знаел дека е добро да ги 2. Летописи 34:1, 2). Сакаш ли да знаеш нешто за луѓето што му давале совети на Јосија и му биле добар пример? —
слуша оние што го сакаат Бог (Врз Јосија имал добро влијание пророкот Софонија. Тој му бил роднина на Јосија, бидејќи најверојатно бил потомок на добриот цар Езекија, кој му бил татко и на Манасија. Во првите години од царувањето на Јосија, Софонија ја напишал библиската книга што го носи неговото име. Тој однапред кажал кои лоши работи ќе им се случат на оние што решиле да не го прават она што е добро, а Јосија ги послушал тие опомени.
Во тоа време живеел и Еремија, за кого веројатно веќе имаш чуено. Еремија и Јосија растеле близу еден до друг. Под водство на Јеховиниот свет дух, Еремија ја напишал библиската книга која го носи неговото име. Кога Јосија загинал во една битка, Еремија напишал една песна, наречена тажачка, за да ја изрази својата длабока болка (2. Летописи 35:25). Можеме да си замислиме колку се храбреле еден со друг да му останат верни на Јехова!
Што мислиш, што можеме да научиме од животот на Јосија? — Ако и твојот татко не му служи на Јехова, има ли некој друг што би можел да ти помогне подобро да го запознаеш Бог? Можеби мајка ти, баба ти, дедо ти или некој друг роднина. Тоа би можел да биде и некој што му служи на Јехова, некој со кого ќе ја проучуваш Библијата со дозвола на мајка ти.
Како и да е, иако Јосија бил само дете, тој бил доволно голем за сфати дека треба да се дружи само со оние што му служат на Јехова. Дружи се и ти со такви пријатели и реши да го правиш она што е добро!
[Фуснота]
a Ако читаш со деца, долгата црта значи дека треба да запреш и да ги пуштиш децата да одговорат на прашањето.
Прашања:
○ Кои му биле татко и дедо на Јосија, и какви луѓе биле тие?
○ Каква промена во животот направил дедо му на Јосија?
○ Кои се имињата на двајцата пророци што влијаеле добро врз Јосија, и зошто мислиш дека е важно да имаме такви пријатели?
[Слики на страница 25]
На кој начин Софонија и Еремија му помогнале на Јосија да го прави она што е добро?