Кој е Бог?
Кој е Бог?
КАКО би одговорил на ова прашање? Некои сметаат дека добро го познаваат Бог и го чувствуваат како близок пријател. За други, пак, Бог е како некој далечен роднина. Веруваат дека постои, но не знаат многу за него. Ако веруваш во Бог, како би одговорил на следниве прашања?
1. Дали Бог е личност?
2. Дали има име?
3. Дали Исус е Семоќен Бог?
4. Дали Бог се интересира за мене?
5. Дали Бог ги прифаќа сите религии?
Ако им ги поставиш овие прашања и на други, веројатно ќе добиеш различни одговори. Затоа, не е никакво чудо што се рашириле различни измислици и погрешни сфаќања за Бог.
Зошто е важен одговорот
Додека разговарал со една побожна жена крај еден бунар, Исус Христос нагласил дека треба да се знае вистината за Бог. Оваа жена, која била Самарјанка, го прифатила фактот дека Исус бил пророк. Но, нешто ја мачело. Религијата на Исус била поинаква од нејзината. Кога кажала што ја мачи, Исус отворено ѝ рекол: „Вие го почитувате она што не го познавате“ (Јован 4:19-22). Со ова Исус јасно покажал дека сите побожни луѓе не го познаваат Бог во вистинска смисла на зборот.
Јован 4:23). Дали си меѓу оние што го почитуваат Бог „со дух и со вистина“?
Но, дали Исусовите зборови значат дека никој не може вистински да го запознае Бог? Не. Понатаму Исус ѝ рекол на жената: „Вистинските поклоници ќе му оддаваат почит на Таткото со дух и со вистина, зашто Таткото бара такви да го почитуваат“ (Многу е важно да го дознаеш одговорот на ова прашање. Зошто? Исус истакнал дека треба добро да го запознаеме Бог кога се молел: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3). Твојата иднина и твојот вечен живот многу зависат од тоа дали ја знаеш вистината за Бог!
Дали е навистина можно да ја дознаеш вистината за Бог? Да, можно е! Но, како? Еве што рекол Исус за себеси: „Јас сум патот и вистината и животот. Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку мене“ (Јован 14:6). Исто така, тој рекол: „Никој не знае кој е Таткото, освен Синот и оној кому Синот сака да му го открие“ (Лука 10:22).
Значи, за да го запознаеме Бог, треба да дознаеме за што поучувал Исус Христос, Божјиот син. Всушност, Исус ни ветува: „Вие ќе бидете Мои вистински ученици, ако се придржувате до Моето учење. Тогаш ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:31, 32, Радосна Вест).
Според тоа, како би одговорил Исус на петте прашања што ги поставивме во почетокот?
[Слика на страница 4]
Дали му служиш на еден Бог што не го познаваш?