Јоас го оставил Јехова поради лошото друштво
Поучете ги своите деца
Јоас го оставил Јехова поради лошото друштво
БИЛО многу тешко време во Ерусалим, градот во кој се наоѓал Јеховиниот храм. Штотуку бил убиен цар Охозија. Тешко е дури и да се замисли што направила тогаш неговата мајка, Готолија. Наредила да се убијат синовите на Охозија, кои биле нејзини внуци! Знаеш ли зошто? — * За да владее таа наместо некој од нив.
Меѓутоа, едно од внучињата на Готолија, бебето Јоас, било спасено без знаење на баба му. Сакаш ли да дознаеш како? — Па, бебето имало една тетка што се викала Јосавеа, и таа го скрила во Божјиот храм. Успеала да го направи тоа затоа што нејзиниот маж бил првосвештеникот Јодај. Тие заедно го чувале Јоас на сигурно.
Шест години го криеле во храмот. Таму учел сѐ за Јехова Бог и за Неговите закони. Но, кога Јоас наполнил 7 години, Јодај сакал да го направи цар. Сакаш ли да чуеш како успеал во тоа и што се случило со баба му на Јоас, злобната царица Готолија? —
Јодај тајно ја свикал телесната стража што во тоа време ги штитела царевите во Ерусалим. Им кажал како тој и жена му го спасиле синчето на цар Охозија. Потоа Јодај им го покажал Јоас на стражарите, и ним им станало јасно дека тој е законскиот владетел. Тогаш направиле еден план.
Јодај го изнел Јоас и го крунисал. Во тој момент народот почнал ‚да плеска со рацете и да извикува: „Да живее царот!“‘ Стражарите застанале околу Јоас за да го заштитат. Но, кога Готолија чула дека луѓето се радуваат, истрчала надвор и почнала да се буни. На заповед на Јодај, стражарите ја убиле (2. Царевите 11:1-16).
Што мислиш, дали Јоас продолжил да го слуша Јодај и да го прави она што е добро? — Да, но само додека бил жив Јодај. Јоас дури и се погрижил луѓето да даваат пари за поправка на Божјиот храм, 2. Царевите 12:1-16).
кој бил запоставен во времето на неговиот татко, Охозија, и неговиот дедо, Јорам. Но, да видиме што се случило кога умрел првосвештеникот Јодај (Тогаш Јоас имал околу 40 години. Наместо да продолжи да се дружи со оние што му служеле на Јехова, Јоас се спријателил со оние што им служеле на лажни богови. Во тоа време, како свештеник на Јехова служел Захарија, синот на Јодај. Што мислиш, што направил Захарија кога чул дека Јоас почнал да прави лоши работи? —
Захарија им рекол на Јоас и на народот: „Го оставивте Јехова, и затоа тој ќе ве остави вас“. Јоас толку се налутил кога ги чул тие зборови што наредил Захарија да се каменува до смрт. Замисли си — Јоас бил спасен од убиец, но сега самиот тој наредил да се убие Захарија! (2. Летописи 24:1-3, 15-22).
Сфаќаш ли што можеме да научиме од овие настани? — Една работа е дека никогаш не треба да бидеме како Готолија, која била сурова и исполнета со омраза. Наместо тоа, треба да ги сакаме нашите соверници, па дури и нашите непријатели, како што нѐ поучил Исус (Матеј 5:44; Јован 13:34, 35). И не заборавај, ако сме почнале да правиме добро, како што правел Јоас, треба да продолжиме да се дружиме со оние што го сакаат Јехова и нѐ охрабруваат да му служиме.
[Фуснота]
^ пас. 3 Ако читаш со деца, долгата црта значи дека треба да запреш и да ги пуштиш децата на одговорат на прашањето.
Прашања:
○ Како бил спасен Јоас, и од кого го спасиле?
○ Како Јоас станал законски цар, и кои добри работи ги направил?
○ Зошто Јоас станал лош, и кој бил убиен по негова наредба?
○ Што учиме од овие настани што се запишани во Библијата?
[Слика на страница 25]
Јоас бил спасен