Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Во посета на една значајна печатница

Во посета на една значајна печатница

Во посета на една значајна печатница

МОЖЕБИ ова не е првпат да го читаш ова списание. Јеховините сведоци веројатно дошле кај тебе и ти понудиле Стражарска кула и Разбудете се! за да можеш подобро да ја разбереш Библијата. Или можеби си ги видел Сведоците како нудат библиска литература на улица или на други јавни места. Всушност, месечниот тираж на ова списание е преку 30 милиони примероци, што значи дека е најпечатеното верско списание во светот.

Но, дали некогаш си се прашал каде и како се произведува сета таа литература? За да одговориме на ова прашање, да разгледаме само една од многуте печатници што ги користат Јеховините сведоци во различни земји — печатницата во Волкил (Њујорк, САД). Многу наши читатели во светот немаат можност да ја посетат печатницата на Јеховините сведоци во Соединетите Држави, па затоа и една ваква обиколка преку зборови и слики може да биде од помош.

Се разбира, печатењето почнува со пишаниот збор. Одделот за пишување во Бруклин (Њујорк) му го испраќа по електронски пат на графичкиот оддел материјалот што треба да се отпечати. Потоа се прават стереотипни плочи. Во печатницата во Волкил, секој месец се носат околу 1.400 ролни хартија, а дневно се трошат од 80 до 100 тони хартија. Ролните — некои тешки и над 1.300 килограми — се поставуваат на пет офсет печатарски машини, на кои се ставени стереотипните плочи. Хартијата се печати, се сече и се витка во табаци од по 32 страници. Списанието што го читаш претставува еден таков табак. А како се прават книгите? Во книговезницата, табаците се поврзуваат и се прават книги. Една од двете машини може да произведе 50.000 книги со тврди корици или 75.000 книги со меки корици за само еден ден. Другата машина може да направи околу 100.000 книги со меки корици на ден.

Во 2008 год., во оваа печатница беа произведени над 28 милиони книги, од кои преку 2,6 милиони беа Библии. Во истиот период беа отпечатени 243.317.564 списанија. Печатницата има библиска литература на околу 380 јазици. Што се случува откако ќе се отпечати литературата?

Печатницата добива нарачки од 12.754 собранија на Јеховините сведоци во континенталниот дел на САД и од 1.369 собранија на Карибите и на Хаваите. Одделот за испорака ги пакува сите нарачани артикли и се грижи да бидат транспортирани до соодветните адреси. Секоја година, во собранијата во САД се испорачуваат околу 14 милиони килограми литература.

Но, најважен придонес во оваа печатница имаат луѓето, а не машините. Повеќе од 300 души работат во одделите што се поврзани со неа — графичкиот оддел, одделот за планирање, одделот за печатење, книговезницата и одделот за испорака. Работниците — сите неплатени доброволци — се на возраст од 19 до 92 години.

Тие се вистински заинтересирани за луѓето — за оние што со радост ќе ја земат оваа литература и ќе бидат поучени, охрабрени и водени според библиските начела што се изнесени внатре. Се надеваме дека и ти си еден од тие читатели на кои публикациите што се печатат во ваквите печатници им помагаат и понатаму да ги запознаваат Јехова Бог и Исус Христос, бидејќи тоа води до вечен живот (Јован 17:3).

[Слики на страница 16]

[Слика на целата страница 17]