Адам и Ева — дали навистина постоеле?
Адам и Ева — дали навистина постоеле?
МНОГУ луѓе мислат дека извештајот за Адам и Ева од 1. Мојсеева е само една интересна приказна. „Повеќето христијани веќе долго време сметаат дека приказните од 1. Мојсеева, како што е онаа за Адам и Ева, се алегории“, стои во едно писмо до уредникот на списанието Time. Со тоа се согласуваат и многу католички, протестантски и еврејски изучувачи. Тие тврдат дека голем дел од оваа библиска книга не е во склад ниту со историјата ниту со науката.
Што мислиш ти? Дали веруваш дека Адам и Ева навистина постоеле? Има ли докази дека не се измислени? Од друга страна, какви ќе бидат последиците ако појдеме од претпоставката дека овој извештај е само мит?
Дали извештајот од 1. Мојсеева е научно точен?
Најпрво, да ги разгледаме главните настани од извештајот за создавањето на првиот човек. За Адам, Библијата вели: „Јехова Бог го направи човекот од земниот прав и му дувна во носниците здив на животот, и човекот стана жива душа“ (1. Мојсеева 2:7). Дали оваа изјава е научно издржана?
Во книгата Наномедицина (Nanomedicine) се вели дека човечкото тело е составено од 41 хемиски елемент. Сите овие основни елементи — јаглерод, железо, кислород итн. — ги има во ‚правот‘, односно во земјата. Според тоа, како што вели и извештајот во 1. Мојсеева, луѓето се навистина направени од „земниот прав“.
Но, како било можно од овие безживотни состојки да настане жив човек? За да разбереме колку е тешко тоа, да го земеме за пример спејс-шатлот на НАСА — една од најсложените машини што некогаш a Како настанала оваа крајно сложена биолошка машина со неверојатна градба? Случајно или е дело на мудар Творец?
биле направени. Ова технолошко чудо е составено од неверојатни 2,5 милиони делови. На инженерите им беа потребни долги години за да го дизајнираат и да го склопат. Да го споредиме тоа со човечкото тело, кое се состои од околу 7 октилиони атоми, 100 трилиони клетки, голем број органи и најмалку 9 главни органски системи.Друго важно прашање е: Што го прави еден човек жив? Кој е изворот на животот? Научниците признаваат дека не го знаат одговорот. Всушност, тие не можат ни да се согласат околу тоа како да го дефинираат животот. Но, за оние што ја прифаќаат идејата за постоење на Творец, заклучокот е очигледен — Изворот на животот е Бог. b
Разумно ли е да веруваме дека Ева била создадена од реброто на Адам, како што стои во 1. Мојсеева? (1. Мојсеева 2:21-23). Пред да го отфрлиш овој извештај како фантазија или бајка, размисли за следниве факти: Во јануари 2008 год., научниците во Калифорнија (САД) ги создадоа првите клонирани човечки ембриони способни да опстанат, и тоа од кожни клетки на возрасен човек. Со примена на слични техники, научниците имаат клонирано најмалку 20 животни. Најпозната од нив е овцата Доли, која во 1996 год. беше клонирана од млечната жлезда на возрасна овца. c
Сѐ уште не знаеме што ќе произлезе од овие експерименти. Но, овој пример јасно истакнува еден факт — ако луѓето можат да користат биолошки материјал од еден организам за да создадат друг ист таков, зарем Семоќниот Творец не може да создаде човек користејќи биолошки материјал од друг човек? Интересно е тоа што хирурзите редовно користат коска од ребро во реконструктивната хирургија поради нејзината способност да се обновува и повторно да расте.
Докази во самата Библија
Некои се изненадени кога ќе дознаат дека Адам и Ева се спомнуваат низ целата
Библија, а не само на едно место. На кој начин сите овие делови ја потврдуваат историската точност на извештајот од 1. Мојсеева?Размисли, на пример, за еврејските родословија во библиската книга Прва Летописи, поглавја 1-9, и во Евангелието по Лука, 3. поглавје. Во овие детални генеалошки записи се спомнати 48, односно 75 поколенија. Лука ја следи семејната лоза на Исус Христос, а книгата Летописи царската и свештеничката лоза на израелскиот народ. И двата записа ги спомнуваат имињата на познати личности како Соломон, Давид, Јаков, Исак, Авраам, Ное и, на крајот, Адам. Сите луѓе во овие родословија биле вистински личности, а Адам е првата вистинска личност спомната и во двата списока.
Освен тоа, Библијата на многу места зборува за Адам и за Ева како за вистински, а не како за некои митски ликови. Еве неколку примери:
• „Од еден човек [Бог] го направи целиот човечки род“ (ДЕЛА 17:26)
• „Преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта, и така... смртта царуваше од Адам до Мојсеј“ (РИМЈАНИТЕ 5:12, 14)
• „Првиот човек, Адам, стана жива душа“ (1. КОРИНЌАНИТЕ 15:45)
• „Прво е создаден Адам, а потоа Ева“ (1. ТИМОТЕЈ 2:13)
• „За [злобните] пророкуваше и Енох, седмиот од Адам“ (ЈУДА 14)
Што е уште поважно, во Библијата читаме дека Исус Христос, на чии изјави можеме со сигурност да се потпреме, потврдил дека Адам и Ева навистина постоеле. Кога му поставиле едно прашање во врска со разводот, Исус одговорил: „Од почетокот на создавањето ‚[Бог] ги создаде машко и женско. Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си, и двајцата ќе бидат едно тело‘... Затоа, Бог што составил, човек да не разделува!“ (Марко 10:6-9). Исус сигурно не би користел алегорија за да воспостави еден непроменлив закон. Тој се осврнал на 1. Мојсеева како на вистинит извештај.
Резимирајќи ги библиските докази, еден речник го дава следниов заклучок: „Новиот завет ја потврдува историската точност на извештајот од воведните поглавја на 1. Мојсеева“ (The New Bible Dictionary).
Домино ефект
Многу искрени верници мислат дека не мораш да веруваш во Адам и Ева за да бидеш добар христијанин. На прв поглед можеби и изгледа така. Но, да видиме до каде ќе нѐ одведе ваквото размислување.
На пример, размисли за библиското учење што повеќето верници го сметаат за многу важно — откупнината. Според ова учење, Исус Христос го дал својот совршен човечки живот како откупнина за да ги спаси луѓето од нивните гревови (Матеј 20:28; Јован 3:16). Како што знаеме, откупнината е соодветна цена што се плаќа за да се откупи или да се добие назад нешто што било изгубено или запленето. Од таа причина Библијата го нарекува Исус „соодветна откупнина“ (1. Тимотеј 2:6). Но, соодветна на што? Божјата реч вели: „Како што во Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе оживеат“ (1. Коринќаните 15:22). Совршениот живот што го жртвувал Исус за да ги откупи послушните луѓе одговара на совршениот живот што го изгубил Адам поради првобитниот грев во Еден (Римјаните 5:12). Очигледно, доколку Адам никогаш не постоел, Христовата откупна жртва би била потполно бесмислена.
Ако се отфрли или ако се потцени важноста на извештајот за Адам и Ева од 1. Мојсеева, се добива домино ефект со кој се негираат речиси сите поважни библиски учења! d Таквиот начин на размислување остава многу неодговорени прашања и води до вера која нема на што да се темели (Евреите 11:1).
Има ли животот смисла?
На крајот, доаѓаме до ова суштинско прашање: Дали со тоа што ќе го отфрли извештајот од 1. Мојсеева човекот ќе ја задоволи својата потреба од смисла во животот? Според зборовите на Ричард Докинс, познат еволуционист и атеист, вселената „не е осмислена, нема никаква цел, не постои добро и лошо — ништо освен една слепа, сурова безначајност“. Навистина крајно обесхрабрувачки став кој е сушта спротивност на човечката природа!
Но, Библијата ни дава сосема поинаква слика. Во неа можеме да најдеме логичен одговор на најважните прашања, како, на пример: Од каде потекнуваме? Која е смислата на животот? Зошто има толку зло и страдање во светот? Ќе ѝ дојде ли крај на злобата? Но, тоа не е сѐ. Верата во Христовата откупнина ни дава надеж за вечен живот во рај сличен на градината Еден во која Бог ги сместил првите луѓе, Адам и Ева (Псалм 37:29; Откровение 21:3-5). Колку прекрасна иднина! e
Извештајот за Адам и Ева можеби се коси со теоријата за еволуција, но тој е во склад со општопознатите научни факти. Освен тоа, овој извештај совршено се согласува со останатиот дел од Божјата вдахновена реч, Библијата, која дава логично објаснување за смислата на животот.
Зошто не ја испиташ Библијата и самиот? Јеховините сведоци со задоволство ќе ти помогнат во тоа.
[Фусноти]
a Станува збор за бројот 7 по кој следуваат 27 нули и бројот 100 со 12 нули, соодветно.
b Повеќе информации има во книгите Постои ли Творец кој се грижи за тебе? и Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?, и двете издадени од Јеховините сведоци.
c Се разбира, овие научници не создаваат живот. Тие користат материјал од веќе постоечки живи клетки.
d Тука спаѓаат учењата за Божјата врховна власт, беспрекорноста на човекот, доброто и злото, слободната волја, состојбата на мртвите, бракот, ветениот Месија, рајот на Земјата, Божјето Царство и многу други.
e Повеќе информации можеш да најдеш во книгата Што навистина учи Библијата, во 3. поглавје, „Каква е Божјата намера со Земјата?“, и во 5. поглавје, „Откупнината — најголемиот дар од Бог“, издадена од Јеховините сведоци.
[Истакната мисла на страница 14]
Доколку Адам никогаш не постоел, Христовата откупна жртва би била потполно бесмислена
[Слики на страници 12 и 13]
За еден спејс-шатл бил потребен конструктор. Зарем не важи истото и за човечкото тело?
[Слика на страница 15]
Исус потврдил дека Адам и Ева навистина постоеле