Дали христијаните треба да војуваат?
Дали христијаните треба да војуваат?
„Според кое морално мерило војната е злосторство или грев? Тоа е вистинска загатка“ (ОЛИВЕР О’ДОНОВАН, ПРОФЕСОР ПО ХРИСТИЈАНСКА ЕТИКА)
НА ЕДНА слика со наслов „Жртва“, изработена под инспирација на Првата светска војна и изложена во Канадскиот воен музеј, се прикажани убиени војници, исцрпени преживеани и нивните семејства дома. Над оваа сцена виси Исус Христос, прикован на крст. Некои набљудувачи се запрепастени што Исус, ‚Кнезот на Мирот‘, е насликан до сцени на кои е прикажана војна (Исаија 9:6). Други, пак, благодарни за жртвите што ги направиле нивните сонародници, сметаат дека Бог и неговиот Син очекуваат христијаните да се борат за да ја штитат безбедноста и слободата на својот народ.
Верските водачи со векови проповедале дека треба да се водат војни. Во 417 год. од н.е., црковниот теолог Августин напишал: „Не смееш да мислиш дека ниеден војник, кој носи оружје, не може да му биде мил на Бог... Други со молитви се борат за тебе против невидливи непријатели, а ти се бориш за нив во војна против видливите варвари“. Во 13 век, Тома Аквински објаснил дека „војните се законски и оправдани сѐ додека со нив се заштитуваат сиромасите и државата од лукавоста на непријателот“.
Што мислиш ти? Кога некоја војна се води од навидум благородна причина — на пример, за слобода на народот или за да се избават угнетените — дали Бог го дава својот благослов? Кое морално мерило треба да го земат предвид христијаните за да дознаат што мисли Бог за таа работа?
Примерот на Исус Христос
Можеме ли да дознаеме што мисли Бог за едно толку сложено прашање како што се денешните војни? Во врска со Божјето гледиште за работите, апостол Павле прашал: „,Кој го запознал умот на Јехова, па да може да го поучи за нешто?‘ А ние го имаме Христовиот ум“ (1. Коринќаните 2:16). За да ни помогне да разбереме како размислува, Јехова Бог го испратил Исус на Земјата да ни послужи како пример. Од она што го зборувал и правел Исус може да се види како размислува и како би постапил самиот Јехова. А што рекол Исус за војните? Каков став имал во врска со таа работа?
Некои можеби сметаат дека најголемата причина за вооружена одбрана би била да се одбрани животот на Исус Христос. И еден од неговите апостоли мислел така. Кога Исус бил предаден и уапсен од едно вооружено мноштво луѓе среде ноќ, неговиот пријател Петар ‚посегнал со раката и Матеј 26:47-52).
извлекол меч, па го удрил робот на првосвештеникот и му го отсекол увото‘. Дали имало оправдување за тоа што го направил? Исус му рекол на Петар: „Врати го својот меч на неговото место, зашто сите што ќе се фатат за меч, од меч ќе загинат“ (Реакцијата на Исус воопшто не нѐ чуди. Две години пред тоа, тој рекол: „Сте чуле дека било речено: ‚Сакај го својот ближен и мрази го својот непријател!‘ А јас ви велам: сакајте ги своите непријатели и молете се за оние што ве прогонуваат, за да бидете синови на својот Татко кој е на небесата, бидејќи тој дава неговото сонце да изгрева над злите и над добрите и да паѓа дожд на праведните и на неправедните“ (Матеј 5:43-45). Дали е разумно да мислиме дека еден христијанин би можел да ги сака и да се моли за своите непријатели, а во исто време да војува против нив?
Историјата покажува дека христијаните имале многу непријатели. На пример, Римјаните го осудиле и го погубиле Исус Христос. Кратко потоа, смртна казна го чекала секого што дури и само ќе речел дека е христијанин. Исус знаел дека христијаните ќе се најдат на искушение да земат оружје и да се побунат против римските угнетувачи, како што направиле некои Евреи. Затоа, во врска со своите следбеници, рекол: „Тие не се дел од светот, како што и јас не сум дел од светот“ (Јован 17:16). Христијаните биле решени да останат политички неутрални. Никаква неправда или закана за нив или за нивната земја не била оправдување за да водат војна.
На страната на Божјето Царство
Вистинските христијани го послушале Исус и останале неутрални. Размисли за она што се случило во Иконија, древен град во Мала Азија. „Тогаш незнабошците и Евреите со своите поглавари тргнаа за да ги малтретираат и да ги засипат [Павле и Варнава] со камења. Кога апостолите дознаа за тоа, побегнаа во ликаонските градови Листра и Дерва и во нивната околина. Таму ја објавуваа добрата вест“ (Дела 14:5-7). Забележи дека, кога се соочиле со жестоко противење, христијаните не зеле оружје за да се бранат ниту, пак, се одмаздувале. Наместо тоа, продолжиле да ја проповедаат „добрата вест“. Која добра вест ја ширеле?
Лука 4:43). Исус и неговите следбеници биле на страната на Божјето Царство. Христос никогаш не користел некоја државна војска за да го одбрани тоа Царство. Тој рекол: „Моето царство не е дел од овој свет. Да беше моето царство дел од овој свет, моите слуги ќе се бореа за да не им бидам предаден на Евреите. Но моето царство не е одовде“ (Јован 18:36).
Христијаните ја проповедале истата порака што ја проповедал и Исус. Тој рекол: „Морам да... ја објавам добрата вест за Божјето царство“ (‚Сакајте се еден со друг‘
Неутралноста во време на војна е обележје на оние што му служат на вистинскиот Бог. Исус рекол: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:35). Милиони лица биле пресреќни кога дознале дека постои една група луѓе што покажуваат таква љубов, дури и кога се исмејувани, затворани или погубувани поради тоа што не сакаат да земат оружје в рака.
Во нацистичка Европа биле затворени околу 10.000 Јеховини сведоци поради нивната христијанска неутралност, а околу 3.000 од нив биле испратени во концентрациони логори. Во меѓувреме, во истиот тој период, во САД биле затворени преку 4.300 Сведоци бидејќи не сакале да одат во војска. Ниту Сведоците во Германија ниту Сведоците во Америка не зеле оружје в рака за да се борат ниту против своите христијански браќа ниту против некој друг. Како би можеле да го прават тоа и во исто време да тврдат дека се сакаат еден со друг и дека ги сакаат своите ближни?
Мнозина сметаат дека е потребно човек да се бори кога е во прашање самоодбрана. Но, размисли за следново: Иако биле сурово прогонувани и не сакале да вратат со борба, христијаните во првиот век успеале да опстанат. Моќното Римско Царство не можело да го задуши христијанството. Вистинските христијани ги има и денес, и сѐ уште се неутрални. Наместо да ги земат работите во свои раце, тие со доверба бараат помош од Бог. Неговата реч, Библијата, вели: „Не одмаздувајте се, сакани, туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: ‚Одмаздата е моја, јас ќе вратам, вели Јехова‘“ (Римјаните 12:19).
[Рамка на страница 30]
ВОЈНИ ШТО БИЛЕ ОДОБРЕНИ ОД БОГ
Древниот израелски народ кој Бог го избрал со векови пред да се основа христијанството, понекогаш бил овластен да собере војска и да војува. Пред да влезат во Ханаан, земјата што Бог му ја ветил на Авраам, на Израелците им било речено: „Јехова, твојот Бог, ќе ти ги предаде тебе [седумте народи], а ти порази ги и убиј ги. Немој да склучуваш сојузи со нив и немој да им се смилуваш“ (5. Мојсеева 7:1, 2). Така, израелскиот војсководец Исус Навин ги поразил тие непријателски народи ‚како што заповедал Јехова, Богот на Израел‘ (Исус Навин 10:40).
Дали тоа било безмилосно освојување со кое Израелците лакомо потчинувале други земји? Не. Тие народи биле потонати во идолопоклонство, крвопролевање и противприродни полови односи. Ги жртвувале дури и сопствените деца фрлајќи ги во оган (4. Мојсеева 33:52; Еремија 7:31). Божјата светост, правда и љубов кон неговиот народ го натерале да ја исчисти сета нечистотија од таа земја. Сепак, Јехова го испитал срцето на секој поединец — нешто што денес не може да го направи ниеден воен заповедник — и ги поштедил оние што биле спремни да престанат да прават лошо и да му служат.
[Слика на страница 31]
Дали Исус очекувал неговите следбеници да се борат за да го одбранат него или другите христијани?
[Слика на страница 31]
Група Јеховини сведоци откако биле ослободени од концентрациониот логор Бухенвалд во 1945