Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

За семејниот живот

За семејниот живот

Што учиме од Исус

За семејниот живот

Кое гледиште за бракот им помага на семејствата да бидат среќни?

Бракот е света врска. Кога го прашале дали е дозволен развод, Исус рекол: „Зарем не сте читале дека оној што ги создаде во почетокот, ги создаде машко и женско и рече: ‚Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена, и двајцата ќе бидат едно тело‘? Така повеќе не се две, туку едно тело. Затоа, Бог што составил, човек да не разделува!.. Секој што ќе се разведе од својата жена, освен поради блуд, и ќе се ожени со друга, прави прељуба“ (Матеј 19:4-6, 9). Кога мажот и жената го следат Исусовиот совет и се верни еден на друг, сите во семејството се чувствуваат сигурни и среќни.

Зошто љубовта кон Бог помага семејствата да бидат среќни?

Исус рекол: „,Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум‘. Тоа е најголемата и прва заповед“. Која е втората најголема заповед? Исус рекол: „Сакај го својот ближен [вклучувајќи ги и оние со кои живееш — твоето семејство] како себеси“ (Матеј 22:37-39). Значи, клучот за семејна среќа е да имаме добар однос со Бог затоа што љубовта кон него нѐ поттикнува и на љубов еден кон друг.

Како можат сопругот и сопругата да се усреќуваат еден со друг?

Сопрузите ги усреќуваат своите сопруги кога го следат примерот на Исус. Тој самопожртвувано ја сакал својата симболична жена, собранието (Ефешаните 5:25). Исус рекол: „Синот човечки не дојде да му служат, туку да служи“ (Матеј 20:28). Тој никогаш не се однесувал како диктатор и не бил груб кон оние за кои требало да се грижи, туку ги закрепнувал (Матеј 11:28). Ова покажува дека сопрузите треба да го спроведуваат својот авторитет љубезно, за доброто на целото семејство.

И жените можат да учат од примерот на Исус. „Глава на Христос е Бог“, пишува во Библијата. Исто така, во неа стои дека „глава на жената е мажот“ (1. Коринќаните 11:3). Исус не сметал дека е под неговото достоинство да му биде подложен на Бог. Тој длабоко го почитувал својот Татко. „Секогаш го правам она што нему му е по волја“, рекол Исус (Јован 8:29). Сопругата што се подложува на поглаварството на својот маж од љубов и од почит кон Бог, многу придонесува семејството да биде среќно.

Што можат да научат родителите од Исусовото гледиште кон децата?

Исус им посветувал време на децата и се интересирал за нивните мисли и чувства. Библијата вели: „Исус ги викна децата кај себе и рече: ‚Пуштете ги децата да доаѓаат кај мене‘“ (Лука 18:15, 16). Во една прилика, луѓето приговарале што некои деца зборувале за својата вера во Исус. Но, Исус ги пофалил тие деца, а на оние што приговарале им рекол: „Зарем никогаш не сте читале: ‚Од устата на малите деца и на доенчињата си прибави фалба‘?“ (Матеј 21:15, 16).

Што можат да учат децата од Исус?

Исус им дал убав пример на децата бидејќи се интересирал за духовни работи. Кога имал 12 години, го нашле „во храмот како седи меѓу учителите, слушајќи ги и поставувајќи им прашања“. Со каков резултат? „Сите што го слушаа, се восхитуваа на неговата остроумност и на неговите одговори“ (Лука 2:42, 46, 47). Сепак, Исус не се возгордеал поради она што го знаел. Наместо тоа, си ги почитувал родителите. Библијата вели: „Им беше послушен“ (Лука 2:51).

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 14. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата? *

[Фуснота]

^ пас. 14 Издадена од Јеховините сведоци.