Треба ли да научиш хебрејски и грчки?
Треба ли да научиш хебрејски и грчки?
ПОГОЛЕМИОТ дел од Библијата првобитно бил напишан на само два јазика, хебрејски и грчки. * Писателите што ги користеле тие јазици пишувале под водство на Божјиот свет дух (2. Самоилова 23:2). Според тоа, за пораката што ја запишале може да се каже дека е ‚вдахновена од Бог‘ (2. Тимотеј 3:16, 17).
Меѓутоа, повеќето луѓе што ја читаат Библијата денес, не разбираат хебрејски или грчки. Затоа, потребен им е превод на нивниот мајчин јазик. Веројатно тоа е случај и со тебе. Бидејќи тие преводи не се вдахновени, можеби некогаш си се прашал: ‚Можам ли целосно да ја разберам пораката од Библијата ако ја читам од превод, или треба да почнам да учам хебрејски и грчки јазик?‘
Што треба да имаш на ум
Пред да одговориме на ова прашање, треба да имаш на ум неколку работи. Прво, самото познавање на древниот хебрејски или грчки јазик нема со чудо да направи некој полесно да ја разбере пораката на Библијата. Еве што им рекол Исус на Евреите во негово време: „Вие ги истражувате Писмата, зашто мислите дека со нивна помош ќе имате вечен живот, и токму тие сведочат за мене. Но вие не сакате да дојдете кај мене за да имате живот“ (Јован 5:39, 40). Во што бил нивниот проблем? Зарем не го знаеле доволно хебрејскиот? Не, тие добро го знаеле јазикот. Меѓутоа, еве што друго им рекол Исус: „Добро знам дека вие во себе немате љубов кон Бог“ (Јован 5:42).
Слично на тоа, на христијаните што зборувале грчки во древниот град Коринт, апостол Павле им рекол: „Евреите бараат чудесни знаци и Грците бараат мудрост, а ние го проповедаме Христос прикован на столб, кој за Евреите е камен за спрепнување, а за незнабошците глупост“ (1. Коринќаните 1:22, 23). Според тоа, јасно е дека самото тоа што некој зборувал хебрејски или грчки јазик не било пресудно за да ја прифати пораката од Божјата реч.
Втор фактор е тоа што, иако денес некои луѓе зборуваат современ хебрејски или грчки јазик, овие јазици значително Дела 7:20 и „убаво“ во Евреите 11:23, на современ грчки јазик значи „смешен“. Освен тоа, настанале и огромни промени во граматиката и синтаксата на јазикот.
се разликуваат од хебрејскиот и грчкиот на кој била напишана Библијата. Повеќето луѓе што зборуваат грчки денес, не можат сосема да го разберат грчкиот јазик на кој била пишувана Библијата. Причина за тоа е што во јазикот биле додавани нови зборови кои замениле некои стари, а многу зборови што опстанале, имаат поинакво значење. На пример, зборот што е преведен со „убав“ воДури и ако научиш современ хебрејски или грчки јазик, не значи дека подобро ќе го разбереш она што го пишува во Библијата ако ја читаш на нејзините изворни јазици. И понатаму ќе треба да користиш речници и граматики за да сфатиш како се користеле тие јазици во времето кога биле пишувани книгите од Библијата.
Трет фактор е тоа што може да биде тешко да се научи нов јазик. Иако на почетокот можеби е прилично лесно да се научат некои фрази на друг јазик, дури по долги години постојан напор ќе можеш да ги разбереш различните нијанси на зборовите на тој јазик. Во меѓувреме, можеби ќе сфатиш дека е вистинита старата поговорка: „Недоволно знаење е опасно знаење“. Зошто?
Што значи овој збор?
Дали некогаш некој што го учи твојот јазик те прашал што значи некој збор? Ако да, знаеш дека не е секогаш лесно да одговориш. Зошто? Затоа што еден збор може да има неколку значења. Можеби си го прашал да ти посочи пример како се користи тој збор во некоја реченица. Без контекстот би ти било тешко да одредиш кое значење го има тој збор. На пример, можеби те прашува што значи зборот „коси“. Овој збор може да има различни значења во различни контексти. Би можел да значи алати за сечење трева, но и влакната на главата. Ако е глагол, може да значи сече трева, но и убива масовно, а во изразот „се коси со“ значи се спротивставува на. Кога се користи во поврзаност со ветар, значи „носи со сета сила“. Разговорно може да значи и се грижи, се јадосува. Кое е точното значење?
Во речник може да ги најдеш сите можни значења на некој збор. Во некои речници најпрво се наведени значењата што се во најраспространета употреба. Но, за да го одредиш точното значење на зборот, ќе треба да го знаеш контекстот во кој се користи. Да го објасниме ова со еден пример: да речеме дека не се разбираш многу од медицина и сакаш да ја најдеш причината за извесни симптоми што ги чувствуваш. Би можел да провериш во медицински речник. Таму можеби ќе прочиташ дека во 90 отсто од случаите, твоите симптоми значат едно, но во 10 отсто од случаите се показател за нешто сосема друго. Ќе ти требаат многу поголеми сознанија за да дојдеш до точната дијагноза. Слично, тоа што еден збор има некое значење во 90 отсто од случаите не ти помага многу ако читаш некој важен текст во кој се користи второто значење на тој збор. Треба да знаеш нешто повеќе за контекстот, па дури тогаш ќе го разбереш тој збор.
И кога се работи за изучување на зборовите што се наоѓаат во Библијата, треба да го знаеш контекстот во кој се појавува некој збор. На пример, изворните зборови што обично се преведуваат со „дух“ може да имаат различни значења, во зависност од контекстот во кој се користат. Понекогаш точно е да се преведат со „ветар“ (2. Мојсеева 10:13; Јован 3:8). Во други контексти се однесуваат на животната сила што се наоѓа во сите живи суштества, како луѓето така и животните (1. Мојсеева 7:22; Псалм 104:29; Јаков 2:26). И невидливите суштества што живеат на небото се наречени духови (1. Царевите 22:21, 22; Матеј 8:16). Силата со која се служи Бог е наречена негов свет дух (1. Мојсеева 1:2; Матеј 12:28). Истиот збор се користи и за да се означи силата што мотивира едно лице да покаже извесен став, расположение или емоција, како и за да се означи ставот што го покажуваат група луѓе (Исус Навин 2:11; Галатите 6:18).
Иако во некој хебрејски или грчки речник може да бидат наведени овие најразлични значења, само контекстот е она што ќе ти помогне да сфатиш кое е точното значење. * Ова е случај не само кога ја читаш Библијата на изворните јазици туку и кога користиш некој превод на твојот јазик.
Погрешно ли е да се користи превод?
Некои вложиле голем труд за да го научат хебрејскиот или грчкиот јазик на кој била напишана Библијата, или, пак, да ги научат двата јазика. Иако се свесни дека нема да разберат сѐ, тие уживаат додека ја читаат Библијата на изворните јазици и сметаат дека нивниот труд се исплатил. Меѓутоа, ако не можеш да ги научиш тие јазици, треба ли да се обесхрабриш и да се откажеш од својата потрага по библиската вистина? Не, никако! Има неколку причини за тоа.
Прво, нема ништо погрешно во тоа да се користи превод на Библијата. Всушност, писателите на Христијанските грчки списи, наречени и Нов Завет, честопати користеле некој грчки превод кога цитирале од Хебрејските списи * (Псалм 40:6; ). Иако зборувале хебрејски и можеле да цитираат од изворните хебрејски списи, очигледно сметале дека е во ред да користат превод на тие стихови што веројатно го имале оние на кои им пишувале ( Евреите 10:5, 61. Мојсеева 12:3; Галатите 3:8).
Второ, дури и ако некој ги разбира јазиците на кои била напишана Библијата, сепак ќе чита само превод на зборовите на Исус. Ова е така затоа што писателите на евангелијата го запишувале на грчки она што Исус го кажувал на еден облик на хебрејскиот јазик. * Оние што мислат дека ќе добијат некаква посебна мудрост ако ги читаат зборовите на Јеховините верни слуги од минатото на нивните изворни јазици, треба да земат предвид една работа. Фактот што Јехова се погрижил зборовите на неговиот најголем Слуга да се зачуваат само во превод — на јазик што во тоа време го разбирале речиси сите — покажува дека не е важно на кој јазик ја читаме Библијата. Она што е важно е да ја читаме нејзината вдахновена порака во облик што можеме да го разбереме и што ќе нѐ мотивира да ја примениме.
Трето, ‚добрата вест‘ што ја содржи Библијата треба да ја дознаат понизните луѓе од „секој народ и племе и јазик и народност“ (Откровение 14:6; Лука 10:21; 1. Коринќаните 1:27-29). Во склад со ова, повеќето луѓе денес можат да ја дознаат Божјата намера читајќи ја Библијата преведена на нивниот јазик, без да треба да научат некој друг јазик. На многу јазици има повеќе различни преводи, па читателот може да си избере кој превод да го чита. *
Што можеш да направиш за да ја разбереш вистината што се наоѓа во Библијата? Јеховините сведоци увиделе дека еден добар начин да се разбере пораката што се наоѓа во Божјата реч е тематски да се проучува, при што ќе се земе предвид и контекстот. На пример, избираат некоја тема, да речеме „брак“, и ги читаат библиските стихови што се поврзани со таа тема. На тој начин дозволуваат еден дел од Библијата да објасни што се мисли во друг дел. И ти би можел на овој начин бесплатно да ја проучуваш Библијата со Јеховините сведоци. Сеедно кој јазик го зборуваш, Бог сака „најразлични луѓе да се спасат и добро да ја запознаат вистината“ (1. Тимотеј 2:4; Откровение 7:9).
[Фусноти]
^ пас. 2 Некои делови од Библијата биле напишани на арамејски — јазик што е многу близок на хебрејскиот на кој била пишувана Библијата. Примери за ова има во Езра 4:8 до 6:18 и 7:12-26, Еремија 10:11 и Даниел 2:4б до 7:28.
^ пас. 14 Треба да се забележи дека некои речници и лексикони на библиски зборови го наведуваат зборот само со значењето што се користи во некој конкретен превод на Библијата, како што е King James Version, наместо да го дефинираат значењето на тој збор независно од контекстот.
^ пас. 17 Во времето на Исус Христос и неговите апостоли, сите книги на Хебрејските списи ги имало и на грчки јазик. Тој превод бил наречен Септуагинта и многу се користел меѓу Евреите што зборувале грчки. Повеќето од стотиците директни цитати од Хебрејските списи што се наоѓаат во Христијанските грчки списи се темелат на Септуагинтата.
^ пас. 18 Се смета дека апостол Матеј го напишал своето евангелие на хебрејски јазик. Меѓутоа, дури и да е така, до денес е зачуван само грчки превод на оригиналот, превод што веројатно го направил самиот Матеј.
^ пас. 19 Нешто повеќе за различните стилови на превод и како да се избере точен превод, види ја статијата „Како да избереш добар превод на Библијата?“, објавена во Стражарска кула од 1 мај 2008 год.
[Рамка/слика на страница 22]
Септуагинтата
Евреите што зборувале грчки во времето на Исус и неговите апостоли многу ја користеле Септуагинтата. Тоа е грчки превод на Хебрејските списи. Септуагинтата не е значајна само заради тоа што е првиот познат обид да се преведе Светото писмо на друг јазик, туку и заради големината на тој потфат. Група преведувачи почнале да работат на Септуагинтата во 3 век пр.н.е., а работата ја завршиле други луѓе повеќе од 100 години подоцна.
Првите христијани веднаш почнале ефикасно да ја користат Септуагинтата за да докажат дека Исус бил Христос, ветениот Месија. Толку биле успешни што некои почнале да ја сметаат Септуагинтата за „христијански“ превод. Затоа ѝ се намалила популарноста меѓу Евреите и биле направени неколку нови преводи на грчки јазик. Еден од тие преводи направил еврејскиот прозелит Акила во 2 век од н.е. Кога зборувал за овој превод, еден библиски изучувач рекол дека има едно „прилично неочекувано обележје“. Во грчкиот превод на Акила се појавува Божјето име, Јехова, напишано со древни хебрејски букви.
[Извор на слика]
Israel Antiquities Authority
[Слики на страница 23]
Важно е да ја читаме вдахновената порака од Библијата во облик што можеме да го разбереме и што ќе нѐ мотивира да ја примениме