Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Оној што ги исполнува ветувањата

Оној што ги исполнува ветувањата

Приближи му се на Бог

Оној што ги исполнува ветувањата

Исус Навин 23:14

ДАЛИ ти е тешко да имаш доверба во другите? За жал, живееме во свет во кој довербата често е изиграна. Ако те повредил некој кому си му верувал — можеби затоа што те излажал или не ги исполнил своите ветувања — не е чудо да ти е разнишана довербата во луѓето. Меѓутоа, има некој во кого можеш да имаш доверба и кој никогаш нема да те разочара. Во Изреки 3:5 сме поттикнати: „Имај доверба во Јехова со сето свое срце“. Зошто Јехова заслужува таква доверба? За да одговориме на ова прашање, да ги разгледаме зборовите на Исус Навин — човек кој имал потполна доверба во Јехова — запишани во Исус Навин 23:14.

Размисли за околностите кога биле кажани овие зборови. Исус Навин, кој го водел Израел по смртта на Мојсеј, имал речиси 110 години. Во текот на својот долг живот, со свои очи видел многу моќни дела што ги направил Јехова за Израел, вклучувајќи го и чудесното избавување низ Црвеното Море околу 60 години пред тоа. Додека остарениот Исус длабоко размислувал за животот, ги свикал ‚старешините, поглаварите, судиите и управителите‘ на Израел (Исус Навин 23:2). Зборовите што ги кажал откриваат не само мудрост што доаѓа со годините туку и како размислува човек кој има срце полно со вера.

„Денес одам таму каде што одат сите на земјата“, објаснил Исус Навин. Изразот „каде што одат сите на земјата“ е идиом што укажува на смрт. Исус, всушност, сакал да каже: „Нема да живеам уште долго“. Знаејќи дека наскоро ќе умре, сигурно многу размислувал за својот живот. Кои проштални зборови имал да им ги каже на своите соверници?

Исус Навин продолжил: „Не остана неисполнето ниту едно ветување од сите добри ветувања што ви ги даде Јехова, вашиот Бог. Сѐ ви се исполни. Ниту едно ветување не остана неисполнето“. Овие зборови ги кажал човек кој имал безусловна доверба во Бог. Зошто? Кога размислувал за сѐ што видел, Исус Навин сфатил дека Јехова ги исполнува своите ветувања — и тоа секогаш. * Јасно е на што мислел: Исус Навин сакал другите Израелци да имаат целосна доверба дека ќе се исполни и сето она што го ветил Јехова за нивната иднина.

Еден библиски прирачник го дава следниов коментар за Исус Навин 23:14: „Да го провериме секое библиско ветување, да го споредиме со световната историја, да ги истражиме деталите за секој што е вклучен во него, па да видиме дали може да се најде макар и еден единствен пример кога Бог прекршил или заборавил некое ветување“. Кога би било можно да се спроведе едно такво истражување, би дошле до истиот заклучок како Исус Навин — Јеховините ветувања секогаш се исполнуваат (1. Царевите 8:56; Исаија 55:10, 11).

Библијата содржи извештаи за Божји ветувања што се исполниле, вклучувајќи и некои што се исполнуваат пред наши очи. Исто така, во неа се запишани и прекрасни ветувања што ги дал Јехова за нашата иднина. * Зошто самиот не ги истражиш тие извештаи? Ако ја проучуваш Библијата, ќе се увериш дека Оној што ги исполнува своите ветувања заслужува да имаш доверба во него.

[Фусноти]

^ пас. 4 Еве неколку ветувања, или уверувања, што Исус Навин видел дека се исполниле. Јехова им дал на Израелците земја. (Спореди 1. Мојсеева 12:7 со Исус Навин 11:23.) Го избавил Израел од Египет. (Спореди 2. Мојсеева 3:8 со 2. Мојсеева 12:29-32.) Го одржувал во живот својот народ. (Спореди 2. Мојсеева 16:4, 13-15 со 5. Мојсеева 8:3, 4.)

^ пас. 6 Нешто повеќе за Божјите ветувања за нашата иднина можеш да прочиташ во поглавја 3, 7 и 8 од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.