Понизен и храбар човек
Катче за младите
Понизен и храбар човек
ЈОНА — 1 ДЕЛ
Упатство: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си ги околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови. Живо претстави си ги настаните.
1. АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ ЈОНА 1:1-17; 2:10—3:5.)
Запиши како си ги замислуваш звуците и глетките од бурата?
․․․․․
Какви чувства откриваат гласовите на Јона и на морнарите од бродот?
․․․․․
Опиши на што можеби помислувал Јона додека тонел во океанот и откако го голтнала големата риба. (Прочитај Јона 2:1-9.)
․․․․․
2. РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.
Какви биле луѓето во Ниневија, и зошто во почетокот Јона се колебал да оди таму? (Наум 3:1).
․․․․․
Што мислиш, во која смисла Ниневија била „значаен град во очите на Бог“? (Јона 3:3; 2. Петрово 3:9).
․․․․․
Што ни открива за Јона неговата искреност кога зборувал за својата грешка и за својот Бог? (Повторно прочитај Јона 1:9, 10.)
․․․․․
Што мислиш, како дознал Јона што се случило на бродот откако го фрлиле од палубата? (Повторно прочитај․․․․․
3. ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...
стравот:
․․․․․
понизноста:
․․․․․
храброста:
․․․․․
тоа како гледа Јехова на луѓето, дури и на оние што ни се чини дека се лоши:
․․․․․
4. ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?
․․․․․
Повеќе на оваа тема можеш да истражуваш во Стражарска кула од 1 јануари 2009 год., на страници 25-28.
ДРУГИ БИБЛИСКИ ПУБЛИКАЦИИ МОЖЕШ ДА НАЈДЕШ НА www.watchtower.org