Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Само уште една чашка

Само уште една чашка

Само уште една чашка

АЛЕН почнал да пие кога имал 11 години. * Заедно со другарите си играл во шумата, имитирајќи ги ликовите што ги гледал во филмовите. Тие ликови биле измислени, но алкохолот што го пиеле Ален и неговите другари бил вистински.

Тони обично пиел еден или два пијалака секоја вечер. Но, кога имал 40 години, постепено преминал на пет до шест пијалака. На крајот, веќе не знаел колку испил во текот на целиот ден.

Ален побарал помош за својот проблем со алкохолот. Тони не ја прифатил помошта што му ја понудиле грижливите роднини и пријатели. Ален е сѐ уште жив и може да ни раскаже што му се случувало, но Тони загинал пред неколку години во сообраќајна несреќа до која дошло откако испил премногу.

Дури и кога некој се опива насамо, тоа неизбежно се одразува и врз други луѓе, честопати со трагични последици. * На пример, проблемите со алкохолот може да водат до вербално и физичко насилство, напади и убиства, сообраќајни несреќи и повреди на работното место, како и до многу други здравствени проблеми. Прекумерното пиење го чини општеството милијарди долари секоја година, а да не ја спомнуваме личната и емоционалната штета што им ја нанесува на поединци, семејства и деца.

Сепак, од Американскиот државен институт за здравство велат дека „нема проблем со пиењето секој што пие редовно и дека не пијат секој ден сите оние што имаат проблем со пиењето“. Многумина што не се алкохоличари почнале да претеруваат со пиењето без да бидат свесни за тоа. Други, пак, пијат само одвреме-навреме, но кога пијат, можат да испијат повеќе од пет пијалаци едноподруго.

Ако решиш да пиеш, знаеш ли кога е доста? Како ќе знаеш кога да не се напиеш само уште една чашка? „Кај кого мака? Кај кого кавги?“ — вели Библијата. „Кај оние кои се собираат околу виното, кај оние кои сакаат да пијат вино жестоко!“ (Изреки 23:29, 30, Радосна Вест). Во следните статии ќе разгледаме некои корисни информации на оваа тема.

[Фусноти]

^ пас. 2 Некои имиња се сменети.

^ пас. 5 Бидејќи веројатноста да станат алкохоличари е четирипати поголема кај мажите отколку кај жените, овие статии се пишувани во машки род. Меѓутоа, она што е кажано важи и за мажите и за жените.