Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Вистински мир и сигурност — кога?

Вистински мир и сигурност — кога?

Специјално предавање

Вистински мир и сигурност — кога?

Веќе неколку илјади години човекот копнее по мир и сигурност. Но, луѓето не успеале да воспостават вистински мир. Зошто? Библијата дава две основни причини зошто е толку тешко да се постигне тоа. Сепак, во неа ја наоѓаме и следнава утешна мисла: Бог ветил дека во светот ќе завладее вистински и траен мир и дека луѓето ќе се чувствуваат сигурни.

Кога и како ќе се постигне таков мир и сигурност? Што треба да направиш за да живееш во такви прекрасни услови? Овие прашања ќе бидат одговорени во предавањето со наслов „Вистински мир и сигурност — кога?“ Овој говор, кој се темели на Библијата, ќе биде изнесен во над 230 земји во светот. Во повеќето места ќе се одржи во локалната Сала на Царството на Јеховините сведоци во недела, на 18 април 2010 год. Слободно прашај ги Сведоците во твоето место во колку часот и каде ќе се изнесе ова предавање. Срдечно си поканет да дојдеш и да го чуеш.