Од својот Господар научил да простува
Угледајте се на нивната вера
Од својот Господар научил да простува
ПЕТАР никогаш немало да го заборави тој ужасен момент кога неговите очи се сретнале со очите на Исус. Дали во тој поглед можел да види некакво разочарување или прекор? Не можеме со сигурност да кажеме, бидејќи во вдахновениот извештај пишува само дека ‚Господарот се завртел и го погледнал Петар‘ (Лука 22:61). Но, во тој краток миг, Петар сфатил колку ниско паднал. Станал свесен дека штотуку го направил токму она што го прорекол Исус, а што самиот упорно тврдел дека никогаш нема да го направи — се одрекол од својот сакан Господар. Во тој момент Петар го допрел дното — веројатно тоа бил најлошиот миг во најлошиот ден од неговиот живот.
И покрај тоа, не било изгубено сѐ. Бидејќи Петар бил човек со голема вера, сѐ уште имал прилика да ги поправи грешките, но и да сфати една од најсилните поуки што ги дал Исус — дека треба да се простува. И секој од нас треба да научи да простува. Да видиме низ што сѐ морал да помине Петар за да го научи тоа.
Човек што имал многу да учи
Околу шест месеци претходно, во својот роден град Капернаум, Петар му пристапил на Исус и го прашал: „Господару, колкупати може да ми згреши мојот брат, а јас да му простам? До седум пати?“ Петар веројатно си мислел дека е многу великодушен, бидејќи верските водачи во тоа време ги поучувале луѓето да простуваат само до трипати! Но, Исус му одговорил: „Не ти велам до седумпати, туку до седумдесет и седум пати“ (Матеј 18:21, 22).
Дали Исус сакал да каже дека Петар требало да води строга евиденција за грешките на другите? Не. Всушност, со тоа што му рекол на Петар да прости до 77, а не само до 7 пати, сакал да каже дека човек не треба да брои колку простува. Со она што го рекол, Исус покажал дека врз Петар влијаеле ставовите кои биле раширени во тоа време — немилосрдноста и неспремноста да се прости, а да се води строга сметка за грешките. Спротивно на ова, Бог бара да простуваме безгранично и од срце.
Петар не ги оспорил зборовите на Исус. Но, дали поуката што му ја дал Господарот навистина допрела до неговото срце? Понекогаш учиме најмногу за простувањето кога ќе сфатиме колку очајно тоа ни е потребно нам. Затоа, да се вратиме на настаните што се случувале пред смртта на Исус. Во тие тешки моменти, Петар направил многу грешки што Господарот требало да му ги прости.
Една грешка по друга
Последната ноќ од Исусовиот живот на Земјата била многу значајна. Тој требало да ги поучи своите апостоли уште за многу работи — меѓу другото, да бидат понизни. Им дал пример со тоа што понизно им ги измил нозете, работа што обично ја вршел слугата што имал најниска положба во куќата. Отпрвин Петар не ја одобрил постапката на Исус. Потоа не сакал да му даде на Исус да му ги измие нозете. А на крајот барал од него не само да му ги измие нозете туку и рацете и главата! Исус не ја изгубил трпеливоста, туку смирено објаснил колку е Јован 13:1-17).
важно и што значи она што го правел (Сепак, кратко потоа апостолите почнале да се расправаат кој од нив е најголем. Сигурно и Петар учествувал во таа срамна расправија поттикната од човечка гордост. Исус повторно љубезно ги исправил, па дури и ги пофалил за доброто што го направиле — што му останале верни како на свој Господар. Меѓутоа, однапред им кажал дека сите ќе го напуштат. Кога го чул тоа, Петар веднаш се спротивставил велејќи дека тој ќе остане со Исус дури и по цена на својот живот. Но Исус прорекол дека ќе се случи токму спротивното — дека истата ноќ Петар трипати ќе се одрече од својот Господар пред петелот да запее двапати. Петар повторно тврдел дека нема да биде така, па дури и се фалел дека тој ќе му остане верен на Исус, макар и сите други апостоли да го остават! (Матеј 26:31-35; Марко 14:27-31; Лука 22:24-28).
Дали Исус ја изгубил стрпливоста? Всушност, за сето тоа време, иако му било многу тешко, Исус продолжил да го бара доброто кај своите несовршени апостоли. Знаел дека Петар ќе го изневери, а сепак му рекол: „Сесрдно се молев за тебе, твојата вера да не ослаби. А ти, штом ќе се вратиш, зајакни ги своите браќа!“ (Лука 22:32). Со тоа Исус покажал доверба дека Петар духовно пак ќе застане на нозе и повторно ќе му служи верно. Колку бил добар и спремен да прости!
Подоцна, во градината Гетсиманија, на Петар повторно му била потребна исправка, и тоа не само еднаш. Исус им рекол нему, на Јаков и на Јован да бдеат додека Тој се моли. Чувствувал длабока болка во душата и му требала поддршка, но Петар и другите неколкупати заспале. И покрај сѐ, Исус покажал разбирање за нив и им простил, велејќи: „Духот, навистина, е спремен, но телото е слабо“ (Марко 14:32-38).
По кратко време дошла толпа луѓе, кои носеле факли и биле вооружени со мечеви и стапови. Во тој момент требало да се постапи претпазливо и внимателно. Сепак, Петар избрзал и замавнал со меч кон главата на Малх, кој му бил роб на првосвештеникот, и му го отсекол увото. Исус со смирен глас го прекорил Петар, му ја излекувал раната на робот и кажал едно начело против насилството, според кое живеат Неговите следбеници до денешен ден (Матеј 26:47-55; Лука 22:47-51; Јован 18:10, 11). Петар веќе направил многу грешки што Господарот требало да му ги прости. Неговиот случај веројатно нѐ потсетува дека и „сите ние честопати грешиме“ (Јаков 3:2). На кој од нас Бог не треба да му прости нешто секој ден? Но, за Петар таа ноќ не била завршена. Го чекало нешто уште полошо.
Најголемата грешка на Петар
Исус ѝ се обратил на толпата луѓе и рекол дека, ако го бараат него, треба да ги пуштат апостолите да си одат. Петар беспомошно гледал додека луѓето го врзувале неговиот Господар, а потоа побегнал, како што направиле и другите апостоли.
Сепак, по некое време Петар и Јован престанале да бегаат и застанале, можеби во близина на куќата на поранешниот првосвештеник Ана, каде што Исус најнапред бил одведен на сослушување. Додека го изнесувале оттаму, Петар и Јован оделе по него, ама „оддалеку“ (Матеј 26:58; Јован 18:12, 13). Сигурно дека Петар не бил кукавица, бидејќи била потребна извесна храброст за воопшто да појде по Исус. Луѓето од толпата биле вооружени, а Петар веќе ранил еден од нив. Сепак, во таа ситуација не покажал таква љубов каква што тврдел дека чувствува — дека е спремен дури и да умре покрај својот Господар ако биде потребно (Марко 14:31).
Исто како Петар, многу луѓе денес се обидуваат да го следат Христос „оддалеку“ за никој да не го забележи тоа. Но, како што подоцна напишал и самиот Петар, единствениот исправен начин да го следиме 1. Петрово 2:21).
Христос е да бидеме колку што е можно поблиску до него, угледувајќи се на неговиот пример во сѐ, без оглед на она што нѐ чека (Одејќи претпазливо по луѓето што го воделе Исус, Петар стигнал до портата на една од најголемите куќи во Ерусалим. Тоа бил домот на Кајафа, богатиот и моќен првосвештеник. Таквите куќи обично имале голем двор во средината, а напред имало порта. Петар дошол до портата, но не му дозволиле да влезе. Тогаш Јован, кој веќе бил внатре, дошол и ја убедил вратарката да го пушти. Изгледа дека Петар не останал до Јован, а не се обидел ни да влезе во куќата за да биде покрај својот Господар. Останал во дворот, каде што некои робови и слуги ја минувале студената ноќ крај огнот и ги гледале лажните сведоци против Исус како влегуваат и излегуваат од судењето што било во тек внатре (Марко 14:54-57; Јован 18:15, 16, 18).
При светлината на огнот, девојката што го пуштила Петар да влезе можела да го види подобро. И, го препознала! Со обвинувачки тон, таа му рекла: „И ти беше со Исус Галилеецот!“ Затекнат, Петар одрекол дека го познава Исус — па дури и тврдел дека не знае за што зборува таа. Потоа застанал во близина на портата, трудејќи се да биде незабележан, ама некоја друга девојка го видела и го рекла истото: „Овој беше со Исус Назареќанецот“. Но, Петар повторно одрекол, колнејќи се: „Не го познавам тој човек!“ (Матеј 26:69-72). Можеби во овој момент, откако се одрекол по вторпат, Петар чул како запеал петел, но мислите му биле премногу несредени за да се сети на пророштвото што го кажал Исус само неколку часа пред тоа.
Малку подоцна, додека Петар сѐ уште очајнички се обидувал да остане незабележан, му се приближиле неколкумина од оние што стоеле во дворот. Едниот од нив му бил роднина на Малх, робот што Петар го ранил. Тој му рекол на Петар: „Зар не те видов тебе во градината со него?“ Не гледајќи друг излез освен да ги убеди дека не се во право, Петар се заколнал, очигледно велејќи дека ќе му се случи нешто лошо ако лаже. Веднаш штом ги кажал тие зборови, запеал петел — вториот што го чул таа ноќ (Јован 18:26, 27; Марко 14:71, 72).
Исус штотуку излегол на балконот кој гледал во дворот. Во тој момент, како што беше опишано во почетокот, очите му се сретнале со погледот на Петар. Тогаш Петар сфатил колку го разочарал својот Господар. Излегол од дворот, скршен од товарот на големата вина што го притискала. Тргнал по улиците на градот, кои ги осветлувала полната месечина што заоѓала. Низ мислите му поминувале настаните што се случиле, а во очите му навирале солзи. Столчен од болка, тој горко заплакал (Марко 14:72; Лука 22:61, 62).
Кога некој, слично на Петар, ќе сфати колку голема грешка направил, многу е лесно да си помисли дека тој грев е премногу голем за да му биде простен. Можеби и Петар си го мислел истото. Но, дали навистина било така?
Дали за грешката на Петар немало простување?
Тешко е да се замисли колку му било тешко на Петар кога осамнало утрото и кога почнале еден по еден да се редат настаните од тој ден. Колку мора да се прекорувал кога Исус умрел тоа попладне по долгочасовно мачење! Сигурно срцето му се кинело од болка кога ќе помислел дека и самиот му го зголемил страдањето на Господарот во последниот ден од Неговиот живот како човек. Но, колку и да тонел во тага, Петар не подлегнал на очајот. Знаеме дека било така бидејќи во Библијата читаме дека наскоро повторно бил заедно со своите браќа (Лука 24:33). Без сомнение, на сите апостоли им било жал за она што го направиле таа тешка ноќ, и затоа се тешеле еден со друг.
Ова покажува дека во тој момент Петар донел многу мудра одлука. Кога еден Божји слуга ќе згреши, не е најважно колку голема грешка направил туку колку е решен да се поправи (Изреки 24:16). Петар покажал вистинска вера со тоа што отишол кај своите браќа, иако бил многу потиштен. Кога некој е обземен од тага или го измачува грижа на совест, обично му доаѓа да се изолира, но опасно е да се повлече од другите (Изреки 18:1). Мудро е да останеме блиски со соверниците и повторно духовно да се зајакнеме (Евреите 10:24, 25).
Затоа што бил со своите духовни браќа, Петар ја чул неверојатната вест дека телото на Исус повеќе не е во гробот. Тој и Јован отрчале до гробницата во која бил положен Исус и чиј влез бил запечатен. Јован, кој веројатно бил помлад, стигнал прв. Кога видел дека влезот на гробот е отворен, застанал двоумејќи се дали да влезе. Но, Петар не се мислел ни за миг. Трчајќи задишано, тој влетал внатре. Но, гробот навистина бил празен! (Јован 20:3-9).
Дали Петар поверувал дека Исус воскреснал? Во почетокот тоа му Лука 23:55 — 24:11). Но, до крајот на денот, од срцето на Петар исчезнала секоја трага од сомнеж и тага. Исус бил жив, и тоа како моќно духовно суштество! Им се појавил на сите свои апостоли. Но, најнапред направил нешто друго, нешто многу лично. Тој ден апостолите рекле: „Господарот навистина воскреснал и му се појавил на Симон!“ (Лука 24:34). Подоцна, нешто слично напишал и апостол Павле, имено, дека на тој значаен ден Исус ‚му се појавил на Кифа, а потоа на дванаесеттемина‘ (1. Коринќаните 15:5). Кифа и Симон се други имиња по кои бил познат Петар. Значи, тој ден Исус му се појавил нему — очигледно додека тој бил сам.
изгледало неверојатно, иако некои верни жени рекле дека им се појавиле ангели за да им кажат дека Исус станал од мртвите (Библијата не ни опишува во детали како изгледала таа трогателна средба меѓу Исус и Петар. Можеме само да си замислиме колку бил среќен Петар кога видел дека неговиот сакан Господар повторно е жив и кога можел да му каже колку е тажен и колку се кае. Најмногу од сѐ сакал Исус да му прости. И зар некој може да се сомнева дека Исус навистина му простил, и тоа потполно? Денес, христијаните што направиле грев треба да размислат за она што му се случило на Петар. Никогаш не треба да си мислиме дека Бог нема да ни прости. Исус совршено ја одразувал личноста на својот Татко, кој ‚простува великодушно‘ (Исаија 55:7).
Други докази дека му било простено
Исус им рекол на апостолите да појдат во Галилеја, каде што требало пак да се видат. Кога пристигнале таму, Петар решил да појде да лови риба на Галилејското Море. Со него отишле уште неколкумина. Повторно се нашол на езерото каде што поминал голем дел од својот живот. Крцкањето на чамецот, плискањето на брановите, грубите мрежи во неговите раце — сигурно сето тоа му било многу познато и му раѓало пријатни чувства. Дали таа ноќ Петар се прашувал што ќе прави во животот сега, откако Исус завршил со својата служба на Земјата? Дали посакувал да му се врати на едноставниот рибарски живот? Како и да е, таа ноќ не уловиле ниту една риба (Матеј 26:32; Јован 21:1-3).
Но, во мугрите некој ги викнал од брегот и им рекол да ги фрлат мрежите од другата страна на чамецот. Тие послушале и извлекле многу риби — дури 153! На Петар му било јасно кој е тој човек. Веднаш скокнал од чамецот и допливал до брегот. Таму Исус им дал да јадат риба што ја испекол на жар. Потоа започнал разговор со Петар.
Го прашал дали го сака својот Господар „повеќе отколку овие“, очигледно покажувајќи на големиот куп уловени риби. Дали во срцето на Петар љубовта кон рибарењето била поголема од љубовта кон Исус? Иако се одрекол трипати од својот Господар, сега Исус му дал можност трипати да ја потврди својата љубов пред другите. Кога Петар го направил тоа, Исус му кажал како да ја покаже својата љубов: така што ќе ја стави светата служба пред сѐ друго и духовно ќе го храни и чува Христовото стадо, односно неговите верни следбеници (Јован 21:4-17).
На тој начин Исус потврдил дека Петар сѐ уште можел да прави многу за него и за неговиот Татко. Под водството на Христос,
тој требало да исполни важна улога во собранието. Колку силен доказ дека Исус потполно му простил! Сигурно таквата милост го трогнала Петар и извршила силно влијание врз него.Петар верно ја вршел својата задача многу години. Ги зајакнувал своите браќа, токму како што му заповедал Исус вечерта пред да умре. Љубезно и стрпливо ги хранел и се грижел за Христовите следбеници. Човекот наречен Симон навистина живеел во склад со името што му го дал Исус — Петар, или Карпа — и извршил силно и позитивно влијание врз собранието. Цврсти докази за ова наоѓаме во двете негови срдечни, лични писма, кои станале драгоцен дел од Библијата. Освен тоа, од тие писма се гледа дека Петар никогаш не го заборавил она што го научил од Исус во врска со простувањето (1. Петрово 3:8, 9; 4:8).
И ние можеме да ја извлечеме истата поука. Дали секојдневно го молиме Бог да ни ги прости многуте грешки што ги правиме? Дали потоа го прифаќаме простувањето и дали веруваме дека навистина може да нѐ очисти? Дали и ние им простуваме на другите? Ако го правиме тоа, покажуваме дека се угледуваме на верата на Петар — и на милоста на неговиот Господар.
[Истакната мисла на страница 22]
Петар направил многу работи за кои неговиот Господар требало да му прости, но кому од нас не му треба простување секој ден?
[Слика на страница 23]
„Господарот се заврте и го погледна Петар“
[Слика на страница 24]
„Господарот... му се појавил на Симон!“