Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали Бог имал почеток?

Дали Бог имал почеток?

Читателите прашуваат...

Дали Бог имал почеток?

▪ Библијата кажува дека Бог немал почеток. Тој постоел отсекогаш. Колку и да ни е тешко да сфатиме дека Бог е вечен, не можеме да ја отфрлиме таа мисла само затоа што не можеме потполно да ја разбереме.

Дали е разумно да очекуваме дека ќе можеме да разбереме сѐ што е поврзано со Бог? Апостол Павле рекол: „О длабочино на Божјето богатство, мудрост и знаење! Колку се неистражливи неговите судови и несфатливи неговите патишта!“ (Римјаните 11:33). Нашиот ум не може потполно да ја сфати длабочината на Божјата мудрост и на неговото знаење, исто како што едно дете не може да сфати сѐ за својот родител. Иако овие зборови што Павле ги кажал под водство на светиот дух се однесуваат првенствено на неспоредливата мудрост и милост на Бог, тие покажуваат и дека има некои работи во врска со Јехова Бог и неговите дела што се премногу длабоки за да може да ги сфати нашиот ум. Една од тие работи е мислата дека Бог нема почеток. Сепак, можеме да имаме потполна доверба во она што го кажува Библијата за Бог. Во врска со Светото писмо, Исус Христос рекол: „Твојата реч е вистина“ (Јован 17:17).

Во една молитва до Јехова, Мојсеј рекол: „Отсекогаш и за секогаш Ти постоиш“ (Псалм 89:2 [90:2], Превод на МПЦ). Овде Мојсеј објаснува дека Божјето постоење се протега во два правца. Едниот е кон иднината. Јехова е „оној што живее во сета вечност“ (Откровение 4:10). Значи, Бог ќе постои во вечна иднина. Другиот правец е кон минатото. Со други зборови, Бог не бил ниту создаден ниту настанал. Наместо тоа, Бог постои уште од бесконечното минато.

На повеќето од нас им е тешко да сфатат апстрактни поими. Сепак, понекогаш мора да прифатиме некои потешки концепти, како што се, на пример, позитивните и негативните броеви. Броењето може да оди во бескрај, како напред така и назад. Зар истото не може да се каже и за годините живот на нашиот Творец?

Затоа, на место е што само Бог ја има титулата „Царот на вечноста“ (1. Тимотеј 1:17). Размисли за следново: Исус Христос, милијардите ангели на небото, како и луѓето на Земјата, имаат почеток затоа што биле создадени (Колошаните 1:15, 16). Но, тоа не важи и за Бог. Оној што тврди дека Бог мора да бил создаден, отвора една бесмислена и бескрајна дебата за тоа кој го создал Творецот. Но, Јехова постои „од век до век“ (Псалм 90:2). Со други зборови, Јехова постои „отсекогаш“ (Јуда 25).

Сепак, имај на ум дека вечното постоење на Бог не е само обичен факт. Ако подлабоко размислиме за молитвата што ја кажал Мојсеј, ќе сфатиме дека тоа што Бог е вечен е гаранција за исполнување на прекрасното ветување дека ќе живееме вечно. За разлика од минливоста на нашиот сегашен живот, за Бог е речено дека е „нашето живеалиште од поколение во поколение“. Како Татко кој многу нѐ сака, Јехова бил, сѐ уште е и секогаш ќе биде со луѓето. Нека те теши оваа прекрасна вистина! (Псалм 90:1).