Мисионери испратени ‚да прават ученици‘
128. клас на Гилеад
Мисионери испратени ‚да прават ученици‘
„ЗА ДА можат сите народи да ја чујат добрата вест, некои христијани ќе требало да бидат спремни да ги остават своите семејства и својот дом за да ја проповедаат добрата вест во некоја друга земја.“ Со овие зборови, Дејвид Сплејн од Водечкото тело на Јеховините сведоци го означи почетокот на еден возбудлив настан.
На дипломирањето на 128. клас на Мисионерската школа Гилеад, кое се одржа на 13 март 2010 год., беа присутни околу 8.000 лица. На програмата присуствуваа пријатели на дипломците, членови на нивните семејства и гости од 27 земји.
„Учениците не можеле само да си седат дома“
Претседавач беше брат Сплејн, кој ја започна програмата зборувајќи за Исусовата заповед: „Одете и правете ученици од луѓето од сите народи“ (Матеј 28:19, 20). Тој нагласи дека Исус ги испратил своите ученици да одат кај луѓето. Иако е точно дека на Педесетница 33 год. од н.е. луѓе од Месопотамија, Северна Африка и многу делови од Римското Царство дошле во Ерусалим и ја чуле добрата вест, „учениците не можеле само да си седат дома и да чекаат луѓето од сите народи да дојдат кај нив“, рече говорникот. „Наместо тоа, тие морале да одат до најоддалечениот дел на Земјата за да ги најдат луѓето“ (Дела 1:8).
„Исус не им кажал на апостолите само што да прават“, рече брат Сплејн, „туку и ги научил како да го прават тоа. Не им рекол само да се молат туку и ги научил да се молат. Не им рекол само да проповедаат туку им покажал и како да проповедаат. Не им рекол само да бидат добри учители туку самиот им покажал добри и делотворни методи на поучување.“
Обраќајќи им се на родителите на дипломците, претседавачот ги цитираше зборовите со кои Исус ги уверил своите ученици: „Еве, јас сум со вас во сите денови до свршетокот на овој поредок“ (Матеј 28:20). Брат Сплејн ги увери присутните дека Исус ќе се грижи за дипломците и во земјите каде што ќе бидат испратени.
„Фалете се“
Ентони Морис, член на Водечкото тело, ги поттикна дипломците ‚да се фалат‘. Рече дека има разлика меѓу умесно и неумесно фалење. Со неумесното фалење си придобиваме лична слава. Но, во врска со умесното фалење, во 1. Коринќаните 1:31 пишува: „Кој се фали, со Јехова нека се фали!“ Брат Морис рече: „Ете за што треба да се фалиме — што го познаваме Јехова Бог. Всушност, и за вас — и за мене — најголема чест е што го носиме тоа свето име, што сме Јеховини сведоци“ (Еремија 9:24).
Потоа говорникот нагласи колку е важно да го објавуваме Јеховиното име и раскажа што му се случило на еден мисионер кој служи во Африка. Заедно со жена му, тој патувал за да одржи библиско предавање. На една контролна рампа, еден млад војник ја вперил пушката во братот и го прашал кој е. Жена му се сетила на нешто што го научиле на Гилеад и му дошепнала: „Речи му дека си Јеховин сведок и дека одиш да одржиш библиско предавање“. Братот ја послушал, и ги пуштиле да поминат. Следниот ден, на радио чуле дека претседателот им рекол на војниците да внимаваат на некои убијци што се претставувале како мисионери! Со тоа што кажале дека се Јеховини сведоци, а не мисионери, братот и сестрата се поштедиле
од многу проблеми. Брат Морис го заврши говорот со зборовите: „Кога ќе стигнете на вашето ново подрачје, фалете се. Фалете се со сѐ што ќе направи Јехова додека ве користи на своја вечна слава“.„Ќе ја извршиш ли својата задача?“
Џефри Џексон, член на Водечкото тело и поранешен мисионер, им помогна на дипломците да размислат за тоа прашање. Ги запраша: „Што мислиме кога ќе кажеме дека некој е мисионер?“ Тој објасни дека зборот „мисионер“ доаѓа од еден латински израз што се однесува на лице или група луѓе што добиле посебна мисија, или задача. Како Јеховини сведоци, нашата задача е да ја проповедаме добрата вест и да им помагаме на другите во духовен поглед. Тоа дело го вршиме следејќи го примерот на Исус Христос, кој бил целосно посветен на својата задача на Земјата. На римскиот управител Понтиј Пилат, Исус му рекол: „За тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината“ (Јован 18:37).
Говорникот ги поттикна студентите од класот да размислат за библискиот извештај за битката кај Ерихон. Шест дена израелските војници станувале рано, ја ставале воената опрема и го обиколувале Ерихон, но на крајот се враќале во логорот. „Од човечка гледна точка“, рече говорникот, „она што го правеле изгледало неразумно и чудно.“ Некои војници можеби дури си мислеле: ‚Зошто само си губиме време?‘ Но, на седмиот ден Израелците добиле упатство да го обиколат градот седум пати, а потоа да се огласат со силна воена викотница. Што се случило тогаш? Ѕидовите на Ерихон се срушиле! (Исус Навин 6:13-15, 20).
Од извештајот за Ерихон, брат Џексон нагласи четири важни поуки. 1) Мора да бидеме послушни. Треба да ги правиме работите како што бара Јехова, а не да си мислиме дека е подобро да ги правиме по наше. 2) Мора да имаме вера и доверба во Јехова. ‚Ѕидиштата на Ерихон паднале со вера‘, а не биле срушени со справи за пробивање ѕидови (Евреите 11:30). 3) Мора да бидеме трпеливи. Со текот на времето, Јеховиниот благослов ‚ќе те стигне‘ (5. Мојсеева 28:2). 4) Не смееме да се откажеме. Никогаш не заборавај која е твојата задача. Брат Џексон го заклучи своето излагање со зборовите: „Ако ги имаш на ум овие работи, ќе ја извршиш својата задача на слава и фалба на Јехова“.
Други истакнати мисли од програмата
„Сакај ја Библијата и нејзиниот Автор.“ На оваа тема зборуваше Максвел Лојд, член на Одборот на подружницата на Соединетите Држави. Тој му рече на класот: „Библијата мора да ви стане жива книга“. Потоа ги охрабри со зборовите: Никогаш не дозволувајте да се намали вашата љубов кон Јехова Бог. Немојте да очекувате сите да го разберат она за кое ги поучувате. Научете да ги објаснувате библиските вистини на едноставен начин за да можат да им се врежат во срцето на луѓето со кои проучувате. Бидете понизни. Не правете се дека знаете повеќе од другите. Поучувајте со пример. Луѓето со кои проучувате нека видат дека многу ја сакате Библијата.
„Набљудувајте ги гавраните.“ Овој говор го изнесе Мајкл Барнет, инструктор на Школата и поранешен мисионер. Тој рече дека понекогаш ќе нѐ измачуваат грижи. Но, тогаш треба да се сетиме на следниов совет на Исус: „Набљудувајте како гавраните ниту сеат ниту жнеат... а сепак Бог ги храни“ (Лука 12:24). Според сојузот на Законот, гавраните биле нечисти суштества што не смеело да се јадат и затоа требало да им бидат одвратни на Израелците (3. Мојсеева 11:13, 15). И покрај тоа, Бог ги храни. „Затоа, ако во иднина се соочите со некој голем проблем што ве загрижува, сетете се на гавранот“, рече брат Барнет. Ако Бог се грижи за една нечиста, одвратна птица, колку повеќе ќе се грижи за вас, кои сте чисти во негови очи.“
Матеј 20:13, 14). Што учиме од ова? Не споредувај се со другите. „Негативните споредби само ќе ти ја одземат радоста“, рече брат Нојмар. „Што е уште полошо, таквото споредување може да те наведе да ја напуштиш својата задача и да се откажеш од една скапоцена служба.“ Говорникот го потсети класот дека Исус ја води духовната жетва во нашево време и дека тој може да постапува со своите следбеници како што сака. Ако Јехова и Исус одлучат да направат нешто повеќе за некого, тие не те онеправдуваат. Мисли на она што е твое, и никогаш не дозволувај „платата“ на другите да те одвлече од делото што ти го дал Јехова да го вршиш.
„Јас тебе не те онеправдувам.“ Во овој говор, Марк Нојмар, друг инструктор на Школата, ја разгледа споредбата што ја дал Исус во врска со работниците на лозјето. Некои работници напорно работеле цел ден. Други работеле само еден час. Сепак, сите добиле иста плата! Оние што работеле подолго почнале да приговараат. Но, на секој од нив господарот на лозјето му рекол: „Пријателе, јас тебе не те онеправдувам. Зарем не се погоди со мене за денариј? Земи си го своето и оди си!“ (Искуства и интервјуа
Кога не се на часови или немаат домашна задача, студентите на Школата соработуваат со локалните собранија на Јеховините сведоци во проповедничкото дело. Сем Роберсон, еден од инструкторите на Школата, интервјуираше неколку студенти кои раскажаа некои свои искуства. На пример, сестра Алесандра Кирклер сретнала некоја жена која била многу загрижена што син ѝ пушел. Во друга прилика, Алесандра повторно отишла кај жената за да ѝ однесе Разбудете се! во кое имало статија на таа тема. Иако немало никој дома, таа сепак го оставила списанието. По некое време успеала да ја најде жената дома, и таа ја поканила да влезе. Нејзе ѝ се допаднала статијата, и рекла: „Често се прашував што се обидува Бог да ме научи со сите искушенија во кои ме става“. Алесандра ја отворила Библијата и ѝ прочитала дека Бог не предизвикува да ни се случуваат лоши работи (Јаков 1:13). Сега и жената и нејзиниот син ја проучуваат Библијата.
Мелвин Џоунс од Службеното одделение интервјуираше тројца поранешни дипломци на Школата: Јон Сомруд, кој служи во Албанија; Марк Андерсон, кој служи во Кенија; и Џејмс Хиндерер, кој служи во Одделот за теократски школи. Сите тројца беа согласни дека Гилеад не само што ги учи студентите за основните библиски вистини туку ги учи и како да ги применат тие вистини, без оглед кои се студентите или каде служат.
На крајот, еден од студентите прочита едно трогателно писмо на благодарност од целиот клас. Џон Бар, кој има 96 години и е најстариот член на Водечкото тело, ја заклучи програмата со молитва, во која побара од Јехова да ја благослови службата на 128. клас на Гилеад.
[Табела/карта на страница 31]
ПОДАТОЦИ ЗА КЛАСОТ
8 застапени земји
54 студенти
27 брачни парови
35,2 просечна возраст
19,1 просек на години во вистината
13,8 просек на години во полновремена служба
[Карта]
(Види во публикацијата)
Студентите од класот беа испратени во 25-те земји што се означени подолу
ЗЕМЈИ ВО КОИ СЕ ИСПРАТЕНИ
АЛБАНИЈА
АРУБА
БОЛИВИЈА
КАМБОЏА
БРЕГОТ НА СЛОНОВАТА КОСКА
ДОМИНИКАНСКАТА РЕПУБЛИКА
ЕКВАДОР
ГАНА
ГВАТЕМАЛА
ГВИНЕЈА
ГВАЈАНА
ХОНДУРАС
ИНДОНЕЗИЈА
КОСОВО
ЛЕТОНИЈА
ЛИБЕРИЈА
МАДАГАСКАР
МОНГОЛИЈА
НАМИБИЈА
НИКАРАГВА
ПАРАГВАЈ
РОМАНИЈА
РУАНДА
СРБИЈА
ТАЈВАН
(ЗЕМЈА ЗА КОЈА СЕ ГРИЖИ ПОДРУЖНИЦАТА ВО АВСТРАЛИЈА)
[Слика на страница 30]
Дипломците прикажуваат едно искуство од службата на проповедање
[Слика на страница 31]
128. клас што дипломира на Школата Гилеад
Во списокот долу, редовите се наведени однапред наназад, а имињата одлево надесно.
1) Келер Е.; Остопович И.; Џејкобсен С.; Ариас М.; Дикман И.; Танака Џ.; Харада К.
2) Камачо Л.; Кирклер А.; Родригез С.; Ворд Б.; Треналоун К.; Викторија В.; Оксли Ф.; Нгуен К.
3) Оксли О.; Де Диос А.; Линдстром Ш.; Ален Џ.; Мидс Т.; Ведингтон Џ.; Викторија Е.
4) Харада Х.; Линдстром А.; Орсини Е.; Лог Д.; Мисуд Т.; Бержерон С.; Камачо Г.; Ворд Т.
5) Кирклер В.; Нгуен Х.; Кремер И.; Бурго С.; Титмас Н.; Де Диос К.; Родригез А.; Ведингтон М.
6) Дикман Џ.; Ален К.; Титмас Р.; Ариас Ж.; Бержерон Е.; Келер Џ.; Остопович Ф.; Бурго Ф.
7) Танака К.; Кремер Џ.; Џејкобсен Р.; Треналоун Џ.; Лог Џ.; Мидс Д.; Мисуд Д.; Орсини А.