Зборување јазици — дали е од Бог?
Зборување јазици — дали е од Бог?
„НЕ МОЖАМ да сфатам“, вели Девон. „Секоја недела мнозина од мојата црква изгледа дека го добиваат светиот дух и со чудо зборуваат на разни јазици. Некои од тие луѓе водат неморален живот. Но, јас се трудам да задржам висок морал. Сепак, колку и да се молам, никогаш не го добивам овој дар на светиот дух. Како е можно тоа?“
И Габриел оди во црква каде што изгледа дека луѓето добиваат свет дух и зборуваат јазици. Тој објаснува: „Ме нервира тоа што додека се молам, други ме прекинуваат гласно зборувајќи нешто што не го разбирам ниту јас ниту тие. Никој нема корист од тоа што го зборуваат. Зар не треба еден дар од Божјиот свет дух да служи за нешто добро?“
Изјавите на Девон и Габриел покренуваат едно интересно прашање: ‚Дали зборувањето јазици што е карактеристично за некои цркви денес навистина потекнува од Бог?‘ За да одговориме на ова, добро е да дознаеме нешто повеќе за чудесното зборување јазици меѓу христијаните во првиот век.
„Почнаа да зборуваат на разни јазици“
Во Библијата читаме за некои мажи и жени што добиле моќ да зборуваат јазици кои никогаш порано не ги знаеле. Ова за првпат се случило на Педесетница 33 год. од н.е., неколку седмици по смртта на Исус Христос. На тој ден во Ерусалим, околу 120 ученици на Исус ‚се исполниле со свет дух и почнале да зборуваат на разни јазици‘. Посетителите од други земји ‚биле збунети, бидејќи секој ги чул учениците како зборуваат на неговиот јазик‘ (Дела 1:15; 2:1-6).
Библијата спомнува и други ученици на Исус што ја имале оваа несекојдневна способност. На пример, со силата од светиот дух, апостол Павле можел преку чудо да зборува неколку јазици (Дела 19:6; 1. Коринќаните 12:10, 28; 14:18). Но, логично е дека секој таков дар од Божјиот свет дух служел за нешто добро. Што се постигнало со зборувањето јазици во библиски времиња?
Знак за Божјата поддршка
Кога им пишал на христијаните во градот Коринт, од кои некои изгледа можеле да зборуваат јазици, Павле објаснил дека ‚јазиците се знак за неверниците‘ (1. Коринќаните 14:22). Значи, како и другите чудесни способности, моќта да се зборуваат јазици била знак дека новооснованото христијанско собрание имало одобрување и поддршка од Бог. Чудесните дарови служеле како знак што покажувал каде треба да одат оние што ја бараат вистината за да го најдат Божјиот избран народ.
Значајно е тоа што во Библијата не се спомнува дека Исус или некои од претхристијанските пророци со чудо зборувале јазици што не ги знаеле. Значи, дарот да се зборуваат јазици им бил даден само на Исусовите ученици, очигледно со некоја посебна цел.
Начин да се шири добрата вест
Во почетокот на својата служба, Исус им заповедал на своите ученици да им ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство само на Евреите (Матеј 10:6; 15:24). Како резултат на тоа, учениците ретко оделе на места каде што не живееле Евреи. Но, наскоро тоа требало да се промени.
Кратко откако умрел во 33 год. од н.е., воскреснатиот Исус им заповедал на своите следбеници ‚да прават ученици од луѓето од сите народи‘. Исто така, им рекол дека ќе му бидат сведоци „сѐ до крајот на земјата“ (Матеј 28:19; Дела 1:8). За да се рашири добрата вест во толкав обем, ќе требало да се зборуваат и многу други јазици освен хебрејскиот.
Меѓутоа, мнозина од тие први ученици биле „неуки и обични“ (Дела 4:13). Тогаш, како ќе можеле да проповедаат во далечни земји каде што се зборувале јазици за кои можеби никогаш не чуле, а камоли да ги знаеле? Светиот дух им дал на тие ревносни проповедници чудесна способност добро да проповедаат на јазици што никогаш порано не ги знаеле.
Значи, дарот да се зборуваат разни јазици послужил за две многу битни цели. Прво, бил знак за Божјата поддршка. Второ, бил ефикасно средство што им помогнало на христијаните во првиот век да ја извршат својата задача да им проповедаат на луѓе од многу народи што зборувале разни јазици. Дали овие цели се исполнуваат со тоа што во многу цркви денес се зборуваат јазици?
Зборување јазици денес — знак за Божјата поддршка?
Каде би поставил знак за да го видат колку што е можно повеќе луѓе во твоето место? Во некоја мала зграда? Се разбира дека не! Извештајот за она што се случило на Педесетница ни открива дека „мноштво“ минувачи го виделе знакот што го дале учениците кои преку чудо зборувале разни јазици. Како резултат на тоа, тој ден на христијанското собрание му ‚се придружиле околу три илјади души‘! (Дела 2:5, 6, 41). Ако луѓето денес тврдат дека зборуваат разни јазици, ама тоа го прават само додека се во некоја црква, како може тој знак да го забележат другите?
Божјата Реч спомнува дека блудот и другите ‚дела на телото‘ се спротивни на дејствувањето на светиот дух, и додава дека „оние што прават такво нешто нема да го наследат Божјето царство“ (Галатите 5:17-21). Ако видиш дека луѓе со сомнителен морал зборуваат јазици, со право би можел да се прашаш: ‚Зар не би било недоследно — па дури и погрешно — Божјиот дух да им биде даден на лица што постојано прават нешто кое е осудено во Божјата Реч?‘ Тоа би било исто како да се постави сообраќаен знак што го насочува сообраќајот во погрешен правец.
Зборување јазици денес — начин да се шири добрата вест?
Што е со другата цел на дарот преку чудо да се зборуваат јазици во првиот век? Дали зборувањето јазици во црквите служи како средство да им се проповеда добрата вест на луѓе од различни јазици? Сети се дека набљудувачите што биле во Ерусалим дента на Педесетница 33 год. од н.е. доаѓале од разни земји, и јасно ги разбирале јазиците што преку чудо ги зборувале учениците. За разлика од тоа, оние што зборуваат јазици денес обично кажуваат работи што никој не ги разбира.
1. Коринќаните 13:8). Тогаш, како може да дознаеме кој го има светиот дух денес?
Очигледно, денешното зборување јазици е многу поинакво од дарот на светиот дух што им бил даден на првите ученици на Исус. Всушност, нема веродостоен извештај дека некој го добил истиот чудесен дар откако умреле апостолите. Тоа не ги изненадува читателите на Библијата. Во врска со чудесните дарови, вклучувајќи го и зборувањето јазици, апостол Павле под водство на светиот дух прорекол: „Ќе престанат“ (Кој дава доказ дека го има светиот дух?
Исус добро знаел дека дарот да се зборуваат јазици требало да исчезне релативно брзо по основањето на христијанското собрание. Кратко пред да умре, тој навел едно обележје кое ќе служи како знак по кој во секое време ќе се препознаваат неговите вистински следбеници. „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“, рекол тој (Јован 13:35). Всушност, во истиот стих од Божјата Реч каде што е проречено дека еден ден ќе исчезнат чудесните дарови, пишува: „Љубовта никогаш не престанува“ (1. Коринќаните 13:8).
Љубовта е наведена како прв од деветте плодови на Божјиот свет дух (Галатите 5:22, 23). Така, оние што вистински го имаат Божјиот дух — односно Божјата поддршка — ќе покажуваат вистинска љубов еден кон друг. Освен тоа, третиот плод на духот е мирот. Значи, оние што денес имаат свет дух, ќе имаат мир и ќе чувствуваат силна желба да ги надминат нетрпеливоста, расизмот и насилството.
Исто така, сети се на зборовите на Исус запишани во Дела 1:8. Тој прорекол дека неговите ученици ќе добијат сила за да му бидат сведоци „до крајот на земјата“. Исто така, Исус покажал дека неговото дело ќе продолжи да се врши сѐ „до свршетокот на светот“ (Матеј 28:20, Превод на МПЦ). Значи, ова меѓународно проповедничко дело и понатаму ќе биде обележје по кое ќе се препознаваат оние што навистина го имаат светиот дух.
Што мислиш ти? Кај која група луѓе наоѓаш доказ дека го имаат светиот дух денес? Кои се тие што толку многу ги покажуваат плодовите на светиот дух, особено љубовта и мирот, што се прогонувани од владите по целиот свет бидејќи не сакаат да земат оружје? (Исаија 2:4). Кои се тие што се трудат да ги избегнуваат делата на телото, како што е блудот, па дури и ги отстрануваат од своите редови оние што непокајнички прават такви работи? (1. Коринќаните 5:11-13). Кои се тие што по целата Земја ја проповедаат добрата вест дека Божјето Царство е единствената надеж за луѓето? (Матеј 24:14).
Издавачите на ова списание со увереност велат дека Јеховините сведоци одговараат на библискиот опис за народ што го има светиот дух. Би можел подобро да се запознаеш со нив и самиот да процениш дали навистина ја имаат Божјата поддршка.