Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Еден лепрозен е излекуван!

Еден лепрозен е излекуван!

Катче за младите

Еден лепрозен е излекуван!

Упатство: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си ги околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови. Живо претстави си ги настаните.

Главни ликови: Нааман, Елисеј и израелското девојче чие име не е спомнато.

Кратка содржина: Сирискиот воен заповедник Нааман се излекувал од својата одвратна болест откако едно израелско девојче му препорачало да појде кај Елисеј.

1. АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ 2. ЦАРЕВИТЕ 5:1-19.)

Што мислиш, какви чувства имала малата Израелка затоа што била одвоена од своето семејство кое му служело на Бог?

․․․․․

Колку разочаран мислиш дека бил Нааман — силен човек што имал толку тешка болест?

․․․․․

Кои чувства може да се забележат во разговорот меѓу Нааман и неговите слуги, запишан во стиховите од 11 до 13?

․․․․․

Каква промена во ставот на Нааман се гледа од 15. стих натаму?

․․․․․

2. РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.

Кои околности можеби придонеле Нааман да биде горд? (Повторно прочитај го 1. стих.)

․․․․․

Истражувај темелно и дознај нешто за лепрата во библиски времиња. a (На пример, колку тешка била таа болест? Дали била заразна? Како се лекувала?)

․․․․․

Што мислиш, како се чувствувало израелското девојче кога бил излекуван Нааман?

․․․․․

Во кој поглед она што го кажал Елисеј било испит за Нааман? (Види стих 10.)

․․․․․

3. ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...

опасностите од гордоста:

․․․․․

храброста да се зборува за своите верувања:

․․․․․

моќта на Јехова да ги излекува болните:

․․․․․

4. ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?

․․․․․

АКО НЕМАШ БИБЛИЈА, ПОБАРАЈ ОД ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ. ДРУГИ БИБЛИСКИ ПУБЛИКАЦИИ МОЖЕШ ДА НАЈДЕШ НА www.watchtower.org

[Фуснота]

a Кожната болест што во библиски времиња била позната како лепра, денес се нарекува Хансенова болест.