Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Како влијаат врз нас духовните суштества

Како влијаат врз нас духовните суштества

Што учиме од Исус

Како влијаат врз нас духовните суштества

Исус живеел на небото како духовно суштество со својот Татко уште „пред да настане светот“ (Јован 17:5). Затоа, може да одговори на следниве прашања.

Дали ангелите се интересираат за нас?

▪ Од она што го кажал Исус учиме дека ангелите се многу заинтересирани за луѓето. Тој рекол: „Таква е радоста меѓу Божјите ангели поради еден грешник кој ќе се покае“ (Лука 15:10).

Исус покажал дека ангелите имаат задача да се грижат за духовното добро на Божјите слуги. Затоа, кога ги предупредил учениците да не ги спрепнуваат другите, Исус им рекол: „Гледајте да не презрете еден од овие мали, зашто ви велам дека нивните ангели на небото секогаш го гледаат лицето на мојот Татко кој е на небото“ (Матеј 18:10). Со овие зборови Исус не сакал да каже дека секој негов следбеник има свој ангел чувар, туку дека ангелите, кои тесно соработуваат со Бог, се живо заинтересирани за вистинските христијани.

Како може да ни наштети Ѓаволот?

▪ Исус ги предупредил своите следбеници дека Сатана се обидува да ги спречи луѓето да ја дознаат вистината за Бог. „Кај секој што ја слуша речта за царството, а не ја разбира“, рекол Исус, „доаѓа Злобниот и го грабнува она што му е посеано во срцето“ (Матеј 13:19).

Исус истакнал еден од начините на кои Сатана ги заведува луѓето кога ја кажал споредбата за еден човек што сеел пченица на своето поле. Тој човек го претставува Исус, а пченицата ги претставува вистинските христијани кои ќе владеат со Исус на небото. Меѓутоа, Исус рекол дека дошол непријател и ,посеал какол меѓу пченицата‘. Каколот ги претставува лажните христијани. „Непријателот што го посеа е Ѓаволот“ (Матеј 13:25, 39). Исто како што каколот може да личи на пченица, и оние што тврдат дека се христијани може да изгледаат како слуги на вистинскиот Бог. Религиите што шират лажни учења ги заведуваат луѓето да не го слушаат Бог. Сатана ја користи лажната религија за да ги спречи луѓето да станат блиски со Јехова.

Како да се заштитиме од Сатана?

▪ Исус го нарекол Сатана „владетелот на светот“ (Јован 14:30). Во една молитва, Исус открил како можеме да се заштитиме од Сатана. Во врска со своите ученици, Исус го молел својот небесен Татко: „Те молам... да ги зачуваш од Злобниот. Тие не се дел од светот, како што и јас не сум дел од светот. Посвети ги со вистината! Твојата реч е вистина“ (Јован 17:15-17). Она што ќе го научиме од Божјата Реч може да нѐ заштити од влијанието на светот со кој владее Сатана.

Како влијаат врз нас денес ангелите?

▪ „На свршетокот на овој поредок“, рекол Исус „ќе излезат ангелите, ќе ги одвојат злите од праведните“ (Матеј 13:49). Сега живееме во „свршетокот на овој поредок“ и милиони луѓе ја прифаќаат добрата вест за Божјето Царство (Матеј 24:3, 14).

Но, Божјата наклоност не ја стекнуваат сите што почнуваат да ја проучуваат Божјата Реч. Ангелите го водат проповедничкото дело на Јеховините слуги, а луѓето што вистински го сакаат Бог се одвојуваат од луѓето што не го применуваат она што го учат. Кога зборувал за оние што ја стекнуваат Божјата наклоност, Исус рекол: „Тоа се оние што ја слушаат речта со чисто и добро срце, па ја задржуваат и истрајно донесуваат плод“ (Лука 8:15).

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 10. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци

[Слика на страница 16]

Ангелите им помагаат на искрените луѓе што ја бараат вистината