Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Не споредувај се со другите

Не споредувај се со другите

Чекор 2

Не споредувај се со другите

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА? „Секој нека го испита своето дело, па ќе има причина за задоволство во самиот себе, а не споредувајќи се со други“ (Галатите 6:4).

ЗОШТО НЕ Е ЛЕСНО? Можеби сме склони да се споредуваме со другите — понекогаш со оние што имаат помалку од нас, а честопати со оние што се посилни, побогати или понадарени од нас. Како и да е, тоа не носи ништо добро. Така може да дојдеме до погрешниот заклучок дека вредноста на една личност зависи од она што го поседува или од она што може да го направи. Исто така, кај нас може да се роди завист и незаситна желба да бидеме најдобри (Проповедник 4:4).

ШТО МОЖЕШ ДА СТОРИШ? Труди се да гледаш на себеси онака како што те гледа Бог. Дозволи неговото гледиште да влијае врз твојата самопочит. „Човекот го гледа она што го гледаат очите, а Јехова a го гледа она што е во срцето“ (1. Самоилова 16:7). Јехова не ја мери твојата вредност на тој начин што те споредува со другите луѓе, туку ти го гледа срцето и ги испитува твоите мисли, чувства и намери (Евреите 4:12, 13). Тој ги разбира твоите ограничувања и сака и ти самиот да бидеш свесен за нив. Ако ја мериш својата вредност споредувајќи се со другите, може да станеш или вообразен или вечно незадоволен. Затоа, скромно прифати го фактот дека не можеш да бидеш најдобар на секое поле (Изреки 11:2).

Што треба да правиш за да бидеш вреден во Божји очи? Јехова го вдахновил пророкот Михеј да напише: „Тој ти кажа, земен човеку, што е добро. Бара ли Јехова, твојот Бог, од тебе нешто друго, освен да постапуваш праведно, да ја сакаш добротата и скромно да одиш со него?“ (Михеј 6:8). Ако го следиш тој совет, Бог ќе се грижи за тебе (1. Петрово 5:6, 7). Зар има нешто друго што може да ти донесе поголемо задоволство?

[Фуснота]

a Божјето име е запишано во Библијата.

[Слика на страница 5]

Јехова ја мери нашата вредност според она што го имаме во срцето