Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Сакај ги луѓето, а не материјалните работи

Сакај ги луѓето, а не материјалните работи

Чекор 1

Сакај ги луѓето, а не материјалните работи

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА? „Љубовта кон парите е корен на секакви зла“ (1. Тимотеј 6:10).

ЗОШТО НЕ Е ЛЕСНО? Рекламните агенти нѐ ставаат под притисок да бидеме незадоволни од она што го имаме. Тие сакат да работиме од утро до мрак за да заработиме пари со кои ќе си купиме понови, подобри и поголеми нешта. Парите се примамливи и лесно може да ги засакаме. Меѓутоа, Библијата нѐ предупредува дека оној што го сака богатството никогаш нема да биде задоволен. „Кој го љуби среброто, никогаш не му е доста сребро, и кој го сака богатството, никогаш не му е доста добивка“, напишал цар Соломон (Проповедник 5:10).

ШТО МОЖЕШ ДА СТОРИШ? Угледај се на Исус и научи повеќе да ги сакаш луѓето отколку материјалните работи. Исус бил спремен да се откаже од сѐ што имал — дури и од својот живот — затоа што ги сакал луѓето (Јован 15:13). Тој рекол: „Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35). Ако редовно одвојуваме време за другите и го делиме со нив она што го имаме, тие ќе ни возвратат. „Давајте, и ќе ви се даде“, рекол Исус (Лука 6:38). Оние што трчаат по пари и материјални поседи си навлекуваат многу неволји и страдања (1. Тимотеј 6:9, 10). Но, вистински задоволни се само оние што ги сакаат другите и се чувствуваат сакани.

Би било добро да се преиспиташ дали би можел да почнеш да живееш поедноставно и поскромно. Би можел ли да го намалиш бројот на материјалните работи што ги имаш или што би сакал да ги имаш? Ако можеш да го сториш тоа, веројатно ќе ти преостане време и енергија за поважните работи во животот — да им помагаш на луѓето и да му служиш на Бог, кој ти дал сѐ што имаш (Матеј 6:24; Дела 17:28).

[Слика на страница 4]

„Давајте, и ќе ви се даде“