Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Таму горе има некој — но, кој е тој?

Таму горе има некој — но, кој е тој?

Таму горе има некој — но, кој е тој?

Во Европа, една постара жена влегува во црква со бројници в рака и понизно клекнува пред кипот на Марија. Во Африка, едно семејство истура алкохол врз гробот на својот почитуван роднина. Во Америка, еден млад човек пости и медитира, надевајќи се дека ќе стапи во контакт со својот ангел-чувар. Во Азија, еден свештеник пали фигури направени од разнобојна хартија за да им ги принесе како дар на духовите на своите предци.

ШТО им е заедничко на сите овие луѓе? Тие веруваат дека има некакви интелигентни суштества во духовниот свет со кои може да се комуницира и кои можат многу да влијаат врз животот на луѓето. Се разбира, ова верување не е ништо ново и не треба да нѐ зачуди. Она што зачудува е фактот дека постојат толку различни верувања за тоа кој живее во духовниот свет.

Муслиманите обожаваат еден Бог — Алах. a Луѓето во христијанскиот свет велат дека Бог е тројство и дека се состои од Бог Отецот, Бог Синот и Бог светиот дух. Хиндусите веруваат дека постојат повеќе од илјада богови и божици. Има луѓе што велат дека духови живеат во некои животни, дрвја, карпи и реки. А има и такви што се под влијание на книги, филмови и телевизиски емисии за ангели и демони, за добри и лоши духови, за богови и божици.

Како што има најразлични и противречни верувања за боговите и божествата, има и најразлични и противречни верувања за тоа како да се комуницира со нив. Логиката ни вели дека не е можно да бидат исправни сите начини на комуникација. Да го објасниме тоа со следниов пример: Пред да телефонираме некаде, треба да знаеме кого го бараме и треба да сме сигурни дека таа личност навистина постои и ќе го прими нашиот повик. Би било нелогично да се обидеме да стапиме во контакт со некоја замислена личност. Што е уште полошо, би било опасно да контактираме со измамник.

Според тоа, кој живее во духовниот свет? Библијата не само што дава одговор на ова прашање туку и објаснува со кого треба да комуницираме и каков одговор да очекуваме. Прочитај ги и следните статии. Можеби ќе се изненадиш од она што ќе го научиш од Библијата.

[Фуснота]

a „Алах“ не е име, туку збор што значи „Бог“.