Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Тајна што можеш да им ја кажеш на другите

Тајна што можеш да им ја кажеш на другите

Поучете ги своите деца

Тајна што можеш да им ја кажеш на другите

ДАЛИ некогаш си чул некоја тајна?— a Јас сакам да ти кажам една. Во Библијата е наречена „светата тајна која долго време беше скриена“ (Римјаните 16:25). Во почетокот само Бог ја знаел таа ‚света тајна‘. Да видиме што направил за да ја дознаат и многу други.

Прво да те прашам нешто. Дали знаеш што значи зборот „свето“?— Тој збор означува нешто чисто, нешто навистина посебно. Значи, тајната е света затоа што е од Бог, кој исто така е свет. Што мислиш, кој сакал да ја дознае оваа посебна тајна?— Ангелите. Библијата вели: „Во тоа и ангелите сакаат да ѕирнат“. Да, тие сакале да ја разберат таа света тајна (1. Петрово 1:12).

Кога Исус дошол на Земјата, зборувал за светата тајна и почнал да ја разјаснува. Им рекол на своите ученици: „Вам ви е дадено да ја разберете светата тајна на Божјето царство“ (Марко 4:11). Забележа ли со што била поврзана таа света тајна?— Била поврзана со Божјето Царство, за кое Исус нѐ поучил да се молиме! (Матеј 6:9, 10).

Да видиме во која смисла Божјето Царство било тајна „долго време“, сѐ додека Исус не дошол на Земјата и не почнал да ја разоткрива. Откако Адам и Ева го прекршиле Божјиот закон и биле истерани од еденската градина, на Божјите слуги им било откриено дека еден ден Бог сепак ќе ја претвори целата Земја во рај (1. Мојсеева 1:26-28; 2:8, 9; Исаија 45:18). Тие опишале колку ќе бидат среќни луѓето на Земјата кога ќе владее Божјето Царство (Псалм 37:11, 29; Исаија 11:6-9; 25:8; 33:24; 65:21-24).

Сега размисли за Владетелот на тоа Царство. Знаеш ли кого Бог го избрал за Владетел?— Својот син Исус Христос, кој е „Кнез на Мирот“. „На рамото ќе има кнежевска власт“, пишува во Библијата (Исаија 9:6, 7). Ти и јас мора ‚добро да ја запознаеме Божјата света тајна: Христос‘ (Колошаните 2:2). Треба да знаеме дека Бог го пренел во Марија животот на првиот ангел (духовен Син) што го создал. Тој Син, кој бил моќен ангел, е оној што Бог го испратил на Земјата како жртва за да можеме да добиеме вечен живот (Матеј 20:28; Јован 3:16; 17:3).

Значи, Бог го избрал Исус да биде Владетел на Божјето Царство. Но, за оваа света тајна треба да дознаеме уште многу други работи. Една од нив е дека заедно со воскреснатиот Исус од небото ќе владеат и други лица, како мажи така и жени (Ефешаните 1:8-12).

Да ги дознаеме имињата на некои од оние што ќе владеат со Исус. Тој им рекол на своите верни апостоли дека ќе оди на небото за да им подготви место (Јован 14:2, 3). Најди ги во Библијата следниве стихови, во кои ќе ги прочиташ имињата на некои мажи и жени што ќе владеат заедно со Исус во Царството на неговиот Татко (Матеј 10:2-4; Марко 15:39-41; Јован 19:25).

Долго време не било познато колку лица ќе владеат со Исус во Божјето небесно Царство. Но, денес знаеме колкав ќе биде нивниот број. Дали знаеш и ти?— Библијата ни открива дека тоа се 144.000 лица. И ова спаѓа во светата тајна (Откровение 14:1, 4).

Се согласуваш ли дека „светата тајна на Божјето царство“ е најубавата тајна што некој може да ја дознае?— Ако да, ајде да откриеме сѐ што можеме за неа за да им ја кажеме и на колку што е можно повеќе луѓе.

[Фуснота]

a Ако читаш со деца, долгата црта значи дека треба да запреш и да ги пуштиш децата да одговорат на прашањето.

ПРАШАЊА:

▪ Како се нарекува тајната за која зборувавме, и зошто е наречена така?

▪ Која е таа тајна, и кој прв почнал да им кажува на луѓето за неа?

▪ Што дозна во врска со таа тајна?

▪ Како би можел да му ја објасниш светата тајна на некое твое другарче?

[Слика на страница 31]

Што мислиш, која работа сакале да ја дознаат ангелите?