Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Цени ги светите работи!

Цени ги светите работи!

Катче за младите

Цени ги светите работи!

Упатство: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си ги околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови. Живо претстави си ги настаните.

Главни ликови: Исак, Ревека, Јаков и Исав.

Кратка содржина: Исав му го продава првородството на својот брат близнак, Јаков.

1 АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ 1. МОЈСЕЕВА 25:20-34.)

Кои особини ги покажале Јаков и Исав уште додека биле во стомакот на мајка им?

․․․․․

Како си ги замислуваш Јаков и Исав кога биле млади?

․․․․․

Кои чувства може да се забележат во разговорот меѓу Јаков и Исав во стиховите 30-33?

․․․․․

РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.

Истражувај темелно и дознај нешто за правата што ги имал првородениот син. Зошто биле важни тие права? Што значело да се продадат за чинија чорба?

․․․․․

2 АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ 1. МОЈСЕЕВА 27:1-10, 30-38.)

Какви чувства открива гласот на Исав во моментот кога сфатил дека брат му го добил благословот што му припаѓал на првородениот син?

․․․․․

РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.

Дали било погрешно тоа што Ревека и Јаков ги наместиле работите за Јаков да го добие благословот? Зошто мислиш така? (Мала помош: Види 1. Мојсеева 25:23, 33.)

․․․․․

3 ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...

далекосежните последици од моменталното задоволување на желбите:

․․․․․

ДРУГИ ПОУКИ.

Кои свети работи ти се дадени тебе?

․․․․․

На кои начини можеш да покажеш дека ги цениш светите работи?

․․․․․

4 ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?

․․․․․

Ако немаш Библија, побарај од Јеховините сведоци. Други библиски публикации можеш да најдеш на www.watchtower.org и на www.pr418.com