Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Каде да најдеме помош за денешните проблеми?

Каде да најдеме помош за денешните проблеми?

Специјално предавање

Каде да најдеме помош за денешните проблеми?

Денес никој не може да се пожали дека нема доволно совети. Многу се популарни книгите и телевизиските емисии во кои се обработуваат теми за самопомош. Сепак, основните проблеми сѐ уште не се решени. Можеби се прашуваш: ‚Можно ли е да се добие сигурно водство?‘ Одговорот е да!

Иако Библијата е стара илјадници години, содржи начела што никогаш не застаруваат и можат да ни го дадат одговорот на следниве прашања:

▪ Како да ги решавам недоразбирањата и да имам подобри односи со другите?

▪ Како да бидам среќен?

▪ Како да се справам со економските проблеми?

▪ Како да се ослободам од грижите?

Овие прашања ќе бидат одговорени во предавањето со наслов „Можат ли библиските начела да ни помогнат да се справиме со денешните проблеми?“ Овој говор, кој се темели на Библијата, ќе биде изнесен во над 230 земји во светот. Во повеќето места ќе се одржи во локалната Сала на Царството на Јеховините сведоци во недела, на 1 мај 2011 год.

Слободно прашај ги Јеховините сведоци во твоето место во колку часот и каде ќе се изнесе ова предавање. Срдечно си поканет да дојдеш и да го чуеш.