Ќе дојдат подобри времиња!
Ќе дојдат подобри времиња!
„Уште малку, и злиот ќе го снема... А кротките ќе ја поседуваат земјата и ќе уживаат во изобилен мир“ (ПСАЛМ 37:10, 11)
САКАШ ЛИ да го доживееш исполнувањето на ова пророштво? Сигурно дека сакаш. Има добри причини да веруваме дека наскоро ќе дојде тоа време.
Во претходните статии беа разгледани некои библиски пророштва што јасно покажуваат дека живееме во „последните денови“ (2. Тимотеј 3:1-5). Бог ги водел писателите на Библијата да ги претскажат тие настани за да имаме надеж (Римјаните 15:4). Исполнувањето на овие пророштва значи дека наскоро ќе им дојде крај на неволјите што ги имаме денес.
Што ќе се случи откако ќе завршат последните денови? Божјето Царство ќе владее над целото човештво (Матеј 6:9). Размисли за тоа како Библијата го опишува животот на Земјата во тоа време:
● Нема да има глад. „На земјата житото богато ќе роди, по планинските врвови ќе го има во изобилство“ (Псалм 72:16).
● Нема да има болести. „Никој од жителите нема да рече: ‚Болен сум‘“ (Исаија 33:24).
● Земјата ќе биде обновена. „Ќе се радуваат пустината и безводниот крај, ќе се весели пустелијата и ќе процвета како шафран“ (Исаија 35:1).
Ова се само некои од охрабрувачките библиски пророштва што ќе се исполнат наскоро. Слободно прашај ги Јеховините сведоци зошто се цврсто уверени дека ќе дојдат подобри времиња.