Бегај од лошо друштво!
Катче за младите
Бегај од лошо друштво!
Упатство: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си ги околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови. Живо претстави си ги настаните.
Главни ликови: Дина, Сихем, Јаков, Симеон и Леви.
Кратка содржина: Сихем ја силува Дина, а нејзините разбеснети браќа се одмаздуваат.
1 АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ 1. МОЈСЕЕВА 34:1-31.)
Што мислиш, што правела Дина со своите пријателки од Ханаан?
․․․․․
Што мислиш, со какви зборови Сихем ја убедувал Дина?
․․․․․
Какви чувства открива гласот на Јаков додека ги прекорувал Симеон и Леви, како што дознаваме од 30. стих?
․․․․․
2 РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.
Што мислиш, зошто Дина често одела кај Ханаанките? (На пример, што ѝ било заедничко со нив? Што нашла кај Ханаанците, а не можела да го најде кај својот народ?)
․․․․․
Што ја привлекло Дина кај Сихем? (Повторно прочитај ги стиховите 3, 12 и 19.)
․․․․․
2. стих.)
Како Библијата ни покажува дека Дина не сакала да легне со Сихем? (Повторно прочитај го․․․․․
Што мислиш, дали било исправно тоа што Симеон и Леви ги убиле мажите во градот Сихем за да се одмаздат? Зошто одговараш така?
․․․․․
3 ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА ТОА ДЕКА...
треба мудро да ги избираш своите другари:
․․․․․
треба да се самосовладуваш, дури и кога имаш оправдана причина да бидеш лут:
․․․․․
ДРУГИ ПОУКИ.
Што можеш да направиш за да не бидеш сексуално злоупотребен од луѓе кои не ги почитуваат Божјите морални мерила?
․․․․․
4 ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?
․․․․․
Ако немаш Библија, побарај од Јеховините сведоци. Други библиски публикации можеш да најдеш на www.watchtower.org и на www.pr418.com