Животот во библиски времиња — пари
Животот во библиски времиња — пари
„Седна спроти садовите за прилози и набљудуваше како народот пушта пари во садовите за прилози. Мнозина богати луѓе пуштаа многу. А дојде една сиромашна вдовица и пушти две парички“ (МАРКО 12:41, 42)
ВО БИБЛИЈАТА честопати се спомнуваат пари. На пример, во евангелијата читаме дека Исус се осврнал на различни видови монети за да истакне важни начела. Тој дал една поука кога ја видел вдовицата која пуштила „две парички“ во кутијата со прилози, како што можевме да прочитаме во воведот. Во една друга прилика, Исус посочил една монета позната како денариј за да ги поучи своите ученици каков став треба да имаат кон властите * (Матеј 22:17-21).
Зошто биле измислени парите? Како се изработувале во библиски времиња? За што се користеле? И што учиме од Библијата за ставот што треба да го имаме кон парите?
Од систем на размена до плаќање со благородни метали
Пред да бидат измислени парите, луѓето тргувале користејќи систем на размена. Тие вршеле размена на стоки и услуги со иста вредност. Но, размената не им одговарала секогаш на двете страни. За да се изврши, секој требало да сака да го има она што го нудел другиот. Освен тоа, трговците требало сами да ги носат големите работи, како што биле животните или вреќите со жито.
Со текот на времето, трговците увиделе потреба од средство што ќе можело да се користи и за купување и за продажба на разни стоки. Такво средство биле благородните метали, како златото, среброто и бакарот. На сликата можеш да видиш трговец кој купува некои производи или плаќа некои услуги со помош на благородни метали во облик на накит и шипки. Пред да се изврши размената, тежината на металите била прецизно мерена на точна вага. На пример, кога Авраам купувал гробница за својата сакана жена, Сара, го измерил на вага 1. Мојсеева 23:14-16).
потребното количество сребро (Во времето кога Јехова му го дал на Израел пишаниот закон, алчните трговци користеле лажни ваги или неточни тегови за да ги измамат муштериите. Бидејќи на Јехова му се одвратни таквите нечесни постапки, тој им рекол на Израелците што биле трговци: „Вагата нека ви биде точна, теговите точни“ (3. Мојсеева 19:36; Изреки 11:1). И денес, оние што се занимаваат со трговија треба да имаат на ум дека Јехова не го сменил своето мислење за лакомоста и нечесноста (Малахија 3:6; 1. Коринќаните 6:9, 10).
Изработка на првите монети
Првите монети веројатно биле изработени во Лидија (денешна Турција), некаде пред 700-та год. пр.н.е. За кратко време, занаетчиите што обработувале метали во различни земји почнале со масовна изработка на монети, кои луѓето од земјите што се спомнуваат во Библијата почнале да ги употребуваат.
Како се правеле монетите? Работникот го тргал стопениот метал од печката (1) и го излевал во мали калапи, правејќи на тој начин форми во облик на тркалца (2). Потоа, ги ставал тркалцата меѓу два метални печата на кои биле изгравирани симболи или слики (3). Откако ќе го удрел со чекан горниот печат, сликата се втиснувала врз монетите (4). Од брзање, честопати се случувало сликата да не биде секогаш на средина. Ковачите ги сортирале монетите, ја мереле нивната тежина и, ако имало потреба, го отстранувале вишокот метал (5).
Менувачи на пари, даночници и банкари
Уште во првиот век од н.е., во Палестина се употребувале монети од различни земји. На пример, патниците што оделе во храмот во Ерусалим носеле со себе пари од други земји. Меѓутоа, храмскиот данок се плаќал само со одреден вид монети. Затоа, тука биле менувачите на пари кои честопати барале преголема провизија за извршената услуга. Исус ги осудил овие алчни луѓе. Зошто? Затоа што од Јеховиниот дом направиле „трговска куќа“ и „разбојничка пештера“ (Јован 2:13-16; Матеј 21:12, 13).
Жителите на Палестина морале да плаќаат и други даноци. Еден од нив бил Матеј 22:17). Други даноци биле данокот за патишта и данокот за купување или продавање стока во друга земја. Бидејќи ги биело глас дека се нечесни, даночниците во Палестина биле презрени од луѓето (Марко 2:16). Тие си трупале богатство на сметка на народот така што им земале повеќе пари, кои ги ставале во свој џеб. Меѓутоа, некои даночници, како Закхеј, ја прифатиле пораката на Исус и го смениле своето нечесно однесување (Лука 19:1-10). И денес, секој што сака да биде следбеник на Христос мора да е чесен во сѐ, вклучувајќи ги и деловните односи (Евреите 13:18).
‚данокот на цезарот‘, за кој Исус бил испрашуван од своите противници (Други луѓе кои работеле со пари биле банкарите. Освен што менувале пари од други земји, тие давале заеми и им исплатувале камата на оние што вложувале или штеделе во банката. Исус ги имал на ум ваквите банкари кога ја кажал споредбата за робовите на кои им биле доверени различни суми пари за да тргуваат (Матеј 25:26, 27).
Исправен став кон парите
Во повеќето земји денес, луѓето мораат да заработат пари за да го купат она што им е потребно. Она што пред многу векови го кажал Соломон под водство на светиот дух е точно до ден-денес: „Парите се заштита“. Но, Соломон исто така рекол дека мудроста вреди повеќе од парите затоа што им ‚го чува животот на оние што ја имаат‘ (Проповедник 7:12). Таква мудрост можеме да најдеме во Библијата.
Исус ги поучил своите ученици да имаат урамнотежен став кон парите. Тој им рекол: „Дури и кога некој има во изобилство, неговиот живот не произлегува од она што го поседува“ (Лука 12:15). Исто како учениците на Исус во првиот век, и ние ќе покажеме мудрост ако ракуваме со парите одговорно и чесно и ако не развиваме љубов кон нив (1. Тимотеј 6:9, 10).
[Фуснота]
^ пас. 3 Види ја рамката „Збор-два за монетите“ на 26. страница.
[Рамка/слики на страница 26]
Збор-два за монетите
● Една од најмалите монети што се користеле во Палестина во првиот век била бакарната лепта, позната и како паричка. Работникот заработувал две лепти за 15 минути. Прилогот на вдовицата што го пуштила во храмот веројатно бил две лепти (Марко 12:42).
● Сребрената драхма била грчка монета што се заработувала за еден ден работа (Лука 15:8, 9). Сите мажи кои биле Евреи плаќале годишен храмски данок од две драхми (Матеј 17:24).
● Сребрениот денариј бил римска монета на која се наоѓал ликот на цезарот. Затоа служел како „давачка“ што за време на римската власт требало да ја плати секој возрасен Евреин (Римјаните 13:7). Работодавецот му плаќал на работникот еден денариј за 12-часовна работа (Матеј 20:2-14).
● Во времето на Исус, во Палестина се употребувал сребрениот сикел кој се изработувал во градот Тир. Оние 30 „сребреници“ што главните свештеници му ги дале на Јуда Искариот за предавството на Исус можеби биле вакви сикли (Матеј 26:14-16).
Монети во природна големина