Како да им се спротивставиме на искушенијата
Катче за младите
Како да им се спротивставиме на искушенијата
ЈОСИФ — 1 ДЕЛ
Упатство: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си ги околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови. Живо претстави си ги настаните.
Главни ликови: Јосиф и жената на Петефри.
Кратка содржина: Јосиф му се спротивставува на искушението да легне со жената на Петефри.
1 АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ 1. МОЈСЕЕВА 39:1-12.)
Како си ја замислуваш куќата на Петефри?
․․․․․
Како изгледал Јосиф? (Мала помош: Повторно прочитај го стих 6.)
․․․․․
Какви чувства се насетуваат во гласот на Јосиф додека зборувал со жената на Петефри, како што е запишано во стиховите 8 и 9?
․․․․․
2 РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.
Зошто Јосиф можел лесно да потклекне на искушението да ги погази своите морални мерила? (Мала помош: Прочитај Филипјаните 2:12 и размисли за околностите во кои се нашол Јосиф. На пример, кога му се случило тоа, каде било неговото семејството и другите слуги на Јехова?)
․․․․․
Што мислиш, зошто за Јосиф било грев да направи неморал, кога во тоа време Бог сѐ уште немал дадено закон против прељубата? (Мала помош: Прочитај ги и размислувај за стиховите од 1. Мојсеева 2:24; 12:17, 18; Римјаните 2:14, 15 и Евреите 5:14.)
․․․․․
3 ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...
врската помеѓу самосовладувањето и задржувањето на достоинството:
․․․․․
благословите што ги добиваат оние кои живеат според Божјите морални мерила:
․․․․․
потребата да ја вежбаш својата „моќ на согледување“ (Евреите 5:14):
․․․․․
ДРУГИ ПОУКИ.
Во кои ситуации би можел да бидеш порешителен и да му се спротивставиш на искушението да направиш неморал? (Мала помош: Прочитај ги и размислувај за стиховите од Јов 31:1; Псалм 119:37 и Ефешаните 5:3, 4.)
․․․․․
4 ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?
․․․․․
Ако немаш Библија, побарај од Јеховините сведоци. Други библиски публикации можеш да најдеш на www.watchtower.org и на www.pr418.com