Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Како да ја препознаеш вистинската религија?

Како да ја препознаеш вистинската религија?

Учи од Божјата Реч

Како да ја препознаеш вистинската религија?

Во оваа статија се разгледани прашања за кои можеби си размислувал. Таа ќе ти покаже каде можеш да го најдеш одговорот во твојата Библија. На Јеховините сведоци ќе им биде мило да разговараат со тебе за овие прашања.

1. Дали постои само една вистинска религија?

Исус им зборувал на своите следбеници само за една религија — вистинската религија. Таа е како пат кој води во живот. Во врска со тој пат, Исус рекол: „Малцина го наоѓаат“ (Матеј 7:14). Бог ја прифаќа само онаа религија чии учења се темелат на неговата Реч, која е вистина. Сите слуги на Бог се обединети во една вера. (Прочитај Јован 4:23, 24; 14:6; Ефешаните 4:4, 5.)

2. Зошто толку многу различни религии тврдат дека се христијански?

Лажните пророци го расипале христијанството и го користеле за остварување на своите лични интереси. Како што прорекол Исус, тие се претставуваат како негови „овци“, но се однесуваат како гладни волци (Матеј 7:13-15, 21, 23). Лажното христијанство почнало да цвета особено по смртта на апостолите. (Прочитај Дела 20:29, 30.)

3. Кои се некои обележја на вистинската религија?

Вистинските христијани ја прифаќаат Библијата како Божја Реч. Се трудат да живеат според начелата кои се изнесени во неа. Затоа, вистинската религија се разликува од религиите што се темелат на човечки идеи (Матеј 15:7-9). Вистинските христијани постапуваат во склад со она што го проповедаат. (Прочитај Јован 17:17; 2. Тимотеј 3:16, 17.)

Вистинската религија му оддава чест на Божјето име, Јехова. Исус им го кажувал на другите Божјето име. Им помагал на луѓето да го запознаат Бог и ги поучил да се молат да се свети Божјето име (Матеј 6:9). Таму каде што живееш ти, која религија ги поттикнува луѓето да го користат Божјето име? (Прочитај Јован 17:26; Римјаните 10:13, 14.)

4. Како да ги препознаеш вистинските христијани?

Вистинските христијани проповедаат за Божјето Царство. Бог го испратил Исус да проповеда за Царството. Божјето Царство е единствената надеж за човештвото. Исус не престанал да зборува за него сѐ до денот кога умрел (Лука 4:43; 8:1; 23:42, 43). Тој им рекол на своите следбеници да проповедаат за Божјето Царство. Што мислиш, ако некој ти зборува за Божјето Царство, на која религија ѝ припаѓа? (Прочитај Матеј 10:7; 24:14.)

Исусовите следбеници не се дел од овој злобен свет. Тие не заземаат страна во политиката или во социјалните спорови (Јован 17:16). Исто така, не се поведуваат по расипаните обичаи и ставови што се раширени во овој свет. (Прочитај Јаков 1:27; 4:4.)

5. Кое е главното обележје на вистинските христијани?

Вистинските христијани покажуваат голема љубов еден кон друг. Божјата Реч ги учи да ги почитуваат луѓето без разлика на нивната етничка припадност. Иако лажните религии често ги поддржуваат војните, вистинските христијани не го прават тоа (Михеј 4:1-4). Напротив, тие несебично ги трошат своето време и средства за да им помагаат и да ги охрабруваат другите. (Прочитај Јован 13:34, 35; 1. Јованово 4:20, 21.)

Која религија ги темели сите свои учења на Божјата Реч, му оддава чест на Божјето име и го објавува Божјето Царство како единствена надеж за човештвото? Која религија покажува љубов и не ги поддржува војните? Мнозина ќе се согласат дека тоа се Јеховините сведоци (1. Јованово 3:10-12).

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 15. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци

[Слика на страница 16]

„Тие тврдат дека го познаваат Бог, но се одрекуваат од него со своите дела“ (Тит 1:16)