Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Како да се зближиш со Бог?

Како да се зближиш со Бог?

Учи од Божјата Реч

Како да се зближиш со Бог?

Во оваа статија се разгледани прашања за кои можеби си размислувал. Таа ќе ти покаже каде можеш да го најдеш одговорот во твојата Библија. На Јеховините сведоци ќе им биде мило да разговараат со тебе за овие прашања.

1. Дали Бог ги слуша сите молитви?

Јехова сака луѓето од сите народи да се зближат со него преку молитва (Псалм 65:2). Но, тој не ги слуша сите молитви. На пример, кога Израелците упорно правеле лоши работи, Бог не сакал да ги слуша кога се молеле (Исаија 1:15). Исто така, нема да ги слушне ни молитвите на еден маж што се однесува лошо со својата жена (1. Петрово 3:7). Сепак, Бог ќе ги чуе дури и најголемите грешници ако се каат. (Прочитај 2. Летописи 33:9-13.)

2. Како да се молиме?

За нас е чест да му се молиме на Бог и со тоа да го обожаваме. Треба да му се молиме само на Јехова (Матеј 4:10; 6:9). Затоа што сме несовршени, нашите молитви треба да ги упатуваме во името на Исус, бидејќи за него се вели дека е „патот“ (Јован 14:6). Јехова не сака да повторуваме научени или напишани молитви. Тој сака да му се молиме од срце. (Прочитај Матеј 6:7; Филипјаните 4:6, 7.)

Нашиот Творец може да ги чуе дури и молитвите што ќе ги кажеме во себе (1. Самоилова 1:12, 13). Тој ни вели дека може да му се молиме во секое време — кога ќе станеме, пред да си легнеме, пред да јадеме или кога имаме проблеми. (Прочитај Псалм 55:22; Матеј 15:36.)

3. Зошто христијаните се собираат заедно?

Не е лесно да се зближиме со Бог бидејќи живееме меѓу луѓе кои немаат вера и се потсмеваат на ветувањето за мир на Земјата (2. Тимотеј 3:1, 4; 2. Петрово 3:3, 13). Затоа, треба да се охрабруваме со нашите соверници. (Прочитај Евреите 10:24, 25.)

Можеш да се зближиш со Бог ако си пријател со луѓето што го сакаат. На состаноците на Јеховините сведоци можеме да си ја зајакнуваме верата. (Прочитај Римјаните 1:11, 12.)

4. Како да се зближиш со Бог?

Можеш да му се приближиш на Јехова така што длабоко ќе размислуваш за она што го учиш од неговата Реч. Моли се и размислувај за неговите постапки, закони и ветувања. На тој начин ќе стекнеш длабоко ценење за Божјата љубов и мудрост. (Прочитај Исус Навин 1:8; Псалм 1:1-3.)

Можеш да се зближиш со Бог само ако имаш доверба во него. Но, верата е нешто живо кое мора да го негуваш. Треба постојано да ја храниш на тој начин што ќе размислуваш за причините за твоите верувања. (Прочитај 1. Солуњаните 5:21; Евреите 11:1, 6.)

5. Зошто да се зближиш со Бог?

Јехова се грижи за оние што го сакаат. Тој ги штити од сѐ што може да им ја разниша верата и да им ја уништи надежта за вечен живот (Псалм 91:1, 2, 7-10). Бог нѐ предупредува кои работи можат да го загрозат нашето здравје и нашата среќа. Тој нѐ поучува да го водиме најдобриот начин на живот. (Прочитај Псалм 73:27, 28; Јаков 4:4, 8.)

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 17. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци