Кој навистина владее со светот?
Кој навистина владее со светот?
ВЕРОЈАТНО никогаш не си сретнал водач на некоја криминална организација. Дали тоа значи дека такви луѓе не постојат? Големите босови на мафијата умеат вешто да го скријат својот идентитет, па дури и да дејствуваат додека се зад решетки. Сепак, новинските извештаи за нарко-војните, проституцијата и трговијата со луѓе постојано нѐ потсетуваат на лошото влијание и страшните последици од активностите на таквите криминалци. Трагите што ги оставаат во општеството се доказ дека тие навистина постојат.
Божјата Реч, Библијата, ни открива дека Сатана е вистинска личност. Како некој моќен криминалец, тој ги спроведува своите намери преку „лажни чудесни знаци“ и „неправда и измама“. Всушност, Сатана „се преправа дека е ангел на светлината“, пишува во Библијата (2. Солуњаните 2:9, 10; 2. Коринќаните 11:14). Но, трагите што ги остава зад себе докажуваат дека навистина постои. Сепак, на повеќето луѓе им е тешко да веруваат во постоењето на едно невидливо, злобно духовно суштество. Пред да дознаеме што вели Библијата за Ѓаволот, да разгледаме некои погрешни гледишта заради кои мнозина мислат дека тој не постои.
◼ „Како е можно Бог, кој е добар, да го создаде Ѓаволот?“ Бидејќи Библијата вели дека Бог е добар и совршен, изгледа неразумно да мислиме дека можел да создаде едно злобно, подло суштество. Меѓутоа, во Библијата воопшто не пишува дека Бог создал таква личност. Напротив, во неа стои: „Тој е Карпа, делото му е совршено, зашто сите негови патишта се правда. Тој е верен Бог, без неправда, праведен е и вистинољубив“ (5. Мојсеева 32:4; Псалм 5:4).
Прашањето е дали една совршена личност што е создадена од Бог секогаш ќе постапува исправно. Бог не ги создал живите суштества како роботи, туку им дал слободна волја — способност да донесуваат одлуки. Значи, едно совршено, интелигентно суштество може самото да одлучи дали ќе постапи добро или лошо. Всушност, како морално исправни или погрешни можат да се проценат само постапките на оние созданија кои имаат слободна волја — како што се луѓето и ангелите.
Според тоа, јасно е дека Бог не би им дал на своите созданија слобода да донесуваат одлуки, а во исто време да ги спречува да постапуваат лошо ако самите одлучиле да го направат тоа. Кога Исус рекол дека Ѓаволот ‚не останал постојан во вистината‘, укажал дека тој ја злоупотребил својата слободна волја (Јован 8:44). Овие зборови на Исус јасно покажуваат дека оној што станал Ѓавол во почетокот бил совршено духовно суштество, кое било ‚постојано во вистината‘. * Јехова Бог им дал слободна волја на своите созданија затоа што ги сака и има доверба во нив. (Види ја рамката „Може ли едно совршено суштество да стане несовршено?“ на страница 6.)
◼ „Ѓаволот му е слуга на Бог.“ Некои дошле до ваков заклучок на темел на она што го пишува во библиската книга Јов. Според еден прирачник, зборовите дека Ѓаволот ‚минувал низ земјата и ја обиколувал‘ укажуваат на улогата што ја имале древните персиски шпиони, кои патувале и го известувале својот цар за она што се случувало (Јов 1:7). Меѓутоа, ако Ѓаволот навистина бил Божји шпион, зошто требало да му објаснува на Бог дека ‚минувал низ земјата и ја обиколувал‘? Далеку од тоа да биде прикажан како сојузник на Бог, во извештајот за Јов Ѓаволот е наречен Сатана, што значи „Противник“. Ова покажува дека навистина му е главен Непријател на Бог (Јов 1:6). Тогаш, од каде доаѓа идејата дека Ѓаволот е во служба на Бог?
Уште во првиот век од н.е., во апокрифните книги, како што се „Книгата на Јубилеите“ и „Општи правила“, напишани од кумранската секта, Ѓаволот е прикажан како се расправа со Бог, а сепак е подложен на Божјата волја. Во својата книга Мефистофел (Mephistopheles), историчарот Џ. Б. Расел објаснил дека протестантскиот реформатор Мартин Лутер го сметал Ѓаволот за Божја алатка, „како Јаков 1:13). Поради ова учење и поради ѕверствата што го одбележаа 20 век, многумина не веруваат ниту во Бог ниту во Ѓаволот.
нож за кроење или мотика што Бог ја користи за да ја обработува својата бавча“. Како што вели Расел, „мотиката ужива да го уништува коровот“, но останува во Божјата моќна рака и со тоа ја исполнува Божјата волја. Ова учење на Лутер — кое подоцна го прифатил и францускиот теолог Жан Калвин — го повредило чувството за правда на многу верници. Како е можно еден грижлив Бог не само да го дозволува злото туку и да го предизвикува? (◼ „Ѓаволот е само симбол на злото.“ Ако Ѓаволот е само симбол на злото, би било речиси невозможно да се разберат некои библиски стихови. На пример, на кого му се обратил Бог во разговорот што е запишан во Јов 2:3-6? Дали му зборувал на некое зло што се криело во Јов, или можеби си зборувал себеси? Освен тоа, дали Бог во еден момент би ги величал доблестите на Јов, а во друг би дозволил Јов да биде испитан од злото? Ако на Бог му се припишат такви мотиви, тоа би значело дека е неправеден, а не е некој ‚во кого нема неправда‘ (Псалм 92:15). Сосема спротивно на тоа, Бог не сакал ‚да ја пружи раката‘ и да му наштети на Јов. Значи, Ѓаволот не е само симбол на злото или темната страна на Божјата личност, туку духовно суштество кое свесно одлучило да му стане непријател на Бог.
Кој владее со светот?
Денес, мнозина сметаат дека е старомодно да се верува во Ѓавол. Меѓутоа, злото кое е наша сурова реалност, не може да се објасни со ништо друго освен со тоа дека зад него стои Ѓаволот. Всушност, бидејќи се негира постоењето на Ѓавол, многу луѓе го отфрлаат Бог и не почитуваат никакви морални мерила.
„Најголемата измама на Ѓаволот е да нѐ убеди дека не постои“, напишал Шарл Пјер Бодлер, поет од 19 век. Со тоа што го скрил својот идентитет, Ѓаволот посеал сомнежи и во постоењето на Бог. Освен тоа, ако Ѓаволот не постои, тогаш би испаднало дека Бог е виновен за сето зло. Ѓаволот сака луѓето да веруваат токму во тоа.
Исто како еден голем бос на мафијата, Ѓаволот го крие својот идентитет за да ја постигне својата цел. Која е таа? Одговорот го наоѓаме во Библијата: „Богот на овој свет им ги заслепил неверничките умови за да не продре до нив светлината на славната добра вест за Христос, кој е слика на Бог“ (2. Коринќаните 4:4).
Останува едно важно прашање. Што ќе направи Бог со овој таен владетел кој стои зад сите зла и страдања во светот? Тоа ќе го разгледаме во следната статија.
[Фуснота]
^ пас. 6 За да дознаеш зошто Бог не ѝ ставил веднаш крај на побуната на Ѓаволот, прочитај го 11. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.
[Истакната мисла на страница 5]
Ѓаволот е слуга или противник на Бог?
[Рамка/слика на страница 6]
Може ли едно совршено суштество да стане несовршено?
Совршенството што Бог им го дал на своите созданија обдарени со разум било релативно. Иако Адам бил создаден како совршен човек, тој требало да ги почитува физичките ограничувања што му ги поставил Творецот. На пример, не можел да јаде земја, песок или дрво без да има последици. Ако го игнорирал законот за гравитација и скокнел од висока карпа, ќе умрел или ќе се повредел.
Слично на тоа, ниедно совршено суштество — ниту човек ниту ангел — не може да ги пречекори моралните граници што ги поставил Бог без да претрпи лоши последици. Според тоа, кога едно суштество обдарено со разум ќе ја злоупотреби својата слободна волја, лесно паѓа во грев (1. Мојсеева 1:29; Матеј 4:4).