Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Лажно обвинет!

Лажно обвинет!

Катче за младите

Лажно обвинет!

ЈОСИФ — 2 ДЕЛ

Упатство: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си ги околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови. Живо претстави си ги настаните.

Главни ликови: Јосиф, Петефри и неговата жена.

Кратка содржина: Јосиф е неправедно затворен, но Јехова е со него.

1 АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ 1. МОЈСЕЕВА 39:7, 10-23.)

Какви чувства открива гласот на Петефриевата жена додека лажно го обвинува Јосиф?

․․․․․

Како си го замислуваш затворот?

․․․․․

Со што се соочил Јосиф во затворот? (Мала помош: Види Псалм 105:17, 18.)

․․․․․

2 РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.

Ако немал цврста вера, до каков погрешен заклучок ќе дошол Јосиф додека бил во затворот? (Мала помош: Види Јов 30:20, 21.)

․․․․․

Од каде знаеме дека Јосиф не го обвинувал Јехова за своите страдања? (Мала помош: Види 1. Мојсеева 40:8; 41:15, 16.)

․․․․․

Кои особини му помогнале на Јосиф да ги поднесе неправдите? (Мала помош: Прочитај ги и размислувај за стиховите од Михеј 7:7; Лука 14:11 и Јаков 1:4.)

․․․․․

Кои особини ги стекнал Јосиф во затворот, и како тие му користеле подоцна во животот? (Мала помош: Види 1. Мојсеева 39:21-23; 41:38-43.)

․․․․․

3 ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...

благословите што ги имаат оние кои ќе истраат:

․․․․․

особините што ќе ги стекнеш додека се соочуваш со тешкотии:

․․․․․

начинот на кој ќе ти помогне Јехова кога ќе се најдеш во искушение:

․․․․․

ДРУГИ ПОУКИ.

Дали си се нашол во ситуација кога ти било тешко, а немало кој да ти помогне? Како те зајакнал Јехова во тие моменти? (Мала помош: Прочитај и размисли за 1. Коринќаните 10:13.)

․․․․․

4 ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?

․․․․․

Ако немаш Библија, побарај од Јеховините сведоци. Други библиски публикации можеш да најдеш на www.watchtower.org и на www.pr418.com