Вистината може да ти го промени животот
Вистината може да ти го промени животот
МОЖЕБИ си чул или, пак, си бил поучуван за некоја од лагите за Бог што беа разоткриени во овие статии. Сепак, можеби не ти е лесно да ги промениш своите верувања, особено ако си се држел за нив долго време.
Тоа е сосема разбирливо. Некои цркви ги спречуваат верниците да ги споредат своите верувања со она што стои во Библијата. Други се обидуваат да застанат во одбрана на лажните доктрини, велејќи дека Библијата е тешка книга која не може секој да ја разбере. Сепак, повеќето ученици на Исус биле обични луѓе без високо образование, но веднаш ги сфатиле неговите поуки (Дела 4:13).
Можеби не сакаш да ги преиспиташ своите верувања и затоа што си мислиш дека така би покажал слаба вера. Но, дали има смисла Бог да ти се лути ако ја читаш Библијата — неговата порака до луѓето — за да сфатиш што бара од тебе? Напротив, неговата Реч те поттикнува да го истражуваш Светото писмо за ‚да утврдиш која е Божјата волја — што е добро, прифатливо и совршено‘ (Римјаните 12:2).
Тоа што ќе ја дознаеш вистината за Бог нема само да го збогати твоето знаење туку може и да ти го промени животот (Јован 8:32). Дајен, спомната во првата статија, стекнала вера во Божјата Реч. Таа вели: „Немав поим дека Библијата е толку јасна сѐ додека не почнав да ја проучувам. Сега го познавам Јехова, но не како некој далечен Бог, туку како мој грижлив небесен Татко. Најдов вистинска смисла во животот“.
Можеби веќе си ја читал Библијата, но не си видел некаква голема корист од тоа. Ако е така, не откажувај се. Да се обидуваш да ја разбереш Библијата откако претходно ти биле кажувани лаги за Бог е исто како да се обидуваш да составиш сложувалка водејќи се по погрешна слика. Можеби ќе успееш да составиш некои делчиња, но ќе се откажеш кога тие нема да се совпаднат со сликата што ти е дадена. Меѓутоа, ако се водиш по вистинската слика, секое делче ќе си дојде на своето место.
Би сакал ли да ја дознаеш вистината за Бог? Стапи во контакт со Јеховините сведоци во твоето место или пиши на најблиската адреса што се наоѓа на 4. страница од ова списание и замоли некој да ја проучува Библијата со тебе.
[Истакната мисла на страница 9]
„Да утврдите која е Божјата волја — што е добро, прифатливо и совршено“ (РИМЈАНИТЕ 12:2)